Маркус Нејтн Бент (роден на 19 мај 1978 година) — поранешен англиски фудбалер, напаѓач.

Тој е поранешен репрезентативец на Англија во селекцијата под 21 година и во својата кариера играл за четиринаесет различни клубови, во кој одиграл 569 натпревари и постигнал 113 гола во процесот.

Кариера Бент ја започнал својата кариера во Брентфорд во 1995 година, пред да потпише со Кристал Палас во 1998 година. Следната година тој му се приклучил на Шефилд Јунајтед преку Порт Вејл. Во 2000 година направил трансфер во Блекбурн Роверс, каде што добил можност да го почувствува вкусот на Премиер лигата, пред да се пресели во Ипсвич Таун во 2001 година. Тој поминал во сезоната 2003-04 период на заем во Лестер Сити, пред тој да биде купен од страна на Евертон во 2004 година. Две години подоцна тој бил продаден на Чарлтон. Од таму сезоната 2007-08 ја поминал на позајмица во Виган Атлетик, пред да се пресели во Бирмингем Сити во 2008 година. Тој поминал три години со Бирмингем, за време на кој бил позајмуван и во Мидлзборо, Квинс Парк Ренџерс, Вулверхемптон и Шефилд Јунајтед. По напуштањето на клубот тој поминал шест месеци во Индонезија во тимот на Митра Кукар.

Надворешни врски Профил на Маркус Бент на soccerway

Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Ипсвич Таун Категорија:Фудбалери на ФК Лестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Виган Атлетик Категорија:Фудбалери на ФК Бирмингем Сити Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Фудбалери на ФК Блекбурн Роверс Категорија:Фудбалери на ФК Шефилд Јунајтед Категорија:Родени во 1978 година