Патпатарско-толајските или светиџорџиски јазици се подгрупа на новоирските јазици од групата на океански јазици. Јазиците се зборуваат на островот Нова Ирска во Папуа Нова Гвинеја.

Јазици Според Базата на основни австронезиски зборови од 2008 година, јазиците се:Austronesian Basic Vocabulary Database f

сијарско-лачки јазик патпатарско-минигирски патпатарски јазик куаниуанско-минигирски куануански јазик лунгалугански јазик (минигирски, од групата на моноанско-уруавански јазици)

Според Базата, минигирскиот (од групата на моноанско-уруавански јазици) е поблизок со куануанскиот одошто куануанскиот со останатите патпатарско-толајски јазици. Поради тоа, јазикот е во оваа класификација, а другите јазици не биле проценети. Некои јазици кои традиционално се сметаат за патпатарско-толајски не се дел од класификацијата на базата.

Според Етнолог, јазиците од оваа група сеПатпатарско-толајските јазици на Ethnologue.: фанамакетски јазик кандаски јазик кономалански јазик куануански јазик лабелски јазик ниварски јазик патпатарски јазик рамоајнански јазик сијарско-лачки јазик сурсурунгански јазик тангански јазик варварско-фениски јазик

Наводи

Поврзано

Океански јазици Новоирски јазици

Надворешни врски Патпатарско-толајските јазици на Ethnologue. *