Валдорф () — село и поранешна општина во округот Шмалкалден-Мајнинген, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Од 1 јануари 2019 година претставува дел од градот Мајнинген.

Нејзина најпозната знаменитост е утврдената црква, Кирхенбург Валдорф („Kirchenburg Walldorf“) во средина на градот на рид. Во април 2012 година била оштетена во пожар.

Географија

Валдорф се наоѓа на вливот на малата река Херпф во реката Вера, помеѓу ридскиот масив Рен и Тириншката Шума, четири километри северно од градот Мајнинген.

Категорија:Шмалкалден-Мајнинген Категорија:Поранешни општини во Тирингија Категорија:Села во Тирингија