„Зора зад аголот“ - роман од македонскиот писател Димитар Солев. Првото печатено издание било објавено во 1984 година.
Жанровски погледнато, ова романескно остварување припаѓа на т.н. „модернистичка струја“ во современата македонска книжевност.Учебник по македонски јазик и литература за IV година за гимназиско образование. Скопје, стр. 247. Стилот на пишување е исплетен со благ хумор и иронија, преку кои авторот имал намера не да ги жигоса, туку да ги разобличи лажните политички, социјални и морални вредности. Главните ликови се луѓе од секојдневието, чии анонимни животни драми се уметнички обработени и преку нив на уникатен начин е претставена тогашната градска атмосфера и менталитетот на скопјани.
Со текот на времето, оваа книга станала парадигма за успешно пренесениот дух и претстава на едно скопско боемско милје. Добар дел од ликовите се познајници на Солев, кои и самите се препознале во романот.
Историска позадина Овој роман е современа хроника за градот Скопје во втората половина на XX век. Местото околу кое се развива сижејното дејство е кафеаната „Зора“, сместена во населбата Дебар Маало.Учебник по македонски јазик и литература за IV година за гимназиско образование, Скопје, стр. 271 „Зора“ е местото каде се евоцираат спомените за повоено Скопје. Следејќи ја судбината на кафеаната од нејзиното отворање до нејзиното рушење, раскажувачот ги следи судбините на мноштвото ликови кои дефилираат таму. Во богатата галерија на ликови среќаваме сликари, келнери, молери, студенти, професори, пропаднати поети, итн.
Раскажувачка постапка Раскажувачот е персонален, т.е. преку устата на раскажувачот зборува самиот Димитар Солев. Тој ни дава автентични податоци кои не ни се претставени директно, туку преку еден вид филтер (скршеното огледало на перископот). Перископот во делото е направа за градење на ликовите. Прикажаната слика не е верна на оригиналот, што всушност е една скриена мисла во романот, дека секое прераскажано случување во животот не е целосно и прецизно доловено како првично настанатото.Паскал Гилевски, „Поговор кон делото Зора зад аголот“ стр. 177. Зборовите на раскажувачот се луцидни и проникливи, неговиот стил на изразување има за цел што посовршено да го наслика портретот на малите луѓе со „големи“ животни приказни. Солев ни претставува неважни теми и ликови, сакајќи да покаже дека и од навидум безначајни нешта може да се создаде големо уметничко дело.
Извадоци од романот
Наводи
Надворешни врски Рецензија на делото на Сакам книги.мк „Димитар Солев, раскажувач и брилијантен полемичар“ (статија во Утрински Весник)
Поврзано Димитар Солев Современа македонска книжевност
Категорија:Дела на Димитар Солев Категорија:Македонски романи Категорија:Романи кои се одвиваат во Македонија Категорија:Македонски дела од 1984 година Категорија:Појавено во 1984 година во Македонија Категорија:Книги од 1984 година