Хавана () е главен град на Куба кој со своите 2,5 милиони жители е најголем град во Куба и на Карибите. Хавана се наоѓа на околу 160 км југозападно од Ки Вест на Флорида Киз. Градот Хавана (официјално: "Ciudad de la Habana") е една од покраините на Куба.
Хавана се наоѓа на брегот на Флоридскиот Проток. На островот Куба, овој град е сместен во неговиот северозапад и е опкружен од провинцијата Хавана на југ, исток и запад.
Конквистадорот Диего Веласкес де Куељар ја основал Хавана во 1515 година, на јужниот брег на островот, блиску до денешниот град Сиргидеро де Батабано. Градот Хавана бил преселен на сегашната локација (тогаш позната како Карењас) во 1519 година.
Хавана била првобитно трговско пристаниште, а станала главен град на шпанската колонија Куба во 1607 година, како и главно пристаниште на шпанските колонии во Новиот Свет.
Општини Градот е поделен на 15 општиниhttp://www.one.cu/aec2009/datos/01TERRITORIO.pdf Население по покраини и општини или „околии“, кои потоа се делат на 105 маала наречени „народни совети“ (consejos populares).
Аројо Наранхо Бојерос Гванабакоа Диез де Октубре („10 Октомври“) Которо Лиса Маријанао Плаза де ла Револусион (Плоштад на револуцијата) Плаја Регла Сан Мигел дел Падрон Сентро Хабана Серо Хабана Веха (Стара Хавана) Хабана дел Есте (Источна Хавана)
Хавана како тема во уметноста „Поетот пристига во Хавана“ - циклус песни на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982. „Блек енд вајт“ (руски: Блек энд уаҋт) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 5 јули 1925 година.Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 135-139. „Ла Хабанера“ (шпански: La Habanera) — песна на швајцарската електро-поп група Јело (Yello) од 1987 година.Yello – One Second (пристапено на 9.4.2024) „Хаванска афера“ (англиски: Havana Affair) - песна на американската панк-рок група Рамоунс (Ramones) од 1976 година.Discogs, Ramones – Ramones (пристапено на 26.2.2021)
Надворешни врски
Карта на Хавана Слики на луѓе и места во Хавана Марк Моксон, патописец - Страница за посетата на писателот на Хавана во 2005 година (со фотографии)
Наводи
Категорија:Градови во Куба Хавана Категорија:Покраини во Куба Категорија:Главни градови во Карибите Категорија:Главни градови во Азија Категорија:Населени места основани во 1515 година