Света Петка црква на југ од градот Велес, веднаш од десната страна на патот за Градско и реката Вардар. Ова здание најпрвин, било параклис, односно молебеник, за некаде во деведесеттите години од минатиот XX век да се преуреди и догради во помала црква. Постоењето на молебеникот-параклисот не е точно утврден, но се претпоставува дека е од понов период. Во периодот од 2005 до 2011 е започната изградба на голем и современ црковен објект со целосен фрескоживопис на ѕидовите во внатрешноста, во кој е вграден и зачуван молебеникот (параклисот). Особено е впечатлива внатрешноста на црквичката во која се наоѓа природен извор на вода за која велешани веруваат дека има исцелителна моќ. Црквата е осветена од страна на митрополитот повардарски г. Агатангел во сослужение со митрополитот европски Пимен и бројно свештенство и присуство на градоначалникот и пратеници од Велес, на 13 ноември 2011 годинаОсветување на црквата „Св. Петка“ Велес - Повардарска епархија. Црквата е изградена според архитектонското дело на архитектот Благој Здравев, фрескоживописувањето го извршиле зографите Александар Иванов и Малка Конеска, а иконостасот е дело на Љубомир Бисинов.
Галерија
Наводи
Велес