Мекленбург-Западна Померанија (; понекогаш и Мекленбург-Предна Померанија) — сојузна покраина во северна Германија. Нејзин главен град е Шверин. Покраината била создадена преку спојување на историските области Мекленбург и Западна Померанија по Втората светска војна, а во 1952 била распуштена и повторно создадена по повторното обединување на Германија во 1990.
Мекленбург-Западна Померанија е шеста најголема германска покраина по површина и најмалку населена по густина на населеност. Брегот на Балтичкото Море, вклучувајќи ги островите како Риген и Узедом, како и Мекленбуршката Езерска Област, нудат бројни места за одмор и неоткриена природа, правејќи ја Мекленбург-Западна Померанија, една од водечките туристички одредишта во Германија. Три од четиринаесетте национални паркови се во Мекленбург-Западна Померанија, како и неколку стотина природни области.
Поважни градови во покраината се Росток, Шверин, Нојбранденбург, Штралзунд, Грајфсвалд и Висмар. Универзитетот во Росток (основан 1419) и Универзитетот во Грајфсвалд (основан 1456) се меѓу најстарите универзитети во Европа. Покраината била домаќин на 33. состанок на Г8 земјите во 2007.
Име
Поради должината на името, покраината често е нарекувана едноставно како MV или во скратена форма на нејзиното име МекПом. На македонски, нејзиното име гласи Мекленбург-Западна Померанија, додека многу поретко е нарекувана и како Мекленбург-Предна Померанија.
Историја
мини|Еден од илјадниците монолити во Мекленбург-Западна Померанија - долмен Ланкен-Границ мини|десно|Словенската прстенеста тврдина на ’ртот Аркона (остров Риген) мини|Доцносредновековна архитектура во готски стил со тули во Штралзунд, денес светско културно наследство. По завршувањето на Втората светска војна и повторното обединување на Германија во 1990, покраината била создадена од историските држави Мекленбург и Западна Померанија. Обете држави имале долга и богата историја.
Праисторија
Човечкото населување во областа на денешните Мекленбург и Западна Померанија започнале по леденото доба, околу 10.000 години п.н.е.. Пред околу две илјади години, Германите биле забележани во областа. Најголем дел од нив заминале во текот на големата преселба, упатувајќи се кон Шпанија, Италија и Франција, оставајќи ја областа скоро празна. Во шестиот век, Полапските Словени ја населиле областа. Додека Мекленбург бил населен од Ободрити, Западна Померанија била населена од Велети (подоцна Лиутицијанци) и Рујани.
Долж брегот, Викинзите и Словените основала трговски пристаништа како Рерик, Ралсвик и Менцлин. Во 12 век, Мекленбург и Западна Померанија биле освоени од Хајнрих Лавот и припоени кон Војводството Саксонија, придружувајќи му се на Светото Римско Царство во 1180-тите. Цела Мекленбург-Западна Померанија била населена со Германци во текот на населување на Германците на исток, започнувајќи од 12 век.
Мекленбург
Кон крајот на 12 век, Хајнрих Лав, војвода на Саксонците, ги освоил Ободритите, потчинувајќи ја нивната династија и извршувајќи христијанизација врз нив. Со тек на времето, германски монаси, благородници, селани и трговци пристигнувале да се населат на овие територии. По 12 век, територијата била стабилна и скоро независна од нејзините соседи; една од неколкуте германски територии за која ова е точно. Мекленбург најпрвин станала војводство на Светото Римско Царство во 1348. Иако подоцна била делена и делена во рамките на истата династија, Мекленбург отсекогаш делел иста историја и идентитет. Државите Мекленбург-Шверин и Мекленбург-Штрелиц станале големи војводства во 1815. По Втората светска војна и абдикацијата на германскиот цар, монархијата била укината и била основана републиканска влада на Мекленбург.
Западна Померанија
Западна Померанија или понекогаш Предна Померанија, е помалиот западен дел на поранешната пруска Покраина Померанија; источниот дел станал дел од Полска по крајот на Втората светска војна.
Во Средниот век, областите биле владеени од померанските војводи како дел од Војводството Померанија. Померанија била под власт на Шведска по Вестфалскиот мир од 1648 до 1815 како Шведска Померанија. Потоа, Померанија станала покраина на Прусија во 1815. Останала пруска покраина до 1945.
Мекленбург-Западна Померанија
мини|Росток бил главно прекуморско пристаниште на Источна Германија и е еден од најважните балтички пристаниште денес. (Градското пристаниште Росток во текот на Регатата Ханза, една од најголемите морски регати во Европа
Во мај 1945, армиите на Советскиот Сојуз и западните сојузниците се сретнале источно од Шверин. По Потсдамскиот договор, западните сојузници го предале Мекленбург на Советите. Мекленбург-Западна Померанија била основана на 9 јули 1945 по наредба на советската воена администрација во Германија, како Покраина Мекленбург и Западна Померанија.Brunner, Detlev, Inventar der Befehle der Sowjetischen Militäradministration Mecklenburg (-Vorpommern) 1945-1949 in Texte und Materialien zur Zeitgeschichte 12, 2003, ISBN 3-598-11621-7
Во текот на војната, составот на населението на Мекленбург и Западна Померанија било менувано поради воените загуби и доселувањето на евакуираните (главно од метрополитенските области Берлин и Хамбург, кои биле предмет на воздушни напади). По војната, луѓето кои побегнале или биле избркани од поранешните источни територии на Германија источно од линијата Одра-Ниса, се населиле во Мекленбург-Западна Померанија (или некаде во Германија), зголемувајќи го населението за 40%. Пред војната, Мекленбург и Западна Померанија имале население од 1.278.700, од кои многумина загинале во војната, а други се преселиле на запад при продирот на Црвената армија. Во 1947 биле избројани 1.426.000 бегалци од поранешните источни делови на Германија. Најголем дел од нив се населиле во руралните области, но урбаното население исто така се зголемила, најмногу во Шверин од 65.000 (1939) на 99.518 (јануари 1947), во Висмар од 29.463 на 44.173 и во Грајфсвалд од 29.488 до 43.897.Beatrice Vierneisel, Fremde im Land: Aspekte zur kulturellen Integration von Umsiedlern in Mecklenburg und Vorpommern 1945 bis 1953, 2006, p.12, ISBN 3-8309-1762-7, ISBN 978-3-8309-1762-5
На 5 јуни 1946, закон донесен од Советите овозможил создавање на привремена германска администрација (Beratende Versammlung, „советодавно собрание“) под советско надгледување на 29 јуни 1946. По изборите на 20 октомври 1946, Ландтагот го заменил советодавното собрание и го донел Уставот на 16 јануари 1947 за покраината Мекленбург-Западна Померанија. На 18 април 1947, името на покраината било скратено на Мекленбург (Land Mecklenburg). Источногерманскиот режим се обидел да го минимизира фактот дека Германија имала значајни отстапки кон Полска по војната, вклучувајќи ја забраната да се користи некој од старите називи за поранешните територии. Мекленбург била уставотворна покраина на Германската Демократска Република (ГДР) при нејзиното создавање во 1949. Во 1952, владата во Источен Берлин ги распуштила покраините и вовела окрузи (германски: Bezirke). Како последица на тоа, Мекленбург и Западна Померанија биле заменети од три окрузи кои ја покривале скоро истата површина: Округ Росток, Округ Шверин и Округ Нојбранденбург. Овие биле вообичаено познати како Северни окрузи (Nordbezirke) во склоп на високоцентрализираната влада на ГДР. Промените исто така ја избришале историската граница помеѓу Мекленбург и Померанија од картите. Источногерманската влада направила бродоградилишта во старите ханзеатските пристаниште (најголемите биле во Росток и Штралзунд) и исто така основала атомска централа во Лубмин близу Грајфсвалд.
Пред повторното обединување на Германија во 1990, повоените источни покраини биле повторно создадени, вклучувајќи го повторното користење на историскиот назив Мекленбург-Западна Померанија. Од 1990, покраината преживеала драматични промени.
Географија Местоположба и урбани области
мини|300п|Окрузите во Мекленбург-Западна Померанија по извршената реформа во 2011 година и границата помеѓу историските области
Покраината е шеста по големина во површина и четиринаесетта по население меѓу шеснаесетте сојузни покраини. Се граничи на север со Балтичкото Море, на запад со Шлезвиг-Холштајн, на југозапад со Долна Саксонија, на југ со Бранденбург и на исток со Западнопоморското Војводство во Полска.
Главен град на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија е Шверин, додека најголем град е Росток со околу 205.000 луѓе. Други поголеми градови се Грајфсвалд, Гистров, Нојбранденбург, Штралзунд и Висмар.
Окрузи
мини|Шверин, покраински главен град на Мекленбург-Западна Померанија
Од 4 септември 2011, Мекленбург-Западна Померанија е поделен на шест окрузи (Kreise) и два слободни градови:
Западна Померанија-Грајфсвалд Западна Померанија-Риген Лудвигслуст-Пархим Мекленбуршка Езерска Област Росток Северозападен Мекленбург
и
Росток (HRO) Шверин (SN)
Пејзаж
Кредести гребени во националниот парк Јазмунд (остров Риген)|мини
Балтичкиот брег вклучува неколку острови, воедно и двата најголеми германски острови Риген и Узедом, но исто така и неколку помали острови како Хидензе и Пел. Јужниот дел на покраината содржи многубројни езера, најголемо од нив е езерото Мириц.
„Земјата на илјада езера“ (германски: Land der tausend Seen) — главно одликувана од недопрена природа. Брегот на Мекленбург-Западна Померанија вклучува и неколку полуострови како Фишланд-Дарс-Цингст, заливи и острови. Поради неговиот чист воздух и идиличниот пејзаж, медицинскиот туризам станал значајна туристичка гранка во областа.
Покраината има вкупно 283 природни резервати, 110 пејзажни резервати и три од 14. германски национални паркови, кои се разместени низ целата негова територија. Многу езера се користат за рибарство и водени спортови (пливање, едрење, кану), главно се наоѓаат во Мекленбуршката Езерска Област. Бидејќи покраината го има најголемиот германски брег (2.000 километри) и некои од нејзините острови и езера, таа е популарно место за сурфање и едрење, на пример регатата Ханза во Росток.
Национални паркови
Име Основан Површина (км²) Карта Слика Национален парк Јазмунд 1990 30 150п Национален парк Мириц 1990 318 150п Национален парк Западнопомерански лагуни 1990 805 150п
Култура
Низ вековите, Мекленбург и Западна Померанија имале развиени регионални култури. Општо може да се опишат како северогерманска и има слични јазични и историски посебности со другите северни германски покраини, како Шлезвиг-Холштајн. Луѓето во Западна Померанија, како последица на тоа дека биле поранешна покраина на Прусија, повеќе сакале да изгледаат како оние од Берлин и Бранденбург, отколку луѓето во Мекленбург.
Архитектура
Градовите биле под влијание на одреден ханзеатски стил, кој може да се најде и во други делови на северна Германија (како на пример Либек) како и во државите околу Балтичкото Море како Естонија (Талин) или Летонија (Рига). Знаменитости во многу градови во Мекленбург и Западна Померанија се црвени цркви изградени во готски стил со тули и куќи кои потекнуваат од средниот век.
Старите градови обично се градени околу еден или неколку плоштади со црква или градско собрание. Често градовите биле основани на Балтичкото Море, на некое од бројните езера или на реки поради логистички и трговски мотиви.
Руралните средини на Мекленбург-Западна Померанија се често карактеризирани со готски селски цркви изградени од тули и земјоделско наследство, како фарми од тули, ветерници, куќи со сламен покрив и велепоседнички куќи и замоци.
center|мини|700п|Главниот плоштад во Грајфсвалд (Marktplatz), прикажувајќи ја типичната архитектура на Мекленбург-Западна Померанија.
Музеи, уметност и театри
мини|Зградата на покраинскиот театар во Шверин мини|Оцеанеум во Штралзунд, музеј на годината во Европа во 2010 и најпопуларен музеј во Северна Германија