Holy Blood е украински блек метал бенд, основан 1999 г. во главниот град Киев.Информатор за бендот Holy Blood од Encyclopaedia Metallum Бендот е значаен по тоа што е еден од ретките од овој жанр кој ги промовира христијанските вредности.Holy Blood на last.fm Потпишани се од страна на продуцентската куќа Бомбворк Рекордс и се призната група во светски рамки без оглед на нивната определба да останат анонимни. Досега имаат издадено четири студиски албуми, а текстовите во нивните песни се на украински и руски јазик.

По формирањето во 1999 г. членовите првично имале замисла Holy Blood да биде бенд кој би изведувал хардкор панк музика. По промената во поставата 2001 г. тие стилски се пренасочиле кон дет метал жанрот. Вокалистите Фјодор Бузилевич и Вира Књажева се земале истата година, а во 2002 излегол првиот нивни студиски албум насловен како Талкачот (). Овој проект бил изработен под капата на издавачката куќа Core Zone. Во тоа време од составот си заминал басистот Евгениј Цесаров, кој потоа преминал во бендот Евроклидон. На негово место дошол Алексеј Андрушенко.

По ова следел и видео запис за песната „The Spring“, објавен на 18 април 2004 г. Вториот студиски албум Брановите танцуваат () излегол во 2005, а истиот бил пласиран на рускиот и американскиот музички пазар. Во наредните месеци групата настапила на неколку музички фестивали низ Белорусија, Молдавија, Швајцарија и Финска.Morrow, Matt, Holy Blood - Waves are Dancing , 2006, The Whipping Post, проверено на 20-10-2007 Популарноста на бендот значително пораснала и во земјите блиски до Украина, па затоа по крајот на турнејата бендот започнал да пишува материјал за новиот музички диск. Повторно биле направени измени во поставата, а во јули 2008 г. бил издаден и третиот студиски албум Патриот (). Притоа биле ре-издадени претходните два албуми, овој пат со изменет омот и подобрени графика и звук.

На пресот објавен на нивното мрежно место, јавноста била известена дека сите дотогашни членови на бендот ќе продолжат под група со ново име Оскорд, а единствено Фјодор и неговата сопруга Вира (која претходно била во бендот од 2001-2005), заедно со комплетно нова постава ќе продолжат под постојното име Holy Blood. На почетокот на 2010 се појавил четвртиот нивни албум Јасно Сонце (), кој содржел елементи на металкор и хардкор панк.Holy Blood-European Tour 2010 . Holy Blood MySpace blog 2010-4-15

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место Holy Blood на Metal-Archives

Интервју со Holy Blood Членови и дискографија Holy Blood Студиските албуми на бендот

Категорија:Блек метал музички групи Категорија:Фолк метал музички групи Категорија:Музички групи основани во 1999 година