thumb|десно|Знамето на УНЕСКО УНEСКO (англиски: United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization = „Организација за образование, наука и култура на ООН“) — специјализирана агенција на Обединетите Нации основана на 16 ноември 1946 год. Основната цел на Организацијата е да придонесува за мирот и стабилноста промовирајќи соработка меѓу нациите преку образованието, науката и културата како метод за подобрување на универзалното почитување на правдата, законите, човековите права и основните слободи.

Главното седиште на УНЕСКО се наоѓа во Париз, но постојат уште 53 канцеларии ширум светот. Досега организацијата има 193 земји членки и 11 придружни членки. УНEСKO делува во пет главни програми: образование, природни науки, социологија, култура и комуникации. УНEСKO спонзорира проeкти за писменост, развој на техниката и педагогијата, интернационални науки, проeкти поврзани со регионалната културна историја, проeкти со кои с промовира културната разноликост и програми кои ги поддржуваат меѓународните договори за заштита на светското културно наследство.

Република Македонија стана членка на УНЕСКО на 28 јуни 1993 год. Под заштита на организацијата кај нас е регионот на Охрид со неговите културни, историски и природни реткости.

Литература Игор Јанев, "Cultural diplomacy", Institute of Political Studies, Belgrade, 2004. Игор Јанев, "Relations of Yougoslavia with UNESCO", Institute of Political Studies, Belgrade, 2010, ISBN 978-86-7419-209-2

Надворешни врски Официјално мрежно место на УНЕСКО Профил на Македонија на УНЕСКО УНЕСКО Култура Светско наследство UNESCO — Програма за комуникации и информации

Категорија:Глобални организации Категорија:Меѓународни организации Категорија:Специјализирани организации на ООН