__БЕЗСОДРЖИНА__
мини|десно|250п|Гробот на Кокалески (најлево) заедно со оние на поп Мартин Петров Димковски, архимандрит Теофил Аврамов Жунгулоски и поп Серафим Мартинов Димковски пред црквата „Св. Ѓорѓи“. Ѓурчин Илиов Кокалески наречен Ѓурчин Кокале (1775 — 1863) — еден од првите македонски преродбеници и општественици. Бил истакнат големопоседник, трговец, кнез, ктитор и писател. Автор е на првиот македонски автобиографски текст на народен јазик и словенското писмо под наслов „Наказание“.„Кокалески, Ѓурчин“.
Кокалески е роден во 1775 г. во Лазарополе. Во младоста изучил повеќе занаети, а кога почнува да се занимава со сточарство станува ќаја. Подоцна основа карашица (1801) и е меѓу првите организатори на сточарска производна задруга. Бил претставник на мануфактурната индустрија и земјиштен големопоседник, а се занимавал и со лихварство и трговија. На општествен план, бил заштитник на христијаните и борец против грчката културна доминација.
Кокалески добил прием кај султанот, од кого добил дозвола за градење црква и џамија, за постојано носење оружје и ферман со кој се уредуваат давачките во неговиот крај. Покрај тоа, зачуван е ферманот со кој добива законското право да биде кнез и воен заповедник на својот крај со цел да го штити од одметници и добива членство во покраинското собрание. Во родниот крај финансира изградба, зографисување и снабдување со црковнословенски книги на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Лазарополе, во која било основано и првото лазарополско основно училиште (1841). Гради џамија во берското село Либаново околу Солунскиот Залив, помага во обновата на манастирот „Св. Пречиста“ кај Кичево, му помага на манастирот „Св. Јован Бигорски“, како и при изградбата на храмот во с. Росоки (1836). Имал свој престол во лазарополската црква на кој редовно седел.
Починал во 1863 г. во Лазарополе и погребан во дворот до олтарот на матичната црква по барање на народот. Во мијачките песни и преданија е запаметен како јунак.
Поврзано Томо Томоски Сарџо Караџа Брадина Преродбеништво Развој на буржоазијата во Македонија
Библиографија Александар Матковски, „Ѓурчин Кокалески: 1775-1863“, Скопје, Институт за национална историја, 1959
Наводи
Надворешни врски
Биографија на Кокалески и извадоци од личниот летопис во Наказаието — Македонска нација Страница за животот и делото на Ѓурчин Илиов Кокалески Страница за „Наказанието“ на Ѓурчин Кокалески
Категорија:Македонски преродбеници Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски кнезови Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Македонски трговци Категорија:Мијаци Категорија:Родени во 1775 година Категорија:Починати во 1863 година Категорија:Луѓе од Лазарополе Категорија:Македонски општественици