Опасни врски (шпански: Relaciones peligrosas) е Американска теленовела од 2012 година од Телемундо.

Синопсис

Опасни врски е теленовела која ги следи случувањата од современиот живот, во светот на интернетот и дрогата. Теленовелата е составена од парови кои делат забранета љубов. Главните ликови се Маурисио и Миранда. Миранда се доселува од Мексико во САД во потрага по подобар живот како наставничка во уметничкото училиште „Сервантес“. Последните денови од летото, пред да тргне на работа, има односи со Маурисио, кој и вели дека е 21 година, а всушност е 17. А, тоа е криминал што се плаќа со најмалку 8 години затвор. Миранда е прогонувана од законот, и осудувана од околината, а воедно треба и да заборави на големата љубов што ја чувствува кон Маурисио.

Улоги Глумци Ликови Сандра Ечеверија Миранда КрузАна Лајевска Патрисија МиланоГабриел Коронел Маурисио БланкоГонсало Гарсија Виванко Хуан Пабло Рејес/Даниел Арамбула/Гаел СанчесМарица Бустаманте Ана КондеДаниела Наваро Оливија Клостер