Алекс Едвард Алберт Даусет (; р. ) — поранешен британски професионален друмски велосипедист, кој возел во периодот 2010-2022. Бил познат како извонреден специјалист за хронометар и во 2015 година го срушил светскиот велосипедски часовен рекорд за 446 метри со растојание од 52,937 километри.

Ран живот

Син на поранешниот возач и натпреварувач во Британското првенство на туристички автомобили Фил Даусет, Даусет учел во основното училиште во Литл Бадоу и средното училиште во Келмсфорд. Првично започнал со пливање како спорт пред да започне со велосипедизмот на планински велосипед заедно со неговиот татко.

Кариера Рана кариера

Даусет ја започнал неговата кариера во Молдон и окружниот велосипедски клуб во градот Келмсфорд. Наскоро го откриле неговиот талент и Алекс станал дел од развојната екипа на британската олимписка акадеија. Ги освоил националните хронометарски првенства под 23 години во 2008 и 2009. Во 2010 возел за американската екипа Трек-ЛајвСтронг и го освоил Европското хронометарско првенство под 23 години. Исто така освоил сребрен медал на хронометарот на Комонвелтските игри 2010.

Тим Скај (2011-2012)

мини|лево|upright|Даусет на Трката околу Британија 2011

Даусет потпишал за британската екипа за сезоната 2011. Неговата прва победа со Скај дошла на Лондон Ноктур. Даусет завршил петти во генералниот пласман на Трката околу Данска, помагајќи му на колегата Сајмон Геранс да дојде до победа. Ја освоил петтата етапа на Тур ду Поату-Шарент и завршил втор во генералниот пласман. Во септември станал национален хронометарски првак. Даусет го освоил хронометарот на етапата 81 на Трката околу Британија 2011.

Во март 2012, Даусет го скршил зглобот на Три дена Де Пане и поради тоа ја пропуштил сезоната на класиците. Даусет се опоравил и завршил втор на националните друмски првенства, а подоцна ја одбранил титулата на националните хронометарски првенства. Подоцна во септември, Даусет настапил на Светските друмски првенства на сите три елитни трки, а најдобар пласман имал на поединечниот хронометар.

Во октомври 2012 го изразил своето мислење за допинг скандалот Ленс Армстронг-УСАДА на ББС: „Не мислам дека ова значи. Тој сè уште е легенда во спортот. Маж кој имал рак и победил на Тур де Франс. Мислам дека не е навистина важно и мислам дека навистина не значи“. Подоцна дообјаснил дека неговата изјава била премногу нејасна и неговите коментари се однесувале на фактот дека тогашните услови во спортот биле поразлични од денес и споредено со добротворната работа. Изјавил: „Мислам дека тоа што го направил Ленс е целосно неприфатливо“.

Мувистар (2013-2017)

мини|upright|Даусет на Трката околу Британија 2014 мини|Даусет (средина) во водечката група на Ватенфал Класик 2015

На 30 октомври 2012 година, Даусет потпишал со шпанската екипа за сезоната 2013, надевајќи се на настап на некоја голема трка. По завршувањето на класиците за , Даусет бил избран да вози на Џиро д’Италија, негово прво појавување на некоја голема трка. Даусет му помогнал на во освојувањето на второто место на екипниот хронометар на втората етапа. На осмата етапа, поединечен хронометар од 54,8 километри, Даусет го поставил најбрзото време и ја забележал неговата најголема победа во неговата кариера, поставувајќи време десет секунди побрзо од второпласираниот Бредли Вигинд. Во јуни, Даусет го освоил националното хронометарско првенство трета година по ред и покрај падот на патеката.

Во мај 2014 година, Даусет поставил нов британски рекорд во хронометарска трка на 10 милји во Кембриџшир, забележувајќи 17 минути и 20 секунди, при што го срушил претходниот рекорд на Мајкл Хатчинсон за 25 секунди.

Настапувајќи за Англија на Комонвелтските игри 2014, Глазгов го освоил златниот медал во поединечниот хронометар. По долго бегство, Даусет го презел водството на Трката околу Британија на шестата етапа но го загубил на крајот на етапната трка од Дилан ван Барле и завршил осми во генералниот пласман. Неговата екипа објавила дека Даусет потпишал продолжување на неговиот договор за три години со нив во септември.

Во декември 2014 година, Даусет објавил дека ќе се обиде да го сруши часовниот рекорд на 27 февруари 2015 година.http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/alex-dowsett-announces-hour-record-attempt-february-27-150124 Меѓутоа бил приморан да го одложи обидот по кршењето на неговата клучна коска на тренинг.http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/30946525 Обидот се случил на велодромот во Манчестер на 2 мај 2015 година каде Даусет го поставил новиот светски рекорд од 52,937 километри, надминувајќи го претходниот рекорд на Роан Денис за скоро половина километар. Две недели подоцна, Даусет ја освоил својата прва етапна трка, Трката околу Баварија, каде дошол до вкупната победа по освојувањето на поединечниот хронометар на четвртата етапа. Во јуни 2015 година, Даусет стигнал до четвртата титула на домашното хронометарско првенство, изедначувајќи го рекордот на Стјуарт Денџерфилд.

Бил именуван во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2015.

Тим Катјуша-Алпесин (2018-2019)

Во август 2017 година било објавено дека Даусет ќе се приклучи на за сезоната 2018. Откако во последен момент прекинал со екипата во 2019 година, првично мислел дека ќе се повлече од професионалниот велосипедизам во 2020 година и да се врати во неговиот локален клуб Малдон, за да се насочи на Олимпијадата и да го поврати часовниот рекорд.

Израел Старт-ап Нејшн (2020–2022)

Наместо да се повлече од професионалниот велосипедизам како што најавил, Даусет бил дел од спојувањето на со , создавајќи ја новата екипа за 2020 година. Завршил четврти на хронометарот на Европското друмско првенство, и деветти на хронометарот во Светското друмско првенство. По ова, Даусет настапил на Џиро д’Италија и ја освоил осмата етапа од шестчлено бегство, напаѓајќи од групата на 18 километри до целта. Во ноември го продолжил неговиот договор со за уште две години. Во 2021 година, Даусет се обидел да го сруши часовниот рекорд и завршил 54,555 километри, трет најдобар резултат во поновата историја на часовниот рекорд.

Во август 2022 година, Даусет објавил дека ќе се повлече од професионалниот велосипедизам на крајот на сезоната.

Личен живот

Даусет страда од хемофилија. Во интервју дадено во јули 2013, Даусет ја навел својата медицинска состојба како причина за изборот на велосипедизмот во неговата младост од другите спортови, бидејќи останатите спортови како фудбал или рагби биле сметани за преризични. Се верува дека е единствениот професионален спортист со ваква состојба. Како последица на тоа имал специјален исклучок од правилото на Меѓународниот велосипедистички сојуз без игли, воведено во 2011 година, за да внесува белковина фактор VIII на секои 48 часа. Даусет води добротворна фондација „Литл Блидерс“ (Little Bleeders) за зголемување на свесноста од хемофилија.

Достигнувања

2005 1. 20п Национално јуниорско хронометарско првенство 1. 20п Краен пласман Трка околу Велс за јуниори 1. 20п Планински пласман 2006 1. 20п Европско јуниорско велодромско првенство - екипна потера 1. 20п Национално јуниорско хронометарско првенство 3. Краен пласман Трка околу Велс за јуниори 1. 20п Планински пласман 2007 6. Класик Рутланд-Мелтон 2008 Национални друмски првенства под 23 години 1. 20п Хронометар 4. Друмска трка 1. Пролог (ТТТ) Тур Алзас 2009 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 1. Ричмонд Гран При 7. Светско хронометарско првенство под 23 години 2010 1. 20п Европско хронометарско првенство под 23 години 1. Хроно де насионс за млади 1. Етапа 5 Велосипедски класик Каскад 2. 15п Комонвелтски игри - хронометар 8. Трка Батенкил 2011 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. Лондон Ноктурн 1. Етапа 8a (ITT) Трка околу Британија 2. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант 1. Етапа 5 3. Хроно де насионс 5. Краен пласман Трка околу Данска 6. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур 2012 Национални друмски првенства 1. 20п Хронометар 2. Друмска трка 2. Дуо Норманд (со Лук Роу) 8. Светски хронометарски првенства UCI 2013 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. Етапа 8 (ITT) Џиро д’Италија 2. Лондон Ноктурн 2014 1. 15п Комонвелтски игри - хронометар 1. Етапа 3 (ITT) Сиркут де ла Сарт 2. 15п Национално велодромско првенство - медисон (со Џо Холт) 3. Национално хронометарско првенство 7. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант 8. Краен пласман Трка околу Британија 2015 Светски часовен рекорд: 52,937 км 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. 20п Краен пласман Трка околу Баварија 1. Етапа 4 (ITT) 3. 15п Светско првенство во екипен хронометар 2016 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. Етапа 7 (ITT) Трка околу Полска 6. Светско првенство во екипен хронометар 2017 1. Етапа 2б (ITT) Сиркут де ла Сарт 2. Национално хронометарско првенство 10. Краен пласман Трка Дубаи 2018 3. Национално хронометарско првенство 5. Европско хронометарско првенство 2019 Национални друмски првенства 1. 20п Хронометар 4. Друмска трка 5. Светско хронометарско првенство 5. Европско хронометарско првенство 10. Краен пласман ЗЛМ Тур 2020 1. Етапа 8 Џиро д’Италија 4. Европско хронометарско првенство 9. Светско хронометарско првенство 2021 1. Етапа 1b (TTT) Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 20п Џиро 147 — — — — 120 — 120 СО 134 20п Тур — — СО — — — 151 — — — 20п Вуелта style="color:#4d4d4d;" colspan=10

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на првенства

Настан 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 20п Светски првенства Друмска трка СО — — СО — — — — — — Хронометар 8 41 20 17 12 — 29 5 9 — Екипен хронометар 9 — 6 3 6 6 11 colspan="3" Мешан екипен хронометар colspan="7" — 5 20px Европски првенства Хронометар colspan="4" rowspan="2" — —554 — Друмска трка — — — СО СО —

— = не учествувал; СО = се откажал; НСО = не се одржала

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Англиски велосипедисти Категорија:Британски велосипедисти Категорија:Живи луѓе Категорија:Британски етапни победници на Џиро д’Италија