À Tout le Monde е сингл на Мегадет од нивниот шести студиски албум Youthanasia, издаден во февруари 1995 г. преку Капитол Рекордс. Во 2007 песната била преработена и реиздадена под насловот „À Tout le Monde (Set Me Free)“. Новата верзија се нашла на албумот United Abominations, а била препеана во соработка со Кристија Скабија од италијанскиот хеви метал бенд Лакуна Коил. мини|десно|Омотот на синглот од 2007 година Музика и текст Видео записот за песната „À Tout le Monde“ бил забранет од страна на музичкиот канал MTV, бидејќи според нив поттикнувал на самоубиство. Во едно интервју од 1994, предводникот на Мегадет, Дејв Мастејн, изјавил:
И преснимената верзија на песната, заедно со спотот не биле пуштени во етерот, бидејќи според Ем-Ти-Ви: „забраната сѐ уште важела“.
Наслов À Tout le Monde на француски значи „до цел свет“, „до сите“. Рефренот на песната е „à tout le monde, à tous mes amis, je vous aime, je dois partir“, што во превод на македонски би било: „До секој, до сите мои другари, ве сакам, но морам да заминам“. Првичниот наслов на песната немал акцент врз почетното „à“ ниту во насловот, ниту во книшката од албумот. Оваа ситна грешка била исправена на изданието од 2007 година.
Преработената верзија Новото издание на песната излегло под насловот „"À Tout le Monde (Set Me Free)“, кое воедно било дует со Кристина Скабија, вокал на италијанскиот хеви метал бенд Лакуна Коил. Гитарите свиреле по стандардните скали, за разлика од постарата верзија. Втората разлика е што новата снимка била во малку побрзо темпо, а изведбата на Глен Дровер била технички подобра од онаа на Марти Фридман.United Abominations liner notes
Нумерата „À Tout le Monde (Set Me Free)“ била издадена како прв сингл од албумот United Abominations, а бил направен и спот за нејзина промоција. Насловот бил променет само како оваа верзија би се разликувала од старата, иако на некои изданија насловот останал непроменет. Исто така новиот наслов бил со акцентирано „à“.
Поврзаност со убиствата во колеџот Довсон Во септември 2006 година се случил инцидент во колеџот Довсон, каде еден од тамошните асистенти извршил оружен напад врз студентите. При огнената престрелка имало една погината жртва и 19-мина ранети, за на крајот самиот извршител на акцијата да се самоубие. Неговото име е Кимвер Гил, кој имал свој блог посветен на готската субкултура. На денот на самиот масакр, оставил порака дека ја преслушувал песната „À Tout le Monde“. Еве што изјавил Мастејн по тој повод:
Список на песни Изданието во САД
Холандското издание
Музички персонал Youthanasia: Дејв Мастејн - вокал и гитара Марти Фридмен - гитара Дејвид Елефсон - бас гитара Ник Менза - тапани, перкусија
United Abominations: Дејв Мастејн - вокал и гитара Глен Дровер - гитара Џејмс Ломензо - бас гитара Шон Дровер - тапани, перкусија Кристија Скабија - вокал (гостин на песната)
Наводи
Надворешни врски Текстот на песната Спотот за À Tout le Monde на YouTube
Поврзано Мегадет Youthanasia United Abominations
Категорија:Песни на Megadeth