Империја е форма на општествено уредување. Зборот „империја“ потекнува од латинскиот збор „imperium“ и значи „моќ, авторитет“. Политички, империја е поголема група на држави или народи обединети и управувани или од монарх (император) или олигархија.

Покрај основното значење на зборот, „империја“ може да се користи да се означи голем бизниз или компанија или политичка организација на или национално, меѓународно или градско ниво.

Империјална политичка структура е основана и одржувана на два начина: (1) како „територијална империја“ на директно освојување и контрола со „сила“ (директно физичко дејствување за да се остварат замислите на императорот), и (2) „хомогена империја“ на индиректно освојување и контрола со „сила“. Првото е проследено со поголема политичка контрола, но не е ограничено во поглед на понатамошно проширување. Второто е обратно во поглед на првиот начин на управување на империјата.Ross Hassig, Mexico and the Spanish Conquest (1994), pp. 23–24, ISBN 0-582-06829-0 (pbk) Територијалните империи тежнеат да имаат континуирана територија.

Поврзано Империјализам Колонија Кралство Царство Список на империи

Наводи

Литература Gilpin, Robert War and Change in World Politics pp. 110–116

Written for the United Nations Research Institute on Development, UNRISD, Geneva.

Надворешни врски Индекс на колонии и поседи Gavrov, Sergey Модернизација на империјата. Социјални и културни аспекти на процесите на модерницирање во Русија ISBN 978-5-354-00915-2

*