мини|340п|Петте реакции кои го сочинуваат циклусот на уреа. Првите две се одвиваат во митохондриите, додека останатите три се одвиваат во цитозолот. Циклусот на уреата (познат и како орнитински циклус) е циклус на биохемиски реакции кои се случуваат кај голем број на животни, вклучувајќи го и човекот, при што се добива уреа ((NH2)2CO) од амонијак (NH3). Овој циклус е откриен од страна на Ханс Адолф Кребс и Курт Хенселајт во 1932 година, пет години пред откривањето на циклусот на лимонска киселина. Кај цицачите, циклусот на уреа се случува главно во црниот дроб, и помалку во бубрезите.
Реакции
+ Реакции во циклусот на урејата Чекор Реактанти Производи Катализирано од Место 1 NH4+ + HCO3− + 2ATP карбамоил фосфат + 2ADP + Pi CPS1 митохондрии 2 карбамоил фосфат + орнитин цитрулин + Pi OTC митохондрии 3 цитрулин + аспартат + ATP аргининосукцинат + AMP + PPi ASS цитозол 4 аргининосукцинат Arg + фумарат ASL цитозол 5 Arg + H2O орнитин + уреа ARG1 цитозол
Категорија:Биохемија Категорија:Кружење на азотот