Оберхоф () — мал град во округот Шмалкалден-Мајнинген, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Тој е зимски туристички центар и место за одмор на илјадници луѓе. Секоја година е посетуван од десетици илјади туристи. Официјално, градот го добил овој статус во 1985 година.

Географија

Оберхоф се наоѓа во Тириншката Шума, на масив висок 815 метри. Јужно од местото поминува патеката Ренштајг. Околината на градот е целосно пошумена.

Соседни општини

Оберхоф се граничи со градовите Штајнбах-Халенберг и Цела-Мелис во округот Шмалкалден-Мајнинген. На исток се наоѓа општината Гератал во округот Илм и слободниот град Зул. Општините Луизентал и Ордруф од округот Гота се граничат со градот на север.

Историја

Оберхоф бил населен во 1641 година и останал мал град до крајот на век, кога градот бил поврзан со железничка линија до Риченхаузен и скијачите и другите туристи го откриле местото.

Во почетокот на век, Оберхоф станал центар за зимски спортови и најмногу биле застапени санкањето, нордиското скијање и скијачките скокови, кои се одржувале на соодветни спортски објекти. Во последните години, градот вложи во изградба на терени за алпско скијање и ги исполни стандардите за меѓународни биатлонски натпреварувања. Патеката за боб, санкање и скелетон била домаќин на многу светски и европски првенства.

Во август 2009 година бил отворен првиот скијачки тунел во Оберхоф.

Меѓународни спортски настани

Светско првенство во боб 1931 и Светско првенство во нордиско скијање 1931 Светско првенство во санкање 1973 Европско првенство во санкање 1979 Светско првенство во санкање 1985 Европско првенство во санкање 1998 Светско првенство во биатлон 2004 и Европско првенство во санкање 2004 Светско првенство во санкање 2008

Меѓународни односи

Оберхоф е збратимен со следниве градови:

Винтерберг, Германија Бад Нојштат на Зале, Германија Лилехамер, Норвешка

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Шмалкалден-Мајнинген Категорија:Скијачки центри во Германија