Талат Џафери (; Форино, ) — македонски политичар, поранешен министер за одбрана, поранешен претседател на Собранието на Македонија и поранешен претседател на 34. техничка влада на Македонија.
Животопис Талат Џафери е роден во гостиварското село Форино на 15 април 1962 година. Основно училиште завршил во соседното село Чегране, а средното го продолжил во Белград на Воената гимназија. Студирал на Воената академија на Копнена војска на ЈНА — насока Пешадија во Белград и Сараево. Последипломски студии — специализација за Командни и штабни должности на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски” во Скопје. За време на Воениот конфликт во Македонија во 2001 година, Џафери бил висок офицер во АРМ и командувал со единиците во Тетовската касарна. На 28 април, на денот кога е извршен Масакрот кај Вејце, бил дежурен командант во касарната во Тетово. Неколку дена потоа дезертирал и преминал во ОНА како „Командат Форина“. Џафери на 27 април 2017 бил избран за претседател на Собранието на Македонија, што било проследено со Упад во Собраниската зграда. Од ВМРО-ДПМНЕ го оспориле неговиот избор како нелегитимен бидејќи според партијата, бил прекршен деловникот за работа на Собранието.
Функции 2024 - Технички премиер на Македонија 2017 – 2024 - претседател на Собранието на Македонија 2014 – 2016 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ) 2013 – 2014 - министер за одбрана на Македонија 2011 – 2013 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ) 2008 – 2011 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ) 2004 – 2006 - заменик на министерот за одбрана на Македонија 2002 – 2004 - пратеник во Собранието на Македонија (ДУИ) 1992 – 2001 - офицер во АРМ 1985 – 1991 - офицер во ЈНА
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Форино Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Министри за одбрана на Република Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2011 Категорија:Политичари од ДУИ Категорија:Офицери на ЈНА Категорија:Офицери на АРМ Категорија:Команданти на ОНА Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Пратенички состав 2008-2011 Категорија:Пратенички состав 2011-2014 Категорија:Пратенички состав 2014-2016 Категорија:Пратенички состав 2016-2020