Исар Кале познато и како Маркова Кула или само Кулата — археолошко наоѓалиште во Валандово. Претставува градиште од доцноантичкото време и средниот век.

Наоѓалиштето претставува културно наследство на Македонија.

Местоположба

Наоѓалиштето лежи на 1,8 км северозападно од градот, на височинка што доминира над околината.

Историја

Бил прогласен за културно наследство на Македонија со решение од 14 јули 1953 година од страна на Централниот завод во Скопје.

Опис

На наоѓалиштето се гледаат остатоци од одбранбен бедем, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, градежен материјал и монети.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Зелениште — некропола од раноантичко време; Стакина Чешма — населба од римско време; Манастириште — некропола од доцноантичко време; Валандово; и Список на археолошки наоѓалишта во Валандовско.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Укрепено селиште Алавандово Маркова Кула - Валандово

Категорија:Валандово