десно|мини|300п|Воздушен поглед на областа
Цапарско Поле (во минатото познато како Ѓават-Кол или Ѓаваткол) — мал висорамнински предел во Македонија, западно од Битола, во горниот тек на реката Шемница. Од југ е заградено со Баба Планина со врвот Пелистер (2.601 м.), а од североисток со Бел Камен (1.431 м.) од запад со планината Бигла, со превојот Ѓавато (1.167 м.) од каде западно се префрла на соседната Преспанска Котлина со Преспанското Езеро и градот Ресен. Интересно е да се наведе дека преку превојот Ѓавато и Цапарско Поле поминувал римскиот пат Вија Егнација.
Истовремено, Цапарско Поле или Ѓаваткол претставува мала мала историско-географска област во југозападниот дел на Македонија.АЛУШЕВСКИ, Илија. – Народни верувања во вампири во селата од Ѓаваткол; 2004
Географија
лево|мини|300п|Воздушен поглед на областа
Цапарско Поле се состои од три одделни мали котлини во источното подножје на планината Бигла. Јужната котлина се наоѓа во горниот тек на реката Шемница и за центар го имало село Ѓавато, бидејќи за време на османлиското ропство тоа село било најголемо. Покрај него во котлината влегуваат селата Маловиште, Кажани, Доленци, Лера, Рамна, Српци, Ротино и Цапари. Средната котлина се наѓа во средниот тек на реката Шемница, кој денес во најголем дел е зафатен Стрежевското Езеро. Најголемо село тука, порано било влашкото село Гопеш. Покрај него во котлината влегуваат Метимир, Свиниште кое сега е делумно потопено во водите на езерото Стрежево, но како сведок денес постои само црквата кај гробиштата и селото Стрежево кај кое денес е изградена браната на акумулацијата. Северната долина е на реката Мраморица (Смилевска Река) односно горниот тек при што само едно село влегува во котлината - Смилево.
Историја
десно|мини|300п|Ѓаваткол - Кажани (лево) и Цапари (десно) за време на Првата светска војна
Во почетокот на XX век, Ѓаваткол е посебна нахија во Битолскиот Вилает за време на административната поделба на Отоманското Царство.
Денес, оваа област е вклучена во Општина Битола, а само селото Смилево е дел од Општина Демир Хисар.
Традиционално во оваа област е населена со мешано население — Македонци, Власи и нешто Албанци.
Села
десно|мини|300п|Панорама на областа
Во Цапарско Поле има 13 села, меѓу кои најголеми се Цапари и Ѓавато.Годишен зборник на Земјоделско-шумарскиот факултет на Университетот-Скопје: Земјоделство; Земјоделско-шумарски факултет - 1954
Другите села се: Ротино, Српци, Рамна, Лера, Свиниште, Стрежево, Метимир, Гопеш, Доленци, Кажани и Маловиште.
Во некои извори се изоставува селото Смилево од оваа област.
Население
На табелата е прикажан бројот на население во селата во Цапарско Поле низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk .
населено место19481953196119711981199420021. Гопеш2432149798/3/2. Доленци4284334344824662812653. Ѓавато1 5541 5021 1168295231621224. Кажани138178134180165104755. Лера4424853953784441531226. Маловиште504446334309257121987. Метимир1841941431288714108. Рамна31032529928525686619. Ротино57559857356651319311310. Свиниште235235218164139//11. Стрежево366361356263366//12. Српци6346505484975471116513. Цапари1 8071 8091 6181 4681 871565493ВКУПНО7.4207.4306.2755.6475.6341.7931.424
Највисоката бројка на население областа го имала во 1953 година, по што следуваат масовни миграции во Битола, но и во прекуокеанските земји, а најмногу во Австралија, за во 2002 година да брои само 1.424 жители или 80,8 % помалку во споредба со 1953 година.
Наводи
Категорија:Висорамнини во Македонија Категорија:Општина Битола Категорија:Историско-географски области во Македонија