Џенифер Лин Лопес () — позната американска глумица, поп-пејачка и танчерка. Родена е на во , од родители со порториканско потекло: Гвадалупе Родригес и Дејвид Лопес. Има две сестри, Линда и Лесли. Посетувала католичко средно училиште каде што почнала да се занимава со спорт, а од 16 години започнала да посетува часови по танцување и пеење. Го напуштила школувањето после еден семестар на колеџ и целосно се посветила на танцувањето.
Нејзин прв позначаен настап како танчерка бил во популарното телевизиско шоу „Во живи бои“ (In Living Color), а нејзин прв познат филмски настап е во филмот „Воз со пари“ (Money Train). Како пејачка се проби во врвот на популарната музика со деби албумот „На 6-ка“ (On the 6) објавен на 1 јуни 1999, како и со вториот албум „Џеј Ло“ (J.Lo).
Почетоци
Џенифер Лопес е родена и израсна во Касл Хил, кварт во Бронкс, Њујорк. Таа е ќерка на Гвадалупе (мом. Родригес), воспитувачка во градинка и Дејвид Лопес, информатичар, и двајцата родени во Понсе, Порторико. Лопес израснала како припадник на Римокатоличката црква. Има две сестри, Линда и Лесли. Целото свое образование го помина во Католички училишта, завршувајќи го Preston средното училиште во Бронкс. Потоа, таа сама се грижеше за плаќањето на нејзините часови по пеење и танцување на возраст од 19 години. По запишувањето на Baruch колеџот, таа го распредели нејзиното време помеѓу работа во правна канцеларија, часови по танцување, и танцови изведби во ноќните клубови на Менхетен. Лопес имаше мала улога во филмот од 1987 година, My little girl. По неколку месечни аудиции за танцови улоги Лопес беше избрана како танчерка на различни рап музички спотови во 1990 година, за Yo!МТВ RAPS, како и бекап танчерка на New Kids on the Block во нивната изведба на песната "Games" за настапот на Американските музички награди во 1991 година. Таа доби своја прва постојана работа како "Fly Girl", танчарка на телевизиската комедија In Living Color во 1990 година. Набргу потоа, Лопес стана бекап танчерка на Џенет Џексон и се појави во нејзиниот спот од 1993 година, "That's the Way Love Goes".
Филм и телевизија
Првото телевизиско деби на Лопес како глумица беше во серија на Fox, South Central. Таа, исто така гостуваше во Second Chances и Hotel Malibu. Потоа се појави во филмот Nurses on the Line: The Crash of Flight 7. Првата сериозна улога на Лопес беше во 1995 година во драмата на Gregory Nava, My family, играјќи ја улогата на младата Марија во 1920-тите. По играњето заедно со Jimmy Smits и Edward James Olmos во My Family, Лопес се појави во акциониот филм Money Train, заедно со Wesley Snipes и Woody Harrelson. Во 1996 година, таа пред другите кандидати (Ashley Judd и Lauren Holly) ја доби споредната улога во комедијата на Francis Ford Coppola, Jack, глумејќи заедно со Робин Вилијамс. Потоа, заедно со Џек Николсон, се појави и во трилерот на Bob Rafelson, Крв и вино.
Првиот голем успех за Лопес дојде во 1997 година, кога беше избрана да ја игра главната улога во Селена, биографски филм за поп-пејачката Селена. И покрај тоа што претходно работеше со Nava на филмот Mi Familia, Лопес беше подложена на поригорозен аудициски процес за да ја добие таа улога. За нејзината глума во филмот доби многубројни награди и пофалби, вклучувајќи ја и номинацијата за Најдобра глумица во мјузикл или комедија на доделувањата на наградите „Златен глобус". Подоцна таа година, Лопес се појави во два значајни филмови. Глумеше во филмот Анаконда заедно со Ice Cube и Jon Voight, играјќи ја улогата на Teri Flores, режисерка која снима документарен филм, додека патува по реката Амазон. И покрај тоа што скромно помина на кино благајните, за учеството и глумата во филмот доби добри оцени од критичарите. Потоа ја доби главната улога во филмот Полукружно свртување, кој е заснован на книгата Stray dogs, во кој се појавува со Sean Penn и Billy Bob Thornton.
Во 1998 година, ја има една од нејзините најценети улоги, глумејќи заедно со Џорџ Клуни, во адаптацијата на Стивен Содерберг на романот Out of sight на Elmore Leonard. Играјќи како заменик федерален маршал кој се вљубува во осуденик, Лопес доби многу позитивни критки и воедно стана и првиот глумец од латинско потекло кој заработил повеќе од 1.000.000 долари за улога во филм. Во истата година, нејзин беше гласот за Azteca во компјутерски — анимираниот филм Antz. Потоа се појави заедно со Vincent D'Onofrio, во психолошкиот трилер Cell. Таа го играше детскиот психолог Catherine Deane, кој ja користи виртуелната реалност за да влезе во главите на своите пациенти и да ги разбуди од кома. Филмот имаше премиера во август 2000 година и успех на благајните искачувајќи сè до првото место. Следната година, Лопес паузираше со глумецството во филмовите, со цел да работи на нејзината музичка кариера
Во 2001 година, се појави заедно со Метју Меконахи во романтичната комедија Wedding Planner. Филмот дебитираше на прво место, правејќи ја првата глумица и пејачка во историјата која истовремено зад себе има филм и албум на прво место на табелите (албумот J.LO беше на прво место во истата таа недела). Нејзината следна улога беше во натприродната романса Angel eyes ( 2001) и во психолошкиот трилер Enough (2002). И двaтa не успеајa кај публиката, а исто така имаа и негативни критики. Таа се појави заедно со Ralph Fiennes во романтичната комедија Maid in Manhattan (2002). Нејзиниот лик, Marisa Ventura е самохрана мајка која живее во Бронкс заработувајќи како чистачка во супер-луксузен хотел на Менхетен, во која се заљубува еден политичар. Maid in Manhattan беше хит на благајните заработувајќи одлично и уште на почетокот се искачи на прво место. New York Times ја спореди приказната од филмот со нејзината песна " Jenny from the Block ", коментирајќи: „Во нејзиниот нов сингл, Jenny from the Block, Џенифер Лопес изјавува дека и покрај нејзиното огромно богатство и светската слава, таа не заборава од каде потекнува." Некои од нејзините филмови за кои доби позитивни критики се An Unfinished Life и Shall We Dance?. Два независни филмови продуцирани од Лопес имаа добри критики на филмските фестивали: El Cantante на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто и филмот Bordertown на Бриселскиот филмски фестивал. Нејзината скромно успешна филмска кариера го вклучува и филмот Monster-in-law (2005). Сепак, Gigli, ќе стане многу познат по тоа што воопшто не направи некоја голема заработка на кино благајните. Во август 2007 година, Лопес соработуваше со нејзиниот сопруг – пејачот и глумец Марк Ентони, за филмот Еl Cantante. Филмот е на англиски јазик, со креативна употреба на преводи за песни со шпанската лирика. Во 2010 година, таа се појави во романтичната комедија Back up plan.
Лопес е една од највисоко платените глумици во Холивуд и најскапо платената глумица со латинско потекло во историјата на Холивуд, иако таа никогаш немала филм кој заработил над 100.000.000 долари во САД. Таа беше во првите десет најплатени глумици на списокот на "Hollywood Reporter" во 2002, 2003, и 2004 година. Лопес доби 15.000.000 долари за нејзината улога во Monster-in-law. Филм кој најмногу заработил на кино благајните во САД е Maid in Manhattan, кој заработи 94.011.225 долари, а нејзин најуспешен филм во однос на заработката на меѓународно ниво е Shall we dance, кој заработи 112.238.000 долари, на благајните ширум светот. Во САД, Shall we dance заработи 57.890.460 долари, што вкупно низ целиот свет би дало сума од 170.128.460 долари. Во 2007 година, Лопес се појави на деветтото место на списокот на списанието Forbes за 20 најбогати жени во шоу бизнисот. Нејзиното богатство беше проценето на 110.000.000 долари во 2007 година. На 27 јануари 2010 година беше најавено дека Лопес ќе гостува во една епизода од серијата How I Met Your Mother како Anita Appleby, автор на книги за само поттикнување кои ги учат жените како да се справат со мажите преку моќта на одбивањето. Откако Робин ќе ја информира Анита за начинот на кој Барни ги третира жените, Анита си поставува за цел да го „скрши“.
Филмографија 1995. Mi Familia Марија Санчес 1995. Money Train Грејс Сантјаго 1996. Jack госпоѓица Маркез 1996. Blood and Wine Габриела „Габи“ 1997. Selena Селена Квинтанила-Перес 1997. Anaconda Тери Флорес 1997. U-Turn Грејс Макена 1998. Out of Sight Карен Сиско 2000. The Cell Кетрин Дин 2001. The Wedding Planner Мери Фиоре 2001. Angel Eyes Шерон Поуг 2002. Enough Слим Хилер 2002. Maid in Manhattan Мариса Вентура 2003. Gigli Рики 2004. Jersey Girl Гертруд Стенли 2004. Shall We Dance? Паулина 2005. Monster-in-Law Чарли 2005. An Unfinished Life Џин Гилкосон 2006. Bordertown Лорен 2006. El Cantante Пучи 2007. Feel the Noise себе 2010. The Back-up Plan Зои 2012. What to Expect When You're Expecting Холи 2013. Parker Лесли Роџерс 2015. The Boy Next Door Клер Петерсон 2015. Lila & Eve Ив 2018. Second Act Маја Варгас 2019. Hustlers Рамона Вега 2022. Marry Me Кет Валдес 2023. Shotgun Wedding Дарси 2023. The Mother Мајката 2024. Atlas Атлас Шипхерд 2024. Unstoppable Џуди Роблес 2025. Kiss of the Spider Woman 2026. Office Romance 2027. The Last Mrs.Parrish
Музичка кариера
1999 — 2001: On the 6 и J. Lo
Деби албумот на Лопес On the 6, кој се однесува на линијата број 6 од метрото на кое таа се возеше, растејќи во Castle Hill, Бронкс, беше објавен на 1 јуни 1999 година и стигна во првите десет на Билборд 200. Албумот се појави на Billboard Hot 100 со синглот број еден, "If you had my love", како и со хитот кој беше во првите десет "Waiting for Tonight". На албумот исто така имаше и песна на шпански јазик, латински ориентираниот дует "No Me Ames" со Марк Ентони (кој подоцна ќе стане нејзин сопруг). Иако "No Me Ames" никогаш не беше пуштен како комерцијален сингл, тој го достигна првото место на U.S. Hot Latin Tracks. На албумот On the 6 гостуваа артисти како: Big Pun и Fat Joe на песната "Feelin' So Good" која имаше умерен успех на Billboard Hot 100. Синглот "Let's get Loud" и ја донесе на Лопес номинацијата за Греми во категоријата "Best Dance Recording" во 2001 година. “Waiting for Tonight” беше номинирана во истата категорија претходната година. "No Me Ames" доби две номинации на Латинските Греми награди во 2000 година – за „Најдобра вокална изведба на поп дуо/група" и „Најдобар спот".
Вториот албум на Лопес, JLo, беше издаден на 23 јануари 2001 година и дебитираше на првото место на Billboard 200. Овој албум беше повеќе урбано ориентиран отколку On the 6. Водечкиот сингл "Love don’t cost a thing", беше нејзин прв сингл кој се најде на прво место во Обединетото Кралство и ја одведе меѓу првите пет на Американската Billboard Hot 100. Потоа следуваше "Play", која ја доведе до нов топ 20 пласман на Billboard Hot 100 и стигна до третото место во Велика Британија. Нејзините следни два синглови беа "I’m real" и "Ain't It Funny", кои брзо го достигаа врвот на топ листите. За да заработи од ова, Лопес побара од The Inc. Recirds (тогаш попознати како Murder Inc.) да направат ремикс од двете песни, во кои беа вклучени рап артистите Ja Rule (за двете) и Caddillac Tah (на ремиксот на "Ain't It Funny"). Двата ремикси стигнаа до број еден на Billboard Hot 100 за неколку недели. Таа го реиздаде J.Lo на нејзиниот триесет и втори роденден со ремиксот на "I’m real", како бонус трака. Исто така, заради претходниот успех на Que Ironia во 2001 година, во Шпанија беше издадена и Si Ya Se Acabó. Истата година Лопес настапи на турнејата на Let's get Loud на концерт во Порторико
2002–06: J to thе L-O!, This Is Me... Then и Rebirth