Зоран Иванов (, ) — македонски новинар. Завршил Факултет за новинарство во Скопје, а во 1974 г. станал соработник на Радио Скопје. Подоцна работел како новинар и уредник-коментатор за Македонското радио и Македонската Телевизија. Соработувал со повеќе електронски и печатени медиуми (меѓу кои Сител, Утрински Весник, Алфа ТВ, Слободен печат, Цивил медиа, Фронтлајн и Платформа.мк). Тој е главен и одговорен уредник на порталот Нова ТВ.мк.
Иванов бил првиот директор на Македонската Информативна Агенција (МИА). Автор е на двотомната книга „Амбиент“, која е хронолошка збирка на неговите новинарски записи, коментари и анализи. Во 1994 г. ја добил наградата „Новинар на годината“.Македонска енциклопедија (прв том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 608 Во 2012 г. му била врачена наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, признание кое го доделува ЗНМ.
Бил советник за односи со јавноста во кабинетот на Бранко Црвенковски за време на неговиот претседателски мандат. По завршување на таа обврска, својата новинарска кариера ја продолжил во ТВ Алфа. Во телевизијата имал своја авторска емисија „Пресинг“, а во мај 2012 бил назначен за нејзин главен и одговорен уредик. Во февруари 2013 г. тој добил отказ од ТВ Алфа. Изреволтиран од тој потег, како и од севкупната состојба во македонското новинарство, преку писмо соопштил дека ги враќа сите негови новинарски награди. Во 2022 година се вработува во Слободен печат' каде е водител на емисијата "На крајот од". Од 2023 до 2024 година, е уредник и водител на утринската емисија на "Слободен печат".
Негово хоби е падобранството, а тој е исто така повеќекратен првак и рекордер во неколку категории во Македонија и во светот. Носител е на највисокото меѓународно признание во спортското воздухопловство - „Златна значка со три дијаманти“ на Светската федерација (ФАИ). Тој е татко на три деца, Игор, Тина и Дуња.
Наводи
Надворешни врски Интервју со Зоран Иванов за политичкиот живот во Македонија Интервју со Зоран Иванов за состојбите во македонското новинарство Разговор со Зоран Иванов во врска со неговата спортска кариера
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски водители Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“