Келн (, келнски: Kölle) — германски четврти најголем град (по Берлин, Хамбург и Минхен) и е најголем град, како во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, така и во рамките на метрополитенската област Рајна-Рур, една од главните европски метрополитенски области со повеќе од десет милиони жители.

Келн се наоѓа на двете страни на реката Рајна. Познатата градска Келнска катедрала (Kölner Dom) — седиште на католичкиот Келнски архиепископ. Келнскиот универзитет (Universität zu Köln) — еден од најстарите европски универзитети.

Келн е еден од главните културни центри во Рајнската Област и има динамична уметничка сцена. Келн е дом на повеќе од 30 музеи и стотици галерии. Изложби се движат од локални римски археолошки наоѓалишта до современа графика и скулптури. Келнскиот саем е домаќин на голем број саеми, како што се Арт Келн, Им Келн Меѓународен саем за мебел и Фотокина. Келн, исто така, е добро познат по неговите прослави по повод келнскиот карневал, годишниот реге-фестивал Сумерјам и келнскиот геј-прајд.

Историја

Римски Келн

Првата урбана населба на земјиштето на она што е центар на Келн денес бил Oppidum Ubiorum (Опидум Убиорум), која била во 38 година п.н.е. од страна на Убии, германско племе. Во 50 година н.е., Римјаните го основале Колонија (Colonia) на реката Рајна и градот станал покраински центар на Долна Германија во 85 година од наша ера. Градот бил наречен „Colonia Claudia Ara Agrippinensis“ (Колонија Клаудија Ара Агрипиненсис) во 50 година Значителни римски остатоци може да се најдат во денешниот Келн, особено во близина на пристанишната област, каде било откриено значајно откритие на 1900 години стариот римски брод на крајот на 2007 година.. Од 260 до 271 Келн бил главен град на Галското царство под власт на Постум, Марија и Викторин. Во 310 под власта на Константин бил изграден мост преку Рајна во Келн. Царските намесници на Рим живееле во градот и тој станал еден од најважните трговски и производствени центри во Римското Царство северно од Алпите.

Матернус, кој бил избран за епископ во 313, бил првиот познат епископ на Келн. Градот бил главен град на римската провинција до окупацијата од страна на Франките во 459 година. Во 785, Келн станал седиште на архиепископијата.

Среден век

За време на Светото Римско Царство во средниот век, келнскиот архиепископ бил еден од седумте избрани принцови и еден од трите црковни избирачи. Архиепископот владее голем временски период, но во 1288 година Зигфрид Втори фон Вестербург бил поразен во Битката кај Воринген и присилен на егзил во Бон.

Локацијата на Келн на реката Рајна е ставена на раскрсница на главните трговски патишта помеѓу Исток и Запад и била основата на растот на Келн. Келн бил членка на Ханзеатската Лига , а станал слободен царски град во 1475. Интересно архиепископот сепак го задржал правото на смртна казна. Така, општинскиот совет (иако во строга политичка спротивност на архиепископот) зависел од него во сите прашања во врска со кривичната правда. Ова го вклучувала тортурата, чија казна единствено била дозволена за предавство на епископски судија, т.н. „Greve“ (грефе). Оваа правна ситуација траела сè до француското освојување на Келн.

Покрај своето економско и политичко значење Келн, исто така, станал одличен центар на средновековното поклонение, кога келнскиот архиепископ Рајналд фон Дасел ги дал моштите на тројцата мудреци на келнската катедрала во 1164 (тие, всушност, биле запленети од Милано). Покрај тројцата мудреци Келн ги задржал моштите на Света Урсула и Свети Алберт Велики.Џозеф П. Хафмен, Семејство, трговија и вера во Лондон И Келн (1998) од 1000 до 1300.

Економските структури на средновековниот и ранонововековниот Келн биле карактеризирани со статусот на град како главно пристаниште и сообраќаен центар на Рајна. Занаетчиството било организирано од страна на самоуправувачките еснафи, од кои некои биле ексклузивни за жени.

thumb|center|400px|Келн околу 1411 Како слободен град Келн бил суверена држава во рамките на Светото римко царство и како таков имал право (и обврска) да ги одржувал своите воени сили. Облечени во црвена униформа овие војници биле добро познати како Rote Funken (Црвени искри). Овие војници биле дел од војската на Светото Римско Царство („Reichskontingent“) и се бореле во војните во 17-от и 18-от век, вклучувајќи ги и војните против револуционерна Франција, кога малите сили биле скоро целосно збришани во борбите. Традицијата на овие војници е зачувана како воено подсмевање од најистакнатата карневалска група во Келн, Црвените искри (Rote Funken).

Слободниот град Келн не смеел да се меша со Келнската архиепископија, која била сопствена држава во рамките на Светото Римско Царство. Од втората половина на 16-от век архиепископите биле одбирани од баварската династија Вителсбах. Поради слободниот статус на Келн, на архиепископите обично не им било дозволено да влезат во градот. Така тие се населиле во Бон, а подоцна во Брил на Рајна. Како членови на влијателно и моќно семејство и поддржувани од нивниот извонреден статус како изборни кнезови, архиепископите на Келн многупати го предизвикувале и се заканувале по слободниот статус на Келн во текот на 17-от и 18-от век, што резултирало со комплицирани работи, кои биле управувани со дипломатски средства и пропаганда, како и од страна на Врховниот суд на Светото Римско Царство.

19-ти и 20 век

Келн го изгубил својот статус на слободен град за време на францускиот период. Според мировниот договор од Линевил (1801) сите територии на Светото Римско Царство на левиот брег на Рајна биле официјално припоени кон Француската Република (која веќе го окупирала Келн во 1798). Така, овој регион подоцна станал дел од царството на Наполеон. Келн бил дел од францускиот департманот Рур (наречен по реката Рур, германски: Rur) со Ахен (Aix-la-Chapelle) како негов главен град. Французите го осовремениле јавниот живот, на пример со воведување на кодексот на Наполеон и остранување на старите елити од власт. Кодексот на Наполеон останал во употреба на левата брег на Рајна до 1900 година, кога единствениот граѓански кодекс (Bürgerliches Gesetzbuch) бил воведен во Германското Царство. Во 1815, на Виенскиот конгрес, Келн бил дел од Кралството Прусија, најпрвин во покраината Јилих-Клеве-Берг, а потоа во Рајнската Покраина.

Постојаната напнатост меѓу римокатоличката Рајнска Област и со големо мнозинство протестантската пруска држава постојано ескалирале, со Келн, кој бил во фокусот на конфликтот. Во 1837 архиепископот на Келн, Клеменс Август фон Дросте-Фишеринг, бил уапсен и затворен на две години по спорот за правниот статус на браковите меѓу протестантите и римокатолиците (Mischehenstreit). Во 1874 за време на Културкампф, архиепископот Паул Мелхерс бил затворен пред да отиде во засолниште во Холандија. Овие конфликти издвоени од католичкото население од Берлин, придонесувајќи за длабоко анти-пруско незадоволство, кое било сè уште значајно по Втората светска војна, кога поранешен градоначалник на Келн, Конрад Аденауер, станал првиот канцелар на Западна Германија.

За време на 19-от и 20-от век, Келн апсорбирал голем број на околни градови и до Првата светска војна веќе се зголемил на 700.000 жители. Индустријализацијата го променила градот и го поттикнала неговиот развој. Возилата и производството на мотори биле особено успешни, иако тешката индустрија била помалку присутна отколку во Рурската област. Катедралата, започната во 1248, напуштена околу 1560, всушност била завршена во 1880 не само како место за обожување, туку исто така и како германски национален споменик, прославувајќи ја новоформираното Германско Царство и континуитетот на германскиот народ уште од средниот век. Некои од овие урбани градби се случиле на сметка на историското наследство на градот со многу рушења (на пример, градските ѕидини или околината околу катедралата), кои понекогаш биле заменувани со денешни згради.

Келн бил одреден како една од тврдините на Германскиот Сојуз.Обединет услужен магазин, декември 1835 Тој се претворил во тешко вооружена тврдина (спротивставувајќи се на француските и белгиските тврдини на Верден и Лиеж) со две утврдени зони опкружувајќи го градот, остатоци кои може да се видат до денес. Воените барања за германската најголема тврдина станале значајна пречка на урбанистичкиот развој, со тврдини, бункери и широки одбранбени скривници целосно опкружувајќи го градот и спречувајќи инвазија; ова резултираше со густо изградена зона во рамките на самиот град.

За време на Првата светска војна Келн бил цел на неколку мали воздушни напади и ги преживеал непријателствата без значителна штета. До 1926 година, Келн бил окупиран од страна на британската армија под условите на примирјето и последователниот Версајски мировен договор.Евакуација на Келн , Тајм (списание), 15 февруари 1926 За разлика од строгите мерки преземени од страна на француските окупациски трупи, Британците постапувале повеќе тактички со месното население. Градоначалник на Келн од 1917 до 1933 и иден канцелар на Западна Германија Конрад Аденауер го признал политичкото влијание на овој пристап, особено дека Британците се спротивставиле на француските планови за постојано сојузничка окупација на Рајнската Област.

Како дел од демилитаризацијата на Рајнската Област утврдувањата морале да бидат уништени. Ова можело да се земе како можност за создавање на два зелена појаса (Grüngürtel) околу градот со претворање на утврдувањата и нивните празни полиња во големи јавни паркови. Меѓутоа, овој проект не бил довршен до 1933 година. Во 1919 Келнскиот универзитет, затворен од Французите во 1798, бил повторно основан. Ова реосновање било сметано за замена за губењето на германскиот универзитет во Стразбур, кој станал дел од Франција, заедно со остатокот на Алзас. Келн успеал во текот на Вајмарската Република (1919–1933) и бил направен напредок особено во однос на јавното однесување, планирање на градот, станбените и социјалните прашања. Проектите за социјални згради биле сметани за успех и понатаму копирани во други германски градови. Поради учеството на Келн во борбата за добивање на Олимпијадата, бил подигнат современ фудбалски стадион на Мингерсдорф. Кога британската окупација завршила, цивилната авијација била дозволена повторно и Аеродром Келн Буцвајлерхоф наскоро станал центар за домашниот и меѓународниот воздушен сообраќај: втор во Германија по Аеродром Берлин-Темпелхоф.

Демократските партии изгубиле на локалните избори во Келн во март 1933 на сметка на НСДАП и други десничарски партии. Потоа комунистичките, како и социјал-демократските членови на градското собрание биле затворени, а градоначалникот Аденауер бил разрешен од новите носители на власта. Меѓутоа, во споредба со другите поголеми градови, нацистите никогаш не добиле одлучувачка поддршла во Келн и бројот на гласови за нацистичката партија за изборите во Рајхстагот бил секогаш под националниот просек. До 1939 населението се искачило на 772.221 жител.

Втора светска војна

thumb|Уништувањето на Келн, 1945 За време на Втората светска војна, Келн бил седиште на воената команда (Militärbereichshauptkommandoquartier) за воениот округ (Wehrkreis) Шест на Минстер. Келн бил под команда на генерал-полковникот Фрајхер Редер фон Дирсбург, кој бил одговорен за воените операции во Бон, Зигбург, Ахен, Јилих, Дирен и Моншау. Келн бил дом на 211-от пешадиски полк и 26-от артилериски полк.