Ијан Декстер Станард (; р. ) — поранешен британски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2008-2020 за екипите , и , пред да се повлече откако добил дијагноза на ревматоиден артритис. Сега работи како спортски директор за континенталната екипа .

Кариера Рана кариера

мини|лево|Станард на Париз-Тур 2011

Роден во Челмсфорд, Станард првично се насочил кон друмскиот и велодромскиот велосипедиза, освојувајќи златен медал на хронометарот на Комонвелтските младински игри и злато на екипната потера на Европските велодромски првенства под 23 години, заедно со идниот колега во Скај Герајнт Томас. Станард го имал своето професионално деби во друмскиот велосипедизам во август 2007 придружувајќи му се на како стажант. Во 2008 возел за и бил трет во генералниот пласман на Трката околу Британија возејќи во екипата на Велика Британија. Во 2009 се приклучил во новата екипа и бил избран да вози на Џиро д’Италија на возраст од 21 година. Станард завршил на 160. место на крајот.Le classifiche La Gazzetta dello Sport. 25 јули 2011.

Тим Скај (2010-2020) 2010

Станард се приклучил во новата британска екипа на почетокот на сезоната 2010 и оттогаш бил повеќе насочлен кон класиците и еднодневните трки. Го освоил третото место во смрзнувачки услови на Курне-Брисел-Курне.Ијан Станард: П&О Daily Telegraph 24 јуни 2011. 25 јули 2011.

2011

Скоро и да победел на Гент-Вевелгем 2011, откако побегнал на последното искачување со Петер Саган, Маќеј Боднар (обајцата од ) и Силвен Шаванел () на 34 километри пред целта. Квартетот се одвоил од главната група, а подоцна Станард нападнал и го поминал искачувањето сам. Сепак, на 500 метри пред целта бил поминат од главната група која го достигнала и Том Бонен спринтал за победа. Првата професионална победа ја остварил на Трката околу Австрија 2011, каде победил на етапата 5, кога бил подобар во групата на пет бегалци во спринтот.

мини|upright|лево|Станард на Тур Даун Андер 2013

Станард бил дел од екипата на Велика Британија, која му помогнала на Марк Кевендиш да стигне до победа на друмската трка на Светските друмски првенства UCI 2011, особено во последните метри од трката кога го одржал Кевендиш на чело на групата. Станард е добро познат како еден од најсилните помошници во групата, извозувајќи вкупно 14.713 километри и поминал 93 дена во тркање во 2011 година.

2012

десно|мини|Во 2012 година, Станард бил победник на националното друмско првенство.

Во 2012 година, Станард победил на Лондон Ноктур. Исто така, станал национален друмски првак, победувајќи пред колегата од Скај Алекс Даусет. Станард бил избран да вози во олимпискиот друмски состав за 2012, заедно со Дејвид Милар, Крис Фрум, Бредли Вигинс и Марк Кевендиш. Екипата имала цел да го предводи Кевендиш во спринтерска победа на трката. И покрај најдобрите напори на Станард, екипата на Велика Британија не можела да ја достигне големата група на бегалци во Лондон и златниот медал му припаднал на Александар Винокуров. Станард повторно ја претставувал Британија на Светските друмски првенства UCI 2012 и бил активен во бегството со Ендру Талански во претпоследниот круг, но на крајот завршиле со главната група.

2013

мини|лево|Станард го носел дресот како британски првак, возејќи на Е3 Харелбеке 2013

Станард имал импресивен резултат во смрзнувачките услови на Милано-Санремо 2013, првично возејќи на чело на трката како поддршка на Герајнт Томас, но потоа нападнал со Силвен Шаванел, откако Томас паднал на искачувањето Поџо, но биле достигнати на спустот од група на пет возачи. Станард го направил последниот потег во последните два километар, но бил достигнат од Петер Саган и завршил како шести во спринтот. Станард бил избран да вози на Тур де Франс по првпат во 2013 година и одиграл клучна улога како помошник за Крис Фрум, кој ја освоил трката.

2014

Во 2014 година, Станард победил на трката Омлоп хет Ниувсблад — еден од фландриските класици — откако го претекнал другиот член на бегството Грег ван Авермат. Со тоа, Станард станал првиот британски возач кој ја освоил трката. На Гент-Вевелгем, Станард имал тежок пад во канал покрај патот и бил однесен во болница. Му било пронајдено напукнување на ’рбетниот столб, ставајќи го надвор од тркање во остатокот на сезоната на класиците.

Станард се вратил на трките за настап за Англија на друмската трка на Комонвелтските игри 2014. Сè уште неспремниот Станард се повлекол рано од трката, која се одржала во лизгави врнежливи услови — само 12 возачи завршиле од 140 возачи — и која на крајот била освоена од колегата Герајнт Томас. Станард се обидел уште еднаш да се врати, возејќи за Тим Скај на класикот РајдЛондон-Сари 2014. Станард помогнал неговиот колега Бен Свифт да доспее во групата на победоносните бегалци. Станард бил избран да вози на Трката околу Британија, но го скршил својот зглоб при пад на првата етапа, со што со повреда ја завршил сезоната.

2015

мини|лево|Станард на подиум на Омлоп Хет Ниувсблад 2015, каде ги поразил колегите од Етикс-Квик Степ, Ники Терпстра (лево) и Том Бонен (десно)

Станард се опоравил од повредите за почетокот на сезоната 2015, повторно завршувајќи четврти на Трката околу Катар. На 28 февруари, Станард го освоил Омлоп Хет Ниусблад, одбранувајќи ја титулата од 2014 година. Го поразил Ники Терпстра во спринтот, откако ги поминал завршните 40 километри во група од четворица со колегите на Терпстра () Том Бонен и Стејн Ванденберг и одолевајќи на нападите од Бонен и Терпстра во завршните моменти на трката.

2016

мини|десно|Станард (скроз десно) во водечката група на Париз-Рубе 2016

Во интервју во јануари 2016 година, Станард потврди дека нема да настапи на Омлоп Хет Ниувсблад или Курне-Брисел-Курне во 2016 година, настапувајќи на овие две трки во белгиската класична сезона секоја година од 2010 година и пропуштајќи ја шансата да победи на Омлоп трета година по ред, со цел да се насочи на фламанските класици. Објавил дека неговите подготовки за пролетните класици ќе ги вклучува првите настапи на Волта ао Алгарве и на Париз-Ница. Станард завршил трет на Е3 Харелбеке, водејќи мала група низ целта зад победоносниот двоец Михал Квјатковски и Петер Саган, кои се одвоиле од групата претходно. Исто така завршил на подиум на Париз-Рубе, каде завршил трет во спринтот од петмина, кои возеле заедно по нападот на Станард на секторот со калдрма Кампфен ан Певел. Во 2016 година, Станард бил дел од победничката екипа на Тур де Франс, како главен помошник за Скај на рамните етапи.

Достигнувања

2004 1. 15п Комонвелтски младински игри - хронометар Национални јуниорски друмски првенства 1. 20п Хронометар 3. Друмска трка 2. Париз-Рубе за јуниори 2005 1. 20п Национално јуниорско велодромско првенство - бодовна трка 1. 20п Краен пласман Тур ди По де Во 1. Етапа 3 (ITT) 2006 1. 20п Европско велодромско првенство под 23 години - екипна потера 2007 1. Клејтон Вело Спринг Класик 1. Еди Сунс 1. Милано-Брусето 4. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години 2008 3. Краен пласман Трка околу Британија 2009 1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана интернационале ди Копи е Бартали 2010 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Катар 3. Национално друмско првенство 3. Курне-Брисел-Курне 2011 1. Етапа 5 Трка околу Австрија 4. Национално друмско првенство 4. Париз-Тур 2012 1. 20п Национално друмско првенство 1. Лондон Ноктурн 2013 2. Национално друмско првенство 6. Милано-Санремо 7. Краен пласман Трка околу Британија 8. Краен пласман Трка околу Баварија 9. Дварс дор Вландерен 2014 1. Омлоп хет Ниусблад 4. Краен пласман Трка околу Катар 2015 1. Омлоп хет Ниусблад 1. Етапа 1 (ТТТ) Тур де Романди 3. Национално друмско првенство 4. Краен пласман Трка околу Катар 2016 1. Етапа 3 Трка околу Британија 3. Е3 Харелбеке 3. Париз-Рубе 2017 1. Етапа 4 Хералд Сан Тур 2018 1. Етапа 7 Трка околу Британија 2019 2. Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро160——132——————— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур————135—128161——— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта—СО128111————148—106

Распоред на резултатите на класиците

Монумент 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020Милано-Санремо — СО СО 102 СО6 — СО 57 92 127 — —Трка околу Фландрија 72 — 83 50 57 103 — 57 32 64 СО 76 —Париз-Рубе 88 — СО 36 51 51 — 473 72 СО 82НСОЛиеж-Бастоњ-Лиеж style="color:#4d4d4d;" colspan=13 rowspan=2 Џиро ди Ломбардија Класик 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020Омлоп Хет Ниусблад — 142 103 27 26 3411 — 78 — 26 49Курне-Брисел-Курне — 913 70 80НСО 44 67 — 14 — 45 62Е3 Харелбеке — — 47 — 48 23 СО 263 56 — 90НСОГент-Вевелгем 161 — — 35 70 43 СО СО — 21 90 74 —Дварс дор Вландерен — — 94 25 —9 15 — — — 79 —НСОПариз-Тур — — —4 — — — — 140 — — — —

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Профил на Cycling Base

Категорија:Англиски велосипедисти Категорија:Британски велосипедисти Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Велика Британија Категорија:Британски прваци во велосипедизам