мини|десно|180п|Турбето на Исхак-бег Турбе на Исхак-бег — турбе во Скопје коешто се наоѓа во непосредна близина на Саат-кулата, во близина на Султан-муратовата џамија. Во турбето е погребан вториот отомански управител на Скопје — Исхак-бег. Денес, објектот е обновен, а од првобитниот објект се сочувани само некои делови, меѓу кои и гробот на Исхак-бег. Турбето има статус на заштитено културно добро.Турбе на Исхак-бег, Скопско наследство.
Историја Се претпоставува дека турбето било изградено во средината на 15. век, а најверојатно било урнато со силниот земјотрес во 1555 и со пожарот во градот во 1689 година. Објектот бил изграден по завет на вториот управител на Скопје, Исхак-бег, којшто бил погребан во него по својата смрт. Во завештанието на Исхак-бег, меѓудругото, била вклучена и изградбата на Исхак-беговата џамија, којашто е сместена во околината. Денес, од турбето делумно се сочувани деловите на основата, заедно со гробот на Исхак-бег.
Архитектура По својот облик, турбето претставувало градба со шестаголна основа, изградена од доста добро изработени заштитни камени блокови. Познато е дека било изградено во духот на исламската архитектура, но не е познато дали станувало збор за отворено или затворено турбе.
Галерија на слики
Поврзано Исхак-бег; Исхак-бегова џамија; Стара скопска чаршија.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Стара скопска чаршија Категорија:Знаменитости во Скопје Категорија:Турбиња во Македонија Исхак-бег