мини|десно|Карактеристична улица низ чаршијата. { "type": "FeatureCollection", "features": [
"type": "Feature", "properties": { "title": "Стара скопска чаршија", "description": "Старата скопска чаршија во рамките на центарот на Скопје", "marker-symbol": "cross", "marker-size": "small", "marker-color": "FE6F5E" }, "geometry": { "type": "Point", "coordinates": [ 21.436955, 42.000756 ]
] }
Стара скопска чаршија (, во превод „Скопска турска чаршија“; ) — трговски и културно-историски дел во Скопје и една од најголемите знаменитости на градот. Се наоѓа на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Калето до реката Серава.Стара скопска чаршија: За чаршијата , staracarsija.mk. Според административната поделба на градот, просторот на чаршијата се наоѓа на подрачјето на општините Чаир и Центар.
Првите документирани податоци за постоење на трговски центар на местото на денешната чаршија датираат од XII век.Old Bazaaar - Skopje , Macedonia National Tourism Portal. Во време на отоманското владеење со Скопје, местото забрзано прераснало во најголем трговски дел од градот, во кој се наоѓале околу 30 џамии, бројни сараи и анови, како и други турски споменици. Чаршијата претрпела големи штети со земјотресите од 1555 и 1963 година, пожарот во 1689 година, како и двете светски војни, по што неколкупати била обновувана. Но, и покрај претрпените штети, чаршијата претставува единствен споменик на културата во Македонија, во кој се препознава наследството од повеќе култури и цивилизации кои учествувале во нејзиното создавање.„Звуците на чаршијата“ ќе го заживуваат старото градско јадро , Утрински Весник, 13 септември 2010.
Во чаршијата преовладува отоманската архитектура, иако се забележителни и остатоци од византиската, а во последно време се забележува и примената на модернистичката архитектура. Голем број од градбите кои некогаш служеле како преноќевалишта за трговските патници или како амами за намесниците и управителите во градот се пренаменети и служат како простор за одржување на културно-уметнички настани. На просторот на чаршијата и во нејзината околина се останати и неколку џамии, турбиња, две цркви и саат-кула, а во втората половина на XX век биле изградени и зградите кои го сочинуваат Музејот на Македонија и зградата на Музејот на современата уметност. За развитокот на чаршијата низ историјата, нејзината културна вредност и занаетите кои биле застапени на просторот сведочат предметите изложени во Музејот на Старата скопска чаршија, сместен во рамките на Сули ан.
Со Законот за Старата скопска чаршија донесен од страна на Собранието на Република Македонија на 13 октомври 2008, чаршијата била прогласена за културно наследство од особено значење и оттогаш е под трајна заштита на државата.Скопската чаршија доби заслужена заштита, Вечер, 15 октомври 2008. На почетокот од 2010 година, започна да се спроведува петгодишна програма за ревитализација на чаршијата, која има за цел обновување на објектите, поддршка на занаетите, како и постигнување економски и културен развој на просторот на чаршијата.Почнува ревитализацијата на скопската чаршија , Дневник, 17 февруари 2010.
Историја
Ран период Најстарите археолошки пронајдоци пронајдени на Скопското кале посочуваат дека околниот простор бил населен уште 4.000 години п.н.е., додека првите историски податоци наведуваат дека први кои се населиле на просторот биле Пајонците во VI век п.н.е.Стара скопска чаршија: Историјат , sataracarsija.mk.
Со завладувањето на Скупи од страна на Римјаните, започнала изградбата на храмови, бањи и театри, со што градот станал значаен верски и културен центар во Римското Царство, што придонело и за развој на просторот на денешната чаршија.
Во 518 година, Скупи бил разурнат од катастрофален земјотрес, па со доаѓањето на власт на Јустинијан I била изградена нова престолнина која оддалечена од просторот на разурнатиот град.Dragojević Josifovska, „Inscriptions de la Mésie Supérieure (IMS)“, vol. VI, Scupi et la région de Kumanovo, Beograd, 1982. Сепак, за да се заштити населението кое го напуштило градот, тоа се населило на еден рид на којшто императорот Јустинијан го изградил денешното Кале.
Со создавањето на Самоиловото Царство, Скопје добил стратешко, политичко, економско и културно значење, а просторот околу Скопското кале бил утврден со изградба на бедеми, со цел да се сочуваат неговите богатства. Во времето на Цар Самоил, на бедемите била изградена и голема градска порта, подоцна позната како „Порта до водната кула“, која послужила за одбрана од нападите на византискиот цар Василиј II во 1001 година.Историски преглед од најстаро време до пропаста на Самоиловото Царство , Проект „Стара скопска чаршија“.
Среден век Византиска власт По потпаѓањето на Самуиловото Царство под византиска власт во 1018 година, императорот Василиј II го претворил Скопје во седиште на тема и црковно седиште, на чело со епископ кој бил избиран на секои четири години. По смртта на Василиј, неговиот наследник, Роман III Аргир, презел активности за обновување на манастирот „Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник“, кој според грамота од 1300 година на српскиот крал Стефан Урош II Милутин се наоѓал на брегот на реката Серава, на ридот наречен „Виргин“, односно на местото каде денес се наоѓа Султан-муратова џамија и бил еден од најбогатите и најугледни манастири на поголем дел од Балканскиот Полуостров во тоа време.Настанување на чаршијата во XI и XII век , Проект „Стара скопска чаршија“.
Според зачуваната Виргинска грамота од 1277 г., императорот му дал одобрение на манастирот „Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник“ да организира годишен панаѓур на празникот „Воведение на Богородица“ на 21 ноември секоја година, со право да наплаќа одредени давачки заради негово издржување, како и неделен пазар најнапред во секој петок, а подоцна и во вторник. Ваквите настани биле организирани во периодот од 1028 до 1034 година, на просторот на манастирската ливада, која се наоѓала на надворешноста на тогашното скопско подградие Доленград, крај десниот брег на реката Серава, односно на местото на кое денес се наоѓа Бит-пазар. мини|десно|Северната порта на влезот во чаршијата, од која се излегувало на патот кон Цариград Со доаѓањето на власт на династијата Комнинени на почетокот на XII век, градот бил избавен од постојаните воени закани и во овој релативно мирен период бил забележан значителен развој. Развојот бил проследен со изградба на бедеми и одбранбени кули околу Доленград, а биле градени и манастири и цркви. Со изградбата на бедемите, просторот на кој се одржувал панаѓурот се нашол веднаш под нив, покрај северната порта, од која се излегувало на патот кон Цариград. Силниот развој на трговијата придонел за градот да се расчуе како значаен трговски центар, па раширувањето на трговските односи е одбележано и со присуството на панаѓурот и неделниот пазар дури и од страна на дубровничките и венецијанските трговци. Во своето дело „Стара скопска чаршија“, Коста Балабанов наведува дека се појавила неможност трговците да ги продадат донесените производи во еден ден, со што се појавила потребата да преноќат и тие започнале тоа да го прават на манастирската ливада. Меѓутоа, управата на манастирот, која ги наплаќала давачките и управувала со просторот, не дозволувала тој да се користи за подигнување на трајни градби. Поради тоа, некои трговци започнале да се засолнуваат во внатрешната страна од бедемите на Доленград, чии порти навечер се затворале. Со тек на време, започнало постепеното засолнување во внатрешноста од градот, почнувајќи од северната, па сè до јужната порта. Кон крајот на XII век, веќе биле подигнати трајни простории за складирање на стоката, биле воведени давачки за користење на градското земјиште и започнало продавањето на стока од овие простори, не само за време на пазарните денови, туку и надвор од нив, со што практично бил создаден трговски простор кој се развил во денешната чаршија.
Во текот на XIII век, трговскиот простор продолжил да се развива, иако градот повторно бил подложен на воени судири, освојувања и грабежи. Бројот на дуќани започнал да се зголемува, а просторот бил проширен и околу северната порта, внатрешноста на Доленград и околу црквата „Рождество на Пресвета Богородица“.Старата скопска чаршија и Скопје во XIII век, Проект „Стара скопска чаршија“.
И покрај постојаните воени судири, Скопје во тој период го добил својот прв трговски центар, трговско-занаетчиска градба, која во тоа време била една од најголемите и најскапите на Балканот. Оваа градба се наоѓала во јужниот дел од Доленград, крај бедемот покрај кој минувале заштитниот канал со вода и коритата на реките Вардар и Лепенец. Имала 15 издолжени сводови, под кои се наоѓал простор кој зафаќал површина од 1.200 m2. Последните нејзини остатоци биле разрушени во првата половина од XX век, а таа целосно е видлива на гравура од холандскиот графичар Јакобус Хаверин, изработена во 1594 година и објавена во Нирнберг.
Српска власт Во 1282 година, српскиот крал Стефан Урош II Милутин го освоил Скопје, со што градот влегол во составот на Рашка, а подоцна и во рамките на средновековната српска држава. Овој период се одликува со изградбата на многубројни цркви, манастири и дворци во и околу градот. За време на својот престој во Скопје, во 1299 и 1300 г., византискиот пратеник Теодор Метохит забележал дека освен Горенград, постои и Доленград, кој бил заштитен со ѕидини.Чаршијата под власта на средовековните српски владетели 1282-1392 година, Проект „Стара скопска чаршија“.
Како најсветол период од српското владеење се смета времето на царот Стефан Душан, кој во 1345 година го прогласил Скопје за престолнина на својата држава, а веќе следната година бил во него и крунисан за цар. Во негово време, чаршијата не се споменувала како посебен трговски центар, туку градот, општо, се наведува како главно трговско место со развиено занаетчиство, каде што посебна улога имале дубровничките и венецијанските трговци. Според Стојан Новаковиќ и Гедеон Јуришиќ, за време на владеењето на царот Душан дури бил изграден и Куршумли-ан, кој служел како воена касарна. Освен тоа, некои автори сметаат дека на местото на денешната Султан-муратова џамија се наоѓал и Душановиот царски дворец.
По смртта на Стефан Душан, градот бил под српска власт сè до 1392 година, кога Вук Бранковиќ им го предал на Отоманците, со што влегол во рамките на Отоманското Царство.
Отоманско време XV век Со освојувањето на Скопје од страна на отоманските Турци, забрзано започнал да се менува етничкиот состав на населението во градот. Исто така, богатството со коешто располагале месните цркви, манастири, а и самото население преминало во рацете на Турците. Градот бил претворен во воено упориште и во негови рамки започнала изградбата на величествени објекти од сакрален карактер, кои видно ја измениле и архитектурата на градот.Старата скопска чаршија во XV век, Проект „Стара скопска чаршија“.
На просторот на Доленград и средновековната чаршија започнала изградбата на голем број капитални и сакрални објекти, кои се јавиле како неопходни да ги задоволат потребите на нараснатото муслиманско население. Така, на темелите на тогашните цркви започнала изградбата на џамии, а наскоро започнале да се градат и разни други објекти од стопански карактер. Уште во првите декади на XV век, освојувачот на градот, Паша Јигит-бег, на местото на коешто тогаш се наоѓала црквата „Св. Врачи“ ја изградил Јигит-пашината џамија.