Шлојзегрунд () — општина во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија.

Географија Местоположба

Средишно село на општината е Шенбрун, кое настанало со спојување на селата Шенау, Габел, Унтернојбрун и Обернојбрун во 1950 година и се протега околу 3,5 километри во долините на Шлојзе и Нојбрун. Над овие села се наоѓа вештачкото езеро „Шенбрун“. Исто така, недалеку од овие села поминува патеката Ренштајг.

Западно од Шенбрун, во странична долина на Шлојзе се наоѓаат местата Штајнбах и Лангенбах. Југозападно од Шенбрун се наоѓа долината на Бибер, во која се наоѓаат селата Лихтенау, Енгенштајн, Биберау, Бибершлаг и Телерхамер.

Североисточната граница на општината е и окружна граница со Илм.

Соседни општини

Соседни општини се Фрауенвалд, Нојштат на Ренштајг и Гросбрајтенбах, Масерберг и градот Шлојзинген.

Општински единици

Општината Шлојзегрунд е составена од следниве единици:

Биберау (со Лихтенау, Енгенштајн, Бибершлаг и Телерхамер) Гисибел Лангенбах Шенбрун (со Шенау, Унтернојбрун, Обернојбрун, Габел и Ернсттал) Штајнбах

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Хилдбургхаузен (округ)