Ален Бокшиќ (роден на 21 јануари 1970, во Макарска) — поранешен хрватски фудбалер, кој настапувал на позицијата напаѓач. Тој бил познат по одличната техника и се смета за еден од најдобрите хрватски фудбалери на сите времиња.
Со Олимпик Марсеј Бокшиќ ја освоил Лигата на шампионите во сезоната 1992-1993 и на крајот на истата година завршил на четвртото место во изборот за Европски фудбалер на годината. Истата година бил прогласен за Хрватски фудбалер на годината. Потоа, тој играл во една од најсилните лиги во светот во тоа време, италијанската Серија А, каде освоил две скудета со во 1997 и со во 2000 година. Тој исто така бил прогласен за еден од најдобрите странски фудбалери во историјата на Серија А од 1980 година наваму.
Иако бил избран во составот на Југославија за Светското првенство 1990 во Италија, сепак тогаш само 20-годишниот Бокшиќ не играл на турнирот, бидејќи селекторот Ивица Осим ги претпочитал поискусните играчи како опции во нападот. По распадот на Југославија и прогласувањето на независност од страна на Хрватска, Бокшиќ станал составен дел на репрезентацијата на Хрватска во 1990-тите години под водството на селекторот Мирослав Блажевиќ. Тој играл за Хрватска на Европското првенство 1996, но поради повреда која ја претрпел само неколку недели пред турнирот отпаднал од составот за Светското првенство 1998 во Франција, на кое коцкестите го освоиле третото место. Сепак, четири години подоцна на 32-годишна возраст, тој играл на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, појавувајќи се во сите три натпревари на својата земја во групната фаза, пред да се повлече од репрезентацијата само една година подоцна во 2003 година.
Технички одлики Бокшиќ бил напаѓач кој го поседувал целиот фудбалски репертоар; тој бил динамичен, физички силен и плоден напаѓач, кој бил познат по својата техника, вештина, креативност, движење, моќ, издржливост и темпо, што му овозможувало да ја отвори противничката одбрана и да создаде простор за неговите соиграчи да можат да се уфрлат во нападот. И покрај неговите квалитети, тој еден период се нашол на критика на италијанските медиуми за неговиот повремен недостаток на точност пред противничките голови за време на своето време во Серија А. Исто така, бил доста склон кон повреди.
Кариера Хајдук Сплит Бокшиќ е роден во Макарска и ја започнал својата кариера во клубот Змај од Макарска. Како млад, тој се преселил во Хајдук Сплит, за кого дебитирал во 1987 година. Тој освоил еден Куп на Југославија со сплитските бели во 1991 година, постигнувајќи го единствениот гол во финалето против Црвена Ѕвезда. Вкупно за Хајдук, Бокшиќ одиграл 111 натпревари и постигнал 30 голови.
Кан и Олимпик Марсеј Тој се преселил во францускиот Кан пред почетокот на сезоната 1991-1992, но бил оневозможен од повреди да ги покаже својте квалитети и одиграл само еден натпревар за целата сезона.
Во летото 1992 година, Бокшиќ потпишал за Олимпик Марсеј. Во неговата прва сезона тој уживал голем успех со клубот: Бокшиќ бил најдобар стрелец во француското првенство со 23 постигнати гола, придонесувајќи за освојување на првенствената титула, но најголемиот успех бил освојувањето на титулата во Лигата на шампионите победувајќи го со 1-0 во финалето одиграно во Минхен. Одличната сезона му донела сериозна кандидатура за добивање на Златната топка во 1993 година: завршувајќи на крајот како четврти, само зад Роберто Баџо, Денис Бергкамп и Ерик Кантона.
Во сезоната 1993-1994, тој одиграл уште 12 натпревари во лигата за Марсеј до ноември 1993 година, кога го напуштил клубот. Неговото заминување било во пресрет на еден од најголемите клупски скандали во историјата на фудбалот. Во 1994 година, поради финансиски нерегуларности и скандал со наместен натпревар во кој бил вклучен тогашниот претседател на Олимпик Марсеј, Бернар Тапије, клубот бил административно исфрлен во втората лига на Франција и му била одземена титулата во француското првенство за сезоната 1992-1993.
Лацио Во декември 1993, Бокшиќ потпишал за италијанскиот , во трансфер вреден 15 милјарди италијански лири. Своето деби во Серија А го имал против на 7 ноември. Во неговата прва полусезона со Лацио, Бокшиќ одиграл 21 натпревар и постигнал 4 гола, помагајќи му на Лацио да заврши на четвртото место во лигата.
Во сезоната 1994-1995, под водството на тренерот Зденек Земан, Бокшиќ одиграл важна улога во остварувањето на најдобриот клупски резултат на лацијалите во Серија А уште од 1974 година. Тие завршиле на второто место зад , а Бокшиќ постигнал 9 гола во текот на оваа сезона и бил дел од напаѓачкото трио кое го сочинувале тој, Џузепе Сињори и Пјерлујџи Казираги; сите заедно тие постигнале 38 гола во Серија А.
И покрај тоа што оставил добар впечаток, Бокшиќ во својте први три години во Италија во дресот на Лацио не го потврдил чувството за гол кое го покажал во Франција, постигнувајќи многу помалку голови - само 19 за три години.
Јувентус Во 1996 тој преминал во за 14 милијарди лири. Под водството на Марчело Липи, Бокшиќ успеал да освои три титули со бјанконерите во сезоната 1996-1997: Интерконтиненталниот куп, Суперкупот на УЕФА и првото скудето. Клубот, исто така, стигнал и до финалето на Лигата на шампионите, што било второ за Бокшиќ во кариерата, но таму загубиле од Борусија Дортмунд; тој го започнал натпреварот како партнер во нападот на Кристијан Виери и играл до 88-мата минута, а исто така забележал и асистенција за единствениот гол на Јувентус во финалето кој го постигнал Алесандро Дел Пјеро. Бокшиќ постигнал 3 гола на патот до титулата во Серија А, од кој најважен бил оној за минимална победа (0-1) на гостувањето кај во 28-мото коло од првенството. Вкупно хрватот постигнал 7 гола во дресот на Јувентус, и не успеал да ја импресионира околината на клубот, меѓудругото и поради бројните здравствени и физички проблеми.
Враќање во Лацио Во 1997 година, Бокшиќ се вратил во Лацио, кој сега бил со нов тренер Свен-Јоран Ериксон, во трансфер вреден 25 милјарди лири. Во првата година по враќањето во Рим, тој постигнал 10 голови во Серија А што бил негов рекорд во Италија, но на крајот на сезоната тој претрпел сериозна повреда на коленото, која го принудила да го прескокне и Светското првенство 1998 со својата репрезентација. Иако сезоната 1997-1998, завршила триумфално за Лацио со освојувањето на Купот на Италија, Бокшиќ поради споменатата повреда не бил во можност да игра во финалните натпревари, но со 5 гола бил најдобар стрелец на клубот на патот до титулата.
Во сезоната 1998-1999, Лацио завршил на второто место во лигата и ги освоил Суперкупот на Италија и Купот на победниците на куповите. Сепак, поради физички проблеми, тој бил отсутен во поголемиот дел од првенството, забележувајќи само 6 настапи и 1 гол за целата сезона. Следната сезона Бокшиќ постигнал 4 гола на 19 натпревари во Серија А, помагајќи му на Лацио да го освои своето второ скудето во клупската историја.
Во вториот тригодишен престој во Лацио, тој постигнал вкупно 24 гола, пет повеќе отколку во периодот 1993-1996.
Мидлсбро По седум години во Италија, во 2000 година, Бокшиќ потпишал за англискиот за сума од 2.500.000 фунти. По доаѓањето во Премиер лигата, според некој медиуми тој станал најплатениот играч во англискиот фудбал заработувајќи 63.000 фунти неделно. Тој одиграл три сезони во дресот на Мидлсбро, во кој на 68 натпревари во Премиер лигата постигнал 22 гола.
Својата кариера ја завршил во 2003 година, со вкупно 433 одиграни натпревари и 134 постигнати голови.
Репрезентативна кариера Пред хрватската независност тој бил југословенски државјанин и неколкупати бил повикуван во репрезентацијата на , а меѓу останато тој се нашол во составот на селекторот Ивица Осим за Светското првенство 1990. Сепак, и покрај добиените повици тој никогаш не заиграл за Југославија, првенствено затоа што бил многу млад и селекторот повеќе им верувал на поискусните напаѓачи како Златко Вујовиќ и Дарко Панчев, но има настапи за репрезентацијата под 21 година.
Со тој учествувал на Европското првенство 1996 и Светското првенство 2002; тој бил принуден да го пропушти Светското првенство 1998, на кое хрватите го освоиле третото место, поради повреда со која се здобил непосредно пред почетокот на турнирот. Вкупно за Хрватска, Бокшиќ одиграл 40 натпревари и постигнал 10 гола.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1986-1987 ПЛЈ 1 0 КЈ 0 0 КУ 0 0 - - - 1 0 1987-1988 ПЛЈ 13 2 КЈ 0 0 КПК 0 0 - - - 13 2 1988-1989 ПЛЈ 26 7 КЈ 1 0 - - - - - - 27 7 1989-1990 ПЛЈ 27 12 КЈ 7 1 - - - - - - 34 13 1990-1991 ПЛЈ 29 6 КЈ 7 2 - - - - - - 36 8Вкупно Хајдук Сплит 96 27 15 3 - - - - 111 30 1991-1992 Д1 1 0 КФ 0 0 - - - - - - 1 0 1992-1993 Д1 37 23 КФ 1 0 ЛШ 8 6 - - - 46 29 јул.-ное. 1993 Д1 12 3 КФ 0 0 - - - - - - 12 3Вкупно Марсеј 49 26 1 0 8 6 - - 58 32 ное. 1993-1994 А 21 4 КИ 0 0 КУ 0 0 - - - 21 4 1994-1995 А 23 9 КИ 4 0 КУ 6 2 - - - 33 11 1995-1996 А 23 4 КИ 1 0 КУ 2 0 - - - 26 4 1996-1997 А 22 3 КИ 2 0 ЛШ 8 4 СУ+ИнтК 0+1 0+0 33 7 1997-1998 А 26 10 КИ 6 5 КУ 6 0 - - - 38 15 1998-1999 А 3 0 КИ 0 0 КПК 3 1 СИ 0 0 6 1 1999-2000 А 19 4 КИ 4 3 ЛШ 10 1 СУ 0 0 33 8Вкупно Лацио 115 31 15 8 27 4 - - 157 43 2000-2001 ПЛ 28 12 ФАКуп+ЛК 3+0 0+0 - - - - - - 31 12 2001-2002 ПЛ 22 8 ФАКуп+ЛК 0+1 0+0 - - - - - - 23 8 2002-2003 ПЛ 18 2 ФАКуп+ЛК 1+0 0+0 - - - - - - 19 2Вкупно 68 22 5 0 - - - - 73 22Вкупно во кариера 351 109 38 11 43 14 1 0 433 134
Репрезентативна статистика Фудбалска репрезентација на ХрватскаГод.НастГол199310199440199562199652199772199811199951200041200121200250Вкупно4010
Титули
Клупски Хајдук Сплит Куп на Југославија : 1 1990-1991
Марсеј Лига на шампиони : 1 1992-1993
Јувентус Серија А : 1 1996-1997 Суперкуп на УЕФА : 1 1996 Интерконтинентален куп : 1 1996
Лацио Серија А : 1 1999–2000 Куп на Италија : 2 1997–1998, 1999–2000 Суперкуп на УЕФА : 1 1999 УЕФА Куп на победниците на куповите : 1 1998–1999
Поединечни Најдобар стрелец во француското првенство: 1 1992-1993 (23 гола) Хрватски фудбалер на годината: 1 1993 Onze d'argent: 1 1993 Играч на годината на Мидлсбро: 1 2000-2001
Наводи
Надворешни врски
Ален Бокшиќ на soccerway Ален Бокшиќ на transfermarkt Ален Бокшиќ на espn Ален Бокшиќ на whoscored
Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Хајдук Сплит Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Мидлсбро Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2002 Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1970 година