Тахикардија или тахиаритмија е симптом кој претставува покачување на бројот на чукања на срцето (срцева честота) над физиолошките граници. Кај човекот физиолошка граница зависи од животното доба, а кај возрасните луѓе изнесува повеќе од 100 отчукувања во минута.

Покачувањето на срцевата честота може да биде дел од физиолошките појави во телото на човекот. Примери за тоа се тахикардија како последица на засилените метаболитички потреби (на пример физички напор), последица на паѓање на крвниот притисок - рефлексна тахикардија или тахикардија како последица на стимулација на срцето директно на нервите и хормоните на симатичкиот нервен систем (на пример кај психичките напнатости или страв). Тахикардијата може да се појави и поради патолошките процеси на срцето или патолошките процеси кои примарно не го зафаќаат срцето. Тахикардијата може да се подели на: синусна тахикардија; вентрикуларна тахикардија; суправентрикуларна тахикардија.

Дефиниција Тахикардија за различни возрасни групи:Custer JW, Rau RE, eds. Johns Hopkins: The Harriet Lane Handbook. 18th ed. Philadelphia, PA: Mosby Elsevier Inc; 2008. Data also available through еМедицина: педијатри, тахикардија. 1–2 дена: >159 отчукувања во минута (овм) 3–6 дена: >166 овм 1–3 недели: >182 овм 1–2 месеци: >179 овм 3–5 месеци: >186 овм 6–11 месеци: >169 овм 1–2 години: >151 овм 3–4 години: >137 овм 5–7 години: >133 овм 8–11 години: >130 овм 12–15 години: >119 овм >15 години – возрасен: >100 овм

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Симптоми и знаци