Синиша Михајловиќ (; роден на 20 февруари 1969 во Вуковар, СФР Југославија — починал на 16 декември 2022 во Рим, Италија) — поранешен југословенски и српски фудбалски тренер и фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред.

Кариерата ја започнал како лево крило, меѓутоа со преоѓањето во Италија бил прекомандуван во одбраната, каде што играл до крајот на својата играчка кариера. За репрезентациите на СФР Југославија, СР Југославија и Србија и Црна Гора, Михајловиќ одиграл вкупно 63 натпревари и постигнал 10 гола, а учествувал и на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000.

Познат е како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот. Тој и Џузепе Сињори се единствените двајца играчи во Серија А, кои постигнале по три гола на еден натпревар од слободни удари, а исто така го држи рекордот по бројот на постигнати голови од слободен удар во Серија А, заедно со Андреја Пирло (28).Non è più il tempo delle punizioni, archiviostorico.corriere.it, 16 февруари 2007.

По завршувањето на играчката кариера, работел како помошен тренер во Интер до 2008 година, а потоа работел како главен тренер и ги водел екипите: Болоња, Катанија, Фјорентина, српската репрезентација, Сампдорија, Милан, Торино и Спортинг Лисабон.

Биографија Михајловиќ е роден во Вуковар, СР Хрватска, во близина на границата со СР Србија. Тој бил одгледан и израснат во Борово Насеље, во семејство од работничка класа на татко од Босна и мајка хрватица. Самиот тој се идентификува како Србин, но исто така изјавил дека и Хрватска ја смета за својата земја. Неговиот татко Богдан (п. 2011) бил возач на камиони, додека неговата мајка Викторија била работник во фабрика за чевли. Тој има помлад брат, по име Дражен (р. 1973).

Во 2005 година стапил во брак со Аријана Рапачони, поранешна ТВ водителка, со која имаат пет деца: Викторија, Вирџинија, Мирослав, Душан и Николас. Од претходната врска, во 1993 година, тој имал уште еден син, Марко, кого го запознал на почетокот, но од декември 2004 година не го видел повеќе поради крајот на врската со неговата мајка, која се случила пред неговото раѓање. Во октомври 2021 година, Михајловиќ станал дедо откако неговата ќерка Вирџинија родила женско дете. Татко на детето е фудбалерот Алесандро Вољачо, кој моментално игра за Џенова.

За време на хрватската војна, неговиот дом бил уништен од страна на хрватските сили, меѓу кои бил и неговиот најдобар пријател од детството, етнички Хрват, принудувајќи ги неговите родители да побегнат. Неговиот чичко од мајката, ја повикал неговата мајка и ѝ рекол дека треба да остане во Борово, додека нејзиниот сопруг, таткото на Синиша, треба да биде убиен. Кога српската доброволна гарда го презела Борово, тие го уапсиле вујкото и го нашле бројот на Синиша во неговиот адресар; Синиша бил повикан и запрашан дали се роднини - и тој го спасил. Во 2016 година, во едно интервју Михајловиќ рекол дека му простил на својот пријател од детството на состанокот во Загреб пред клучниот натпревар од квалификациите за Евро 2000 помеѓу СР Југославија и Хрватска.

По долготрајната борба со леукемијата, Михајловиќ починал на 16 декември 2022 година во приватната клиника Paidea во Рим, каде ги поминал последните денови од животот. Веднаш по објавувањето на веста за неговата смрт, под прозорецот на болничката соба на клиниката се собрале повеќе новинари, фотографи и навивачи. Исто така, во клиниката пристигнале и поранешниот претседател на Сампдорија, Масимо Фереро, Роберто Манчини, Винченцо Кантаторе од Болоња, Маурицио Манзини од Лацио и претседателот на Федералната антидопинг комисија Џузепе Капуа. Михајловиќ бил погребан на 19 декември во Рим.[ttps://www.rts.rs/page/magazine/ci/story/461/svet-poznatih/5059554/sinisa-mihajlovic-dom-grad-rim-.html#comments Љубав између Синише Михајловића и Рима (пристапено на 18.12.2022)]

Клупска кариера Рана кариера Михајловиќ почнал да игра организиран фудбал во НК Борово, клуб од понизок ранг од неговиот роден град. Тој брзо се обележал како талентирано младо момче, појавувајќи се на југословенскиот интер-републички младински турнир каде што ја претставувал СР Хрватска. Во 1986 година тој бил приклучен во првиот тим на НК Борово. Играјќи во републичката лига на СР Хрватска (третото ниво на југословенскиот фудбал), тој го направил неговото деби за првиот тим на 25 мај 1986 година во Бели Манастир против Шпарта Бели Манастир. Натпреварот завршил 1-1, а токму Михајловиќ бил стрелец за Борово. 17-годишниот играч, исто така, го добил својот прв вкус на професионализам со неговата прва месечна плата од 500 швајцарски франки.Štimac, pobijedit ću te usred Maksimira! ;Globus, јули 2012

Во текот на периодот на Михајловиќ со Борово, поголемите југословенски клубови го следеле неговиот напредок со силен интерес. Кон крајот на 1986 година претставниците на Црвена Ѕвезда предводени од скаутот Куле Ачимовиќ дошле да го гледаат младиот фудбалер во пријателскиот натпревар на Борово против Рад, но одлучија да не го потпишат.Veče sa Ivanom Ivanovićem, Prva TV, December 2011 Потоа, на крајот на пролетта 1987 година, Динамо Загреб (предводен од претседателот на клубот, Иво Врховец и тренерот Чиро Блажевиќ, се чинеле заинтересирани откако станале свесни за талентот на младото момче со топовски удар од нивните младински играчи Звонимир Бобан и Роберт Просинечки кои играле со Михајловиќ за СР Хрватска, за младинскиот тим на интер-републичкиот младински турнир. Асистент тренерот на клубот и тренер на младинскиот тим Јосип Куже го препорачал момчето на неговиот шеф Блажевиќ. Откако ја видел практиката на Михајловиќ, Блажевиќ исто така се согласил во врска со потенцијалот на 18-годишниот играч и го однел со остатокот од првиот тим во Сасари за импровизирано одморање помеѓу двата лигашки натпревари кон крајот на сезоната 1986-1987, дури и му дал шанса да направи настап како замена во дресот на Динамо во пријателскиот натпревар против локалниот клуб Торес Сасари.

Сепак, очигледно интересот не бил обновен повторно, бидејќи тренерот на клубот, Чиро Блажевиќ, не изгледал дека има намера да го следи Михајловиќ по површинскиот интерес, чувствувајќи дека Динамо веќе има играчи за централната позиција во средниот ред, кои се исто толку добри, ако не и подобри, како Харис Шкоро, Марко Млинариќ и Стјепан Девериќ. Очигледно, меѓу работите што Блажевиќ му ги кажал на Михајловиќ биле дека треба да ја потстрижи својата долга коса,Mihajlović: 'Ćiro me potjerao iz Dinama zbog frizure, a Bilića sam molio da me dovede u Hajduk' ;Jutarnji list, 25 April 2012 и да биде подготвен да биде четврта опција за позицијата во средниот ред. Динамо не сакал целосно да се посвети на играчот, нудејќи само договор заснован на стипендии, наместо професионален, а Михајловиќ одлучил да се врати во Борово.

Одлуката да не ја прифати понудата на Динамо скапо го чинела Михајловиќ во кариерата откако тој не бил избран во репрезентацијата на Југославија под 20 години, а селекторот Мирко Јозиќ отворено му кажал дека нема да биде повикан на претстојното Светско првенство за играчи до 20 години во Чиле, освен ако не потпишел со загребскиот клуб.

Војводина Михајловиќ пристигнал во Нови Сад каде потпишал за Војводина во текот на летото 1988 година како еден од играчите што ги добил клубот за време на истиот трансферен прозорец заедно со: талентираниот 19-годишен дефанзивен играч од средниот ред Славиша Јокановиќ, како и 24-годишните дефанзивци Будимир Вујачиќ и Мирослав Тањга.

Играјќи заедно со искусните ветерани во југословенската лига како напаѓачот Милош Шестиќ и голманот Чедо Марас, сите четири нови аквизиции направиле значителен придонес во тимот, предводен од новодојдениот тренер Љупко Петровиќ Војводина одиграла невероватна сезона и ја освојува титулата во југословенската лига пред клубовите од големата четворка. Младиот Михајловиќ веднаш го зграпчил местото во средниот ред, се појавува во 31 лигашки натпревар, постигнувајќи 4 гола.

Следната сезона 1989-1990 година, Војводина се натпреварувала во Европскиот куп на шампиони само вторпат во историјата на клубот. Иако повеќето клучни играчи од претходната сезона во лигата останале во Војводина, клубот не успеал да ја прескокне првата пречка против унгарскиот шампион Хонвед Будимшешта. Првиот натпревар во Будимпешта го загубиле со 1-0, навидум пристоен резултат, меѓутоа исклучително разочарувачки ако се има предвид фактот дека Хонвед играл со 10 играчи од 15-тата минута. Во реваншот на домашен терен пред полупразен стадион работите станале многу подобри за Војводина кога клубот повел со 2-0 (вклучувајќи го и бизарниот погодок за отворање на резултатот на Михајловиќ, кој по корнерот на Шестиќ со рака ја сместил топката во голот), но сепак подоцна во истиот натпревар Драган Гачеша си постигнал автогол и со тоа ги уништил надежите на Војводина да мине понатаму.Vojvodina-Honved 2:1;European Cup, 27 September 1989

Црвена Ѕвезда На 10 декември 1990, 21-годишниот Михајловиќ потпишал четиригодишен договор со Црвена Ѕвезда во трансфер вреден 1 милион германски марки кој црвено-белите и ги платиле на Војводина.

Пристигнувајќи во клубот кој бил предводен од неговиот поранешен ментор од Војводина, Љупко Петровиќ, Михајловиќ бил донесен за да создаде силно присуство на левата страна во средниот ред, како и да донесе голови од прекини (слободни удари, пенали, корнери итн.). Приклучувајќи му се на тимот полн со неколку ѕвезди, како што се: Дејан Савичевиќ, Роберт Просинечки, Владимир Југовиќ, Дарко Панчев и Миодраг Белодедиќ. Михајловиќ се вклопил многу добро од самиот почеток и имал 14 настапи во лигата, но неговиот незаборавен момент дошол во полуфиналето на Европскиот куп 1990-1991 во реваншот против Бајерн Минхен: во натпревар во кој бил избран за Играч на натпреварот, Михајловиќ ги постигнал двата гола за црвено-белите - првиот од слободен удар, како и драматичниот победнички гол во судиското продолжение по ударот што бил блокиран од Клаус Аугенталер. Во финалето на Купот на шампионите 1991, Црвена Ѕвезда го поразила Олимпик Марсеј на пенали, по ремито 0-0 по 120 минути, при што Михајловиќ бил еден од изведувачите кои погодиле.

Една година подоцна, Михајловиќ исто така бил во тимот на Црвена Ѕвезда кој го освоил Интерконтиненталниот куп, победувајќи го Коло Коло со 3–0. Втората сезона во клубот ја завршил со 24 настапи и 8 гола во лигата, помагајќи им на црвено-белите да освојат уште една титула во југословенското првенство. Вкупно за Црвена Ѕвезда одиграл 58 натпревари во кои постигнал 15 голови.

Рома Во летото 1992 година, Јувентус бил заинтересиран за купување на Михајловиќ, но сепак тој одлучил да се пресели во Рома, каде што дошол по иницијатива на својот сонародник тренерот Вујадин Бошков, исто така, ново дојденец на Олимпико, од Сампдорија која ја предводел до финалето на Европскиот куп на шампиони само неколку месеци порано. Надоместокот за трансферот кој Рома и го платила на Црвена Ѕвезда за Михајловиќ, изнесувал 8,5 милијарди италијански лири.Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012, Vol. 9 (1992-1993), Panini, 2 јули 2012, p. 10