Беглербег (турски: beylerbeyi) претставувала титула во Османлиското Царство која била користена од страна на управителите на ејалетите односно покраините, односно бег над беговите (заповедник над заповедниците).

Управителот беглербег имал титула на паша па поради ова неговата територија се викала и пашалак. Беглербегот управувал со војска на чело со спахиите.

За прв пат оваа титула му била доделена на Лала Шахин од страна на Мурат I (1359-1389 година), по заземањето на Едрене (1363 година). Кон крајот на владеењето на Мехмед I Челеби (1413-1421 година), имало два беглербеглака: румелиски и анадолски.

Македонија влегувала во Румелискиот Беглербеглак. Кон крајот на 16 век, поради зголемувањето на освоената територија, се зголемил и бројот на беглербеговите. Синоним: валија.

Наводи

Категорија:Управување со Отоманското Царство Категорија:Воени чинови Категорија:Отомански титули Категорија:Турцизми