мини|лево|Црква во Вестенфелд

Вестенфелд () — село и поранешна општина во округот Хилдбургхаузен, во Тирингија, Германија. Од 31 декември 2012 е дел од градот Ремхилд.

Историја

Селото било првпат споменат во 871. Првично, местото припаѓало на манастирот Фулда, а подоцна било во посед на Опатијата Фесра. Вестенфелд бил опколен во 1634, кога бил и опожарен.

Селската црква била првпат спомената во 1185, додека моменталната градба била изградена во 1579. Крстилницата е од 16 век, додека првото ѕвоно е од 1777, а второто од 1850.

Вестенфелд има историски музеј посветен на историјата на селото.

Категорија:Поранешни општини во Тирингија Категорија:Села во Тирингија Категорија:Хилдбургхаузен (округ)