Вториот натпревар во Серија А во сезоната 1996-1997 помеѓу славните италијански фудбалски клубови Милан и Јувентус, бил одигран на Сан Сиро во Милано на 6 април 1997 во рамките на 26-тото коло од првенството. Јувентус го добил овој натпревар како гостин со убедливи 6-1, нанесувајќи му го на својот соперник еден од најтешките порази на негов терен во Серија А, од кога е уведено новото правило за секоја победа да се добиваат по три бода. Интересно е дека ова била најубедливата победа на Јувентус на гостински терен во Серија А во оваа сезона, но не и единствената таква во сезоната бидејќи претходно во Суперкупот на Европа тие со истиот резултат го совладале и францускиот на Паркот на принцовите.
Милан одиграл една разочарувачка сезона во која накрајот завршиле како 11-ти во првенството, а претходно испаднале уште во групната фаза на Лигата на шампионите и во четвртфиналето на Купот на Италија. За разлика од нив Јувентус бил неприкосновен во Серија А и со скор од 17 победи, 14 нерешени и само 3 порази го освоил своето 24-то скудето во клупската историја. Покрај тоа, Јувентус ги освоил и Суперкупот на Европа и Интерконтиненталниот куп. Исто така Јувентус бил во финалето на Лигата на шампионите втора година по ред, но за разлика од претходната овојпат биле поразени од Борусија Дортмунд со 3-1.
Во првиот натпревар во Серија А за сезоната помеѓу овие два тима во есенскиот дел од првенството, Јувентус и Милан одиграле нерешено 0-0 во Торино.
Детали од натпреварот
Милан: GK 1 Себастијано РосиDF 14 Михаел РајзигерDF 29 Пјетро Вјерховод DF 6 Франко БарезиDF 3 Паоло Малдини MF 10 Дејан Савичевиќ MF 8 Марсел Десаи MF 20 Звонимир БобанMF 34 Јеспер Бломквист FW 19 Кристоф Дугари FW 23 Марко СимонеРезерви:GK 27 Анџело ПаготоFW 18 Роберто Баџо DF 2 Мауро Тасоти DF 4 Франческо КокоDF 12 Миодраг Вукотиќ MF 16 Стефано Еранио Тренер: Ариго СакиЈувентус: GK 1 Анџело Перуци DF 5 Серџо Порини DF 2 Чиро ФерараDF 13 Марк Јулиано DF 6 ДимашMF 7 Анџело Ди ЛивиоMF 20 Алесио Такинарди MF 21 Зинедин Зидан MF 18 Владимир ЈуговиќFW 15 Кристијан ВиериFW 9 Ален Бокшиќ Резерви:GK 12 Микеланџело РампуљаFW 16 Никола Аморузо DF 22 Џанлука Песото MF 19 Атилио Ломбардо DF 26 Руди Николето MF 28 Ивано ТротаFW 39 Масимилијано Виери Тренер: Марчело Липи Судии на натпреварот Асистент судија: Четврти судија:Правила на натпреварот 90 минути игра. Можен е секој резултат Седум повикани резерви Три можни замени.
Наводи
Надворешни врски Извештај од натпреварот Головите од натпреварот
Категорија:Дерби Јувентус-Милан 1997 1997