Ајзак Кофи (роден на 20 септември 1991 година) — фудбалер од Гана, играч од средниот ред на Карпи на заем од Џенова.
Клупска кариера Џенова Кофи ја започнал својата кариера во екипата на Џенова во која дошол од Гана на рана возраст. Тој го направил своето деби во Серија А за Џенова на 2 мај 2010 година, кога влегол во игра во 64-тата минута како замена за Алберто Запатер во натпреварот против Бари на Сан Никола, кој неговиот тим го загубил со 3-0.
Сезона 2010-11; Настапите на заем кај Торино и Пјаченца Откако направил своето деби во Серија А за Џенова, следната сезона тој заминал на заем во Торино во Серија Б со цел да се здобие со поголемо искуство играјќи за првиот тим. Тука не му била укажана шанса и одиграл само 6 минути во првиот дел од сезоната, по што заемот бил прекинат и Кофи се вратил во Џенова за кратко. На 4 јануари 2011, тој бил пратен на заем во друг клуб од Серија Б, Пјаченца. Тој останал во Пјаченца до крајот на сезоната и бил стандарден првотимец појавувајќи се во 23 натпревари во кој постигнал еден гол, против Кротоне на 12 март 2011.
Сасуоло Пред почетокот на сезоната 2011-12, Кофи му се приклучил на Сасуоло на заем од една година. Тој му помогнал на клубот да стигне до баражите за промоција кој водат во Серија А, но таму тие загубиле од Сампдорија со 3-2 на вкупен резултат по двата натпревари и клубот останал во Серија Б.
Кјево По одличните настапи во Серија Б за Сасуоло претходната сезона, Кофи го привлекол вниманието на неколку клубови од првата италијанска лига. Најконкретен во обидите да го доведе во својте редови бил тимот на Кјево и на 12 јули 2012 неговиот трансфер во клубот од Верона бил комплетиран. Кофи дебитирал за Кјево на 30 септември 2012 против Палермо. Својот прв погодок за клубот тој го постигнал на 6 јануари 2013 против Аталанта, со прекрасен волеј-удар по нафрлената топка од левата страна на Сирил Теро, носејќи му ја победата на својот тим со 1-0.
Џенова Пред почетокот на сезоната 2013-14, тој се вратил во Џенова.
Репрезентативна кариера Кофи го направи своето деби за репрезентацијата на Гана на 8 септември 2012 година.
Надворешни врски Профил на soccerway Профил во Џенова
Категорија:Живи луѓе Категорија:Гански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Кјево Верона Категорија:Фудбалери на Сасуоло Калчо Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Пјаченца Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Карпи Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1991 година