Зонеберг () — округ во јужниот дел на сојузната покраина Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од запад надесно) окрузите Хилдбургхаузен, Залфелд-Рудолштат и баварските окрузи Кронах и Кобург.
Историја
Округот бил создаден во 1868 година, кога биле воведени окрузите во Саксо-Мајнинген. Во 1952 година, делови на округот биле одвоени и префрлени во новосоздадениот округ Нојхаус на Ренвег. Во 1994, Нојхаус на Ренвег бил распуштен и округот Зонеберг ја добил својата првобитна големина.
Во 2019 година, општините Лихте и Пизау од округот Залфелд-Рудолштат биле припоени како делови на градот Нојхаус на Ренвег во округот Зонеберг.
Географија
Округот се наоѓа на јужните падини на планините на Тириншката Шума. Пејзажот се спушта од високите ридови од над 800 метри (највисоката точка е Гросер Фармденкопф со 869 метри) до пониските делови во округот.
Грб
100п|ГрбГрбот прикажува симболи од историските држави кои постоеле на територијата на округот. Во горниот лев дел се наоѓа лавот како симбол на грофовијата Мајсен. Во горниот десен дел е симболот на грофовите од Зонеберг, каде се вклучени и ножици за овци. Во долниот лев дел е прикажан симболот на грофовите од Шаумберг-Рауенштајн и долниот десен дел го покажува грбот на Саксонија.
Градови и општини
мини|300п|десно|Градовите и општините во округот Зонеберг
Слободни градовиСлободни општини Лауша Нојхаус на Ренвег Шалкау Зонеберг Штајнах Ферицтал Франкенблик Голдистал
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница