мини|Различни чевли изложени во Нордискиот музеј, вклучувајќи модели од 1700 до 1960-тите.

Чевелот претставува дел од обувките чијашто намена е да го штити и да му овозможи удобност на човечкото стапало за време на различните активности. Чевлите исто така се користат како предмет за декор.Моделот на чевлите низ времето многу се разликува, од култура на култура, а првичниот изглед се поврзува со нивната намена. Модата дополнително наметнува многу дизајн елементи , како тоа дали чевлите ќе имаат многу високи потпетици или ќе бидат рамни. Обувките се разликуваат по стилот сложеноста и цената. Основните сандали се соsтојат само од тенок ѓон и едноставно ремче. Чевлите кои припаѓаат на високата мода можат да бидат направени од многу скапи материјали како и да имаат сложен начин на изработка, па истите се продаваат за илјадници долари по пар. Други чевли имаат многу специфична намена, како чизмитекои се специјално дизајнирани запланинарење илискијање.

Чевлите традиционално се изработувале од кожа, дрво или платно, но сега сè повеќе се изработуваат од синтеттичка гума, пластика и други петрохемиски-добиени маетријали.

Стапалото содржи повеќе коски од било кој друг дел на човековото тело. И покрај тоа што се развивало преку стотици илјади години во однос на огромното разновидно земјиште и климатските услови, стапалото сè уште е чувтвително на околните опаснотси како што се острите карпи и жешката почва , од кои обувките можат да не заштитат.

Историја

Најстарите познати чевли се сандалите кои датираат од околу 7000 или 8000 г. Пред нашата ера, пронајдени во пештерата Форт Рок во американскатадржава Орегон во 1938 г. Најстариот кожен чевел,во светот , направен од едно парче воловка кожа врзано со кожна врвка која е зашиена од крај на крај , напред и назад бил пронадјден во пештера во Ерменија во 2008 година и се верува дека датира 3500 г. п.н.е . Reported in (among others) Чевлите на Ледениот човек Оци кои датираат од 3300 годинини п.н.е имале карактеристична кафеава основа од мечкина кожа , странични плочи од еленска кожа и мрежа направена од кожни врвки , коишто се затегнати околу стапалата. Сепак се предвидува дека обувки се користеле уште многу одамна , но тешко е да се најдат докази за најстарите обувки поради високо трошливата природа на првобитните обувки. Со изучувањето на коските на најмалите прсит (во однос на големиот прст ) било забележано дека дебелината се намалува приближно од пред 40 000 годинини до пред 26 000 години. Ова ги водело археолозитеда заклучат дека носењето обувки резултира со помал раст на коските , и како резултат на тоа пократки и послаби прсти. Овие најстари модели имале могу едноставен концепт , често биле наречени само "Торби за стапала" изработени од кожа за да ги заштитат стапалата од карпите , отпадоците и студот .Тие често се пронајдени во места со поладна клима.

Многу од раните домородци во Северна Америка носеле сличен тип на обувки како мокасинките. Нивните обувки биле припиени , со мек ѓон , вообичаено направени од кожа или од кожа од бизон .Исто така , многу мокасинки биле украсени со најрзлични монистри (зрнца) и други украси .Мокасинките не биле дизајнирани за да се воденат , па во влажно време и за време на топлите лета поголемиот дел од домородците во Америка биле боси.

Како штоцивилизациитепочнале да се развиваат се носеле, апостолки (претходниците на денешните јадранки).Ова знаење датира од сликите во стариот Египет од околу 4,000 г.п.н.е. Еден пар којшто бил пронајден во Европа бил направен од листови од папирус Јагленот датира е стар околку 1500 г.Тие исто така биле носени и во Ерусалим во времето на Исус Христос. Многу цивилизации и народи ги носеле јадранките кои се изработувале од најразлични видови материјали.Старите египетски сандали биле направени од папирус и палмови лисја.Луѓето Масаи од Африкаги изработувал јадранките од сурова кожа. Во Индија, се изработувале од дрво.Во Кина и Јапонија, се користеле оризови сламки. Листовите од растението Американска Агава се користеле за да се направи конец за сандалите во Јужна Америка, додека домородците во Мексикоза истото го користеле растението Јука.

Јадранките често се носеле, но многу луѓе во античкото време: Египќаните, Хиндите и Грците немале потреба од обувки и голем дел од времето претпочитале да бидат боси.Египќаните и Хиндите користеле украсени обувки , како сандалите без ѓон познати како "Клеопатра" коишто не овозможувале никаква практична зачтита за стапалото.Старите Грци ги сметале обувките за хедонистички , не естетски и не потребни .Чевлите првично се носеле во театар, со цел да се зголеми угледот , иако многу предпочитале да одат боси. Атлетичарите во античките олимписки игри учествувале боси и голи. Дури и боговите и хероите во прво време биле насликувани боси како и војниците со оклопи кои се бореле боси , па така Александар Велики ја освоил својата империја со босонога армија.Тркачите во антчка Грција исто така се верува дека трчале боси.Pheidippides првиот маратонец кој истрчал од Атина до Спарта за помалку од 36 часа. После битката на маратонот , тој истрчал право од бојното поле до Атина да ги зивести атињаните за победата.

Античките Римјани, кои речиси ги освоиле Грците и прифатиле голем дел од нивната култура , не го прифатиле грчкото гледиште за обувките и облеката.Римјанската облека била гледана како знак за моќност, а обувките биле потреба за живот во цивилизираниот свет , иако робовите и сиромашните често биле боси. Постојат многу мислења за носењето чевли и во Библијата.За време на венчавките од тој период, таткото му давал на својот зет пар чевли за да го симболизира предавањето на авторитетот. Робовитеисто така биле боси , и чевлите ги сметале за симбол на слобода од библиско време:

Во Пиринеите за време на средниот век биле еспадрилите биле секојденвни чевли.Тие се сандали со порабени ѓонови од јута , и фабрички горен дел , често содржеле фабрички врвки кои се врзувале околу зглобот.Зборот е француски и доаѓа од еспарто трева (цврста треба за правење јажиња и квалитетна хартија) чевлите потекнуваат од Каталонскиот регион на Шпанија , од раниот 13 век каде селаните во земјоделсите заедници често ги носеле .

До 15 век наланите станале популарни ,и кај мажите и кај жените во Европа .Често се смета дека тие се предци на модерните чевли со висока потпетица, додека сиромашните и ниските калси во Европа како и робовите во Новиот Свет биле боси. Во 15 век чевлите биле популарни во Краков во Европа.Овој модел на чевли е наречен така биејќи се смета дека потекнува од Краков-главниот град на Полска.Моделот е карактериситчен по врвот на чевлите , познат како “polaine” којшто често бил накрепен со китова коска прицврстена за колентот за да го спречи паѓањето на врвот во одење. Исто така за време на 15-тито век биле создадени женските чевли со дебел и висок ѓон од 17.7 до 20.3 сантиметри.Овие чевли станале популарни во Венеција и низ цела Европа како симбол за статусот откривајќи го богатството и позицијата во општеството.За време на XVI век богатите започнале да носат чевли со висока потпетица за да ги направат да изгледаат повисоки или поголеми од животот како Catherine de Medici или Mary Iод Англија . До 1580 година ги носеле дури и мажите и авторитетните и богати личности , често им се обраќале со терминот "well-heeled".

Многу средновековни чевли биле направени со користење на методот за изработка на чевли со завртување , каде горниот надворешен дел била поставен на страната на кожата која е споена со месото(одпревртена кожа ) , прицвртена со ѓонот и работ со шевови.Подоцна овој чевел се превртувал така што внатрешниот дел станувал надворешен ио обратно , така што фино обработениот дел од кожата (каде се отстранети влакната ) ја претставувал надворешноста.Некои чевли биле создадени од шаторски крила со копчиња или шнурови да ја прицвртат кожата околу стапалото за подоброд а стои.Методот на завртување на чевлите бил заменет со методот со порабување околу 1500-тата година.

Најпосле бил измислен модерниот чевел со ѓон кој се шиел.Од XVII-иот век , повеќето кожни чевли имале ѓон кој се сошивувал.Ова станало стандард за фините и квалитени денешни левли за посебни пригоди.До 1800-тата чевлите се изработувале без да с еправи разлилка меѓу левото и десно стапало.Таквите левли сега се нарекуваат "Обични, старомодни" . Модерните чевли постепено станале стандард.

Од половината на XX век напредокот на гумата , пластиката синтетиката облека и индустриските лепила им овозможиле на произведувачите да создаваат чевли кои значително се разликуваат од оние изработени со традиционалните занаетчиски техники.Кожата која била основниот материјал за изработка во прво време , станала стандард за скапите вечерни чевли , но и спортските чевли често имале малку или воопшто немале кожа.Ѓоновите кои некогаш биле рачно шиени , сега многу често се шијат машински или едноставно се лепат.Многу од поновите материјали , како гумата и пластиката , ги направиле чевлите да бидат помалку био разградливи.Се проценува дека на повеќето масовно произведени чевли им се потребни илјада години за да се разградат во депонија. Во доцните 2000-ти години , некои изработувачи на чевли ја подигнале свеста за тоа прашање и започнале да произведуваат чевли кои целосно биле направени од разградиливи материјали како компанијата Nike.

Во 2007, глобалната индустрија за обувки направила вкупен промет од 107.4 билиони долари приход,и се очекува да се зголеми до 122.9 билиони до крајот на 2012-та год.Произведувачите на чевли во Кина се одговорни за 63% од производстрвото , 43,5 % од целосниот извоз и 55 % од индустрискиотприход.

Култура и Фолклор

Чевлите како составен дел на човечката култура и цивилизација , си го нашле местото во нашата култура , фолклор и уметност.Популарениот детски стих од 18 век е : Постоеше една Стара Жена која живееше во Чевел. Оваа приказна ни кажува за некоја стара жена коај живеела во чевел заедно со многу деца.Во 1948 г. Mahlon Haines , продавач на чевли во Hallam, Pensylvania изградил вистинска куќа во форма на чизма како вид на реклама .Куќата за чевли се издавала на малдоженци и луѓе во години сè до неговата смрт во 1962 година.Од тогаш таа служи како салон за сладолед , сместувње и доручек и како музеј.Сè уште постои и претставува популарна атракција на патот на кој се наоѓа.

Чевлите играат важна улога и во бајките ,Пепелашка и Црвените Чевли.Во детската книга и филм , Волшебникот од Оз , пар црвено рубин папучи играат клучна улога во целата приказна.Комедијата од 1985 година “Човекот со еден црвен чевел “ опишува ексцентричен маж кој носи еден нормален чевел и еден црвен чевел кој подоцна станува централен предмет на приказната.

Спортската колекција на патики исто така постои како дел од урбаната подкултура во САД веќе неколку децении. Оваа мода во пследните децении се проширила и кај Европските нации како што е Чешка. Sneakerhead е човек којшто поседува повеќе пара чевли во вид на колекција .Придонесувач на колекционирањето патики е континуираната светска линија на Air Jordan патиките дизајнирани од Nike за кошаркарската ѕвезда Мајкл Џордан.

Во Стариот завет на Бибијата чевелот симболизира нешто што е безвредно или мала вредност.Во Новиот завет чинот на соблекување на чевлата на некој симболизира ропство.Семитите врз чинот на соблекување на чевлите гледале како доказ на почит при приближување , пристапување кон света личност или место. Во книгата за масовно отселување, на Мојсеј му беше кажано да ги соблече чевлите пред да се приближи кон грмушката која горела:

Соблекувањето на чевелот истот ака симболизира и откажување на легалното право.Во Хебрејските обичаи вдовицата го соблекувала чевелот на братот на починатиот маж за да симболизира дека тој ја има напуштено неговата одговорност.Во арапските обичаи , соблекувањето на нечиј чевел исто така симболизира крај на бракот.The removal of the shoe also symbolizes the act of giving up a legal right.