Гросбрајтенбах () — поранешен град во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 13 километри југоисточно од градот Илменау.
Градот претставувал административно седиште на поранешната истоимена општинска заедница.
На 1 јануари 2019 година, дотогашниот град бил укинат и станал само една единица во истоимениот нов град.
Географија
Гросбрајтенбрах се наоѓа на Тириншката Висорамнина, околу 50 километри јужно од покраинскиот главен град Ерфурт и околу 15 километри југоисточно од градот Илменау помеѓу Лангер Берг на север, долината на Шварца на југоисток и Ренштајг на југозапад.
Местото Гросбрајтенбах се наоѓа на околу 600 метри надморска височина.
Надворешни врски
Категорија:Илм (округ) Категорија:Поранешни општини во Тирингија