Џек Расел териерот е мал териер чиишто корени потекнуваат од ловот на лисици; крзното обично му е бело и мазно, или рапаво и остро. Често го мешаат со Парсон Расел териер (види Американско кинолошко друштво American Kennel Club) и со Расел териер, раса која е понабиена и со покуси нозе. Меѓународнiot кинолошки сојуз расел териерот го нарекува и Џек расел териер). Терминот „Џек расел“ честопати погрешно се употребува и за други мали бели териери.

Џек Расел е широка раса, со големина од 25 до 38 см. Парсон раселот е ограничен само на средна просечна големина од 30 до 36 см, додека Расел териерот е помал, со голенмина од 20 до 30 см. Секоја раса има различни физички пропорции во согласност со стандардите на одредени кинолошки друштва.

Џек Раселот е енергична раса која бара висок степен на вежбање и стимулација и нема здравствени проблеми. Бидејќи потекнува од кучиња одгледани и донесени од страна на Ревренд Џон Расел на почетокот на 19 век, Џек Раселот има слично потекло како и современиот Фокс териер. Џек Раселот поминал низ неколку промени во текот на годините како резултат на различните стандарди на употреба и од различните стандарди поставени од страна на кинолошките друштва. Друштвата за матични раси се спротивставуваат на признавањето на расата Џек Расел од страна на кинолошките бдруштва – што резултира со одгледување и признавање на Парсон расел териерот. Џек Раселот е вид куче кое многупати се појавува на филм, на телевизија и во весници, честопати и со различни историски податоци за истото.

Историја Спортски парсон Денешните мали бели и вредни фокс териери се донесени од страна на Реверенд Џон Расел, силен приврзаник на свештенството и на ловот, роден во 1975 година, а тие водат потекло од сега изумрениот Англискиот бел териер. Тешкотиите да се направи разлика помеѓу дивечот и кучето што тоа го прогонувало довеле до потребата за претежно бело куче, па така во 1819 за време на неговите последни години од студирањето на колеџот Екстер во Оксфорд, Џон Расел од некој млекар од околно мало селце на Естфилд, купил мал бел и жолто-кафеав женски териер кој се викал Трамп. Трамп бил олицетворение на идеален Фокс териер, којшто во тоа време, бил поим за секој териер што бил користен да ги вади лисиците од дувлата. Бојата на Трамп била опишувана како „... бела со темна жолто-кафеава дамка на двете очи и уши; а слична точка, не поголема од паричка го обележува почетокот на опашката“. Дејвис, пријател на Расел, напишал: „Трамп беше такво животно, какво што Расел беше видел само во соништата“. Трамп била основата за создавање на расен териер со висока издрлжливост за ловење и со храброст да вади лисици што се скриле под земја. До 1850. оваие кучиња биле признавани како посебна раса. Важна одлика за ова куче е цврстата агресивност која го наведува да прогонува и откопува лисици без физички да го повреди пленот и ефикасно да го заврши ловот. За Расел се велело дека е многу горд бидејќи неговите териери никогаш не вкусиле крв. Овој вид териери со овие квалитети бил добро почитуван, а неговите кучиња често биле барани од приврзаниците на ловот. Сепак, неверојатен е фактот што секое вакво куче што постои денес потекнува од Трамп, со тоа што Расел бил принуден во повеќе пригоди да ги продаде сите свои кучиња заради финансиски проблеми, и кога умрел во 1883. имал само четиригодишни (не размножени) териери. Сите денешните кучиња Фокс териер и Џек Расел териер потекнуваат од тој период, и педигреа документирани пред 1862 не се најдени. Од документираните размножувања направени од страна на Џон Расел помеѓу 1860. и 1880. останати се само неколку. Кинолошкото друштво Фокс Расел е формирано во 1875, а Расел бил еден од членовите основачи; а неговиот стандард за расате не бил вистински опис расата што тогаш се појавила, туку бил копнеж. До почетокот на 20. век Фокс териерот се променил и повеќе наликувал на современата раса, но во некои делови од земјата останал стариот вид на териери на Џон Расел, а од тие кучиња потекнува современиот вид на Џек Расел териер. Многу раси имаат потекло од првобитниот Фокс териер од овој период, вклучувајќи ги Бразилскиот териер, Јапонскиот териер, минијатурниот Фокс териер, Ратонеро бондегеро андалусот, Рат териерот и Тентерфилд териерот.

По Џон Расел По смртта на Џон Расел, единствените луѓе кои ги продолжиле неговите напори биле двајца мажи, еден во Чиселхарст кој се презивал Ист и друг во Корнвол кој се викал Арчер. Ист, некој период, имал неколку кучиња, од кои сите потекнувале од едно од кучињата на Расел. Типот кучиња кон кој се стремеле тие, не биле толку големи колку што бил Фокс териерот, и обично тежеле помалку од 15 фунти (). Артур Блејк Хајнеман го создал првиот стандард на расата, и во 1894 го формирал клубот за јазовци Девон и Соместер, чија цел била да му се даде повеќе значење на ловењето јазовци отколку на ловењето лисици, и истовремено на одгледувањето на териерите соодветни за оваа намена. Териерите биле добиени од страна на Николас Сноу од Оар и веројатно потекнувале од кучињата на Расел, бидејќи Расел веројатно некогаш ловел во ловџискиот клуб на Сноу и веројатно создавал некои од нивните оригинални териери. Сè до крајот на 20. век името на Расел се поврзувало со оваа раса. Клубот опстојува и е преименуван во Парсон Џек Расел Териер клуб. За ловење јазовци со копање, за разлика од ловењето лисици имало потреба од друг вид куче, а веројатно е дека Бул-териерот бил неопходен за да ја зајакне расата, со што можеби, во овој период, било предизвикано создавањето на кучињата од видот Џек Расел териер кои се со покуси нозе. Истовремено кога дошло до поделбата помеѓу Фокс-териерите наменети за изложба и Фокс-териерите наменети за лов, понатаму дошло до уште една поделба помеѓу два различни вида бели териери, од кои и двата го носеле името на Расел. Хајнеман бил поканет на Крафтс (годишно меѓународно првенство за изложба на кучиња) да ги оценува класите на териери наменети за лов со цел да ги врати во изложбениот круг и да го издејствува тоа кај оние кои ги запоставувале работните способности на кучињата. Оценувањето на овие класи било продолжено уште неколку години од страна на различни судии, но Чарлс Крафт се спротивставил на овој обид, па така тие никогаш натпреварувале на солидно ниво. По смртта на Крафт во 1930., раководството на кинолошкото друштво го предава друштвото на Ени Харис, но пред почетокот на Втората светска војна работата на друштвото згаснува.

По Втората светска војна По Втората светска војна потребата од ловџиски кучиња драстично се намалила, а со тоа се намалил и бројот на Џек Раселите. Кучињата сè повеќе се користеле како домашни миленичиња. Покрај тоа, оваа раса почнува да се вкрстува со Велшкиот коргис, Чивавата и со други помали раси – териери. Американскиот клуб за Џек Расел териер е формиран во 1976 од страна на Алиса Крауфорд, една од првите одгледувачки на Џек Расел териер во Соединетите Американски Држави. Опсегот на подрачјето за размножување на кучиња било отворено, со можност работните кучиња да бидат подобро наградувани од оние кучиња наменети за изложби. Тогаш се одржувала регистрација со ограничен број размножувања. Регистрацијата на Џек Расел териерите во клубот не се спроведувала кога кучињата ќе се родат туку кога се тие веќе зрели, за да постои гаранција дека квалитетите на расата останале исти како и при отворената регистрација. Во текот на 70. години во Обединетото Кралство се појавиле неколку клубови за расни кучиња, вклучувајќи го Џек Расел клубот од Обединетото Кралство (ЏРКОК) и Југоисточниот Џек Расел клуб (ЈЏРК). ЏРКОК ја промовирала големината на подрачјето на размножување кое и денес е со истите стандарди, а пак ЈЏРК поставил норма за минимална висина на кучиња од 33 см. Додека ЏРКОК се обидува да се осигура дека работните способности на расите останале и исти при непризнавањето во регистрите за раси, ЈЏРК се обидува да добие признание од кинолошкото друштво на Обединетотот Кралство. Во 1983. клубот Парсон Расел Териер од Обединетото Кралство (ПРТОК) повторно бил регистриран со цел повторно да бара признавање на расата од кинолошкото друштво. Иако пријавата првично била одбиена, биле формирани нови стандарди за ПРТОК засновани на стандардите на ЈЏРК, и врз основа на тие стандарди во 1990. расата од страна на кинолошкото друштво била признаена како Парсон Џек Расел териер. Називот Џек бил отстранет од официјалното име во 1999., а општо познато име на расата станало Парсон Расел териер. Во доцните 1990., американското кинолошко друштво ја разгледало можноста за признавање на Џек Расел териерот како раса. Овој потег бил оспоруван од страна на Џек Расел териер клубот од Америка, бидејќи тие не сакале расата да ги изгуби неопходните работни одлики. Но се формира Асоцијацијата за одгледувачи на Џек Расел териер, и е потпишана петиција против Американското кинолошко друштво заради признавање на расата, кое е доделено во 2001. Во одобрените стандарди од страна на Американското кинолошко друштво, големината на расата била намалена од претходните стандарди на клубот, а името Џек Расел териер признато од страна на Американското кинолошко друштво било заменето со Парсон Расел териер, а асоцијацијата за одгледувачи на Џек Расел териери била преименувана во Парсон Расел териер асоцијација од Америка. Националниот австралиски кинолошки совет (НАКС) и кинолошкиот клуб од Нов Зеланд (ККНЗ), се национални кинолошки асоцијации кои ги регистрираат и Џек Расел териерот и Парсон Расел териерот, без оглед на барањата за големината на Џек Расел териерите. Овие два стандарда, во Соединетите американски држави би определиле еден вид куче именувано како Расел териер.

Опис Заради тоа што по природа се работливи, Џек Расел териерите останале скоро исти како што биле и пред околу 200 години. Тие се силни, жилави и истрајни, со должина на гребенот од 25 до 38 см и тежина од 6,4 – 8,2 кг. Должината на телото мора да биде пропорционална со висината, а кучето мора да претставува компактна, избалансирана слика. Тие се претежно бели по боја (повеќе од 51%) со црни и/или жолто-кафеави дамки, влакното им е мазно или рапаво, или комбиниација од двете што е познато како остро влакно. Кучето со остро влакно може да има и подолги влакна на опашката или на лицето од кучињата со мазно влакно. Понекогаш на кожата може да се појават шари од мали, црни или кафеави точки, познати како „точкички“ кои не се појавуваат на надворешноста од влакното. Сите овие видови влакна треба да се дупли, густи влакна кои ниту се свиленкасти (кај кучиња со мазно влакно) ниту меки (кај кучињата со рапаво влакно). Главата треба треба да има умерена ширина кај ушите, стеснувајќи сè до очите, и малку рамна помеѓу ушите. Треба да има умерен но не премногу изразит прекин кај муцката каде што се спојува со главата и црниот нос. Вилицата треба да биде цврста, добро окостена со остар загриз и со прави заби. Очите се во форма на бадем и со темна боја, и полни се со живот и интелегенција. Ушите се мали во форма на буквата В (V –латинично) со умерена дебелина и стојат нанапред. Кога кучето е возбудено, врвот на ушите не треба да се рашири покрај надворешниот агол на очите. Опашката стои високо, а порано се скратувала приближно околу 13 см, за да се може да се опфати со рака кога треба да се повлече териерот. Џек Раселот секогаш треба да изгледа балансиран и подготвен. Бидејќи пред сè тоа е териер со работни способности, неговата најважна физичка одлика е големината на градите, која не смее да биде премногу голема за да не го спречува кучето да влегува и копа во дупки. Црвената лисица е вообичаениот плен на Џек Расел териерот, па така Џек Раселот со работни способности мора да биде доволно мал за да ја гони. Црвените лисици се различни по големина, но низ светот тие просечно тежат од 13 до 17 фунти (5,9 до 7,7кг), а просечната големина на градите на најширокиот дел им е од 30–36 см.

Разлики со слични раси