Ли Хауард (; р. ) — австралиски професионален велосипедист. Се квалификуван за Летните олимписки игри 2020 во дисциплините медисон и екипна потера. Хауард бил дел од екипната потера заедно со Келанд О’Брајен, Сем Велсфорд и Александер Портер. Тие обезбедиле бронзен медал откако Нов Зеланд доживеал пад. Хауард исто така настапил во медисон, каде екипата завршила петта со време 3:48.448 и со тоа не се квалификувала за финале.

Животопис

Роден во Гилонг, Викторија, Хауард сега престојува во Ворн Пондс. Со велосипедизам започнал на 10 години, а првпат ја претставувал Австралија на 16 години. Тој е носител на стипендија од Австралискиот институт за спорт.

Хауард го освоил бронзениот медал во дисциплината омниум на Светските велодромски првенства UCI 2008. Освоил неколку медали во второто и четвртото коло на Светскиот велодромски куп UCI 2008–2009. Во 2009, повторно освоил медал во омниум на Светските првенства, овој пат златен, како и сребрен во медисон и екипна потера. Исто така, Хауард имал успех во друмскиот велосипедизам во 2009, победувајќи на првата и третата етапа на Трката околу Јапонија.

На првата професионална трка со екипата ХТЦ Колумбија, Хауард ја освоил четвртата етапа на Трката околу Оман. Импресивно, на етапата Хауард завршил пред Даниеле Бенати, Том Бонен и Тајлер Фарар.

Хауард завршил за автомобилски електричар, но нема да има потреба да се занимава со таа професија, бидејќи станал професионалец во 2010 со .ProCycling, Issue 133, January 2010, p. 63 По две години со екипата, Хауард се префрлил во за сезоната 2012. Во ноември 2015 година, екипата објавила дека Хауард ќе им се приклучи за сезоната 2016 со улога како дел од спринтерскиот воз за Матео Пелуки.

Хауард последно возел за континенталната екипа .

Достигнувања

2006 3. Национално јуниорско хронометарско првенство 2007 Трка околу Тасманија 1. Етапа 1 1. Етапа 4 1. Етапа 7 UIV Куп 1. Амстердам 1. Дортмунд 2008 Национално велодромско првенство 1. 20п Екипна потера 1. 20п Скреч 1. Краен пласман Трка на реката Мари 1. Етапа 5 1. Етапа 13 1. Копа Коли Бријантеи Интернационале UIV Куп 1. Амстердам 1. Минхен Трка околу Гипсланд 1. Етапа 6 1. Етапа 8 Трка околу Тасманија 1. Етапа 1 1. Етапа 8 1. Етапа 2 Австралиски Сајклинг Гран При 10. Краен пласман Трка околу Берлин 1. Етапа 2 2009 1. 20п Светски велодромски првенства - омниум 1. 20п Краен пласман Трка околу Гипсланд 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 6 1. Етапа 9 1. 20п Краен пласман Трка околу Словачка 1. Класик Астико-Брента Трка околу Јапонија 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 3 1. Етапа 7 1. Етапа 1 Трка околу Тирингија под 23 години 4. Сиркуито дел Порто 8. Џиро дел Белведере 2010 1. 20п Светски велодромски првенства - медисон (со Камерон Мајер) 1. Фландриско првенство 1. Етапа 4 Трка околу Оман 1. Спринтерски пласман Трка околу Баварија 2011 1. 20п Светски велодромски првенства - медисон (со Камерон Мајер) 1. Етапа 5 Стер Електротур 3. Трофео Кала Милор 4. ГП де Денен 2012 1. Етапа 2 (ТТТ) Енеко Тур 4. Краен пласман Трка околу Британија 1. Етапа 2 2013 1. Трофео Кампос-Сантањи-Сес Салинес 1. Трофео Платха де Муро 8. Вуелта а Ла Риоха 2014 5. Гран Премио Нобили Рубинетери 7. Краен пласман Трка околу Алберта 2015 6. Класик РајдЛондон-Сари 2016 1. Етапа 1 Трка на Фјордовите 1. Класика де Алмерија 2. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ 2018 1. 15п Игри на Комонвелтот - екипна потера 2. Шест дена Лондон (со Келанд О’Брајен) 2021 3. 15п Олимписки игри - екипна потера

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 20п Џиро——СО——СО 20п Тур—————172 20п Вуелта152—142———

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Биографија на Ли Хауард на страницата на Австралискиот институт за спорт

Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Австралиски велосипедисти Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Светски прваци во велосипедизам Категорија:Луѓе од Викторија (Австралија) Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020 Категорија:Медалисти на Летните олимписки игри 2020 Категорија:Олимписки бронзени медалисти за Австралија Категорија:Олимписки медалисти во велосипедизам