Гистав Моро (; 6 април 1826 – 18 април 1898) — француски симболистички сликар посветен на теми од библиски и митолошки карактер. Имал влијание врз творештвото на симболистичките книжевници.

Животопис Моро е роден во Париз. Татко му бил архитект, кој благовремено ја препознал дарбата кај сина си, па го пратил да се обучува. Најпрвин учел сликање кај Франсоа Едуар Пико, а потоа се спријателил со Теодор Шасерио, чиј стил влијаел и на неговиот. Во текот на 25 години имал близок, и веројатно љубовен однос со Аделаида Александрина Дире, која ја нацртал на неколку наврати. Прва слика му била „Пиета“, денес сместена во катедралата во Ангулем. На Парискиот салон во 1853 г. ги изложил сликите „Сцена од Песна над песните“ и „Смртта на Дариј“. Истата година зел учество на Светската изложба со „Атињаните со Минотаурот“ и „Мојсеј ги собува сандалите кога ја здогледува Ветената Земја“.

Делото „Едип и сфингата“ претставува едно од првите симболистички слики во историјата на уметноста. Првпат во јавноста е изложена на Парискиот салон во 1864, а денес е дел од редовната збирка на музејот Метрополитен во Њујорк.

Во 1891 г. Моро станал професор на Ликовната академија (École des Beaux-Arts) во Париз каде, меѓу останатите, предавал и на фовистичките сликари Анри Матис и Жорж Руоло. Кај него се школувале и Жил Фландрен, Теодор Палади и Леон Прентамп.

Починал во Париз и погребан е на Монмартрските гробишта.

Во текот на својот творечки живот, Моро изработил над 8.000 слики, акварели и цртежи. Многу од нив се изложени во Националниот музеј „Гистав Моро“ во на улицата Рошфуко (IX округ) во Париз. Музејот е сместен во неговото поранешно ателје и отворен е во 1903 г. По неговите простории честопати шетал писателот Андре Бретон, кој го сметал Моро за предвесник на надреализмот.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Мрежно место посветено на Густав Моро Национален музеј „Густав Моро“ Кратка биографија на Моро - Artchive.com Ресурси за Моро - Artcyclopedia

Категорија:Француски сликари Категорија:Симболистички сликари Категорија:Луѓе од Париз Категорија:Родени во 1826 година Категорија:Починати во 1898 година Категорија:Академизам Категорија:Офицери на Легијата на честа Категорија:Членови на Академијата на убавите уметности