Баку (; персиски: بادکوبه/Бадкубeх) — главен град на Азербејџан. Се наоѓа на јужниот брег на Апшеронскиот Полуостров. Современото Баку се состои од три дела: Стариот Град (İçəri Şəhər), најнапредниот стопанскиот дел од градот и делот изграден од советските власти. Според пописот од 2012 г., Баку има 3.202.300 жителиBakı şəhəri - Azərbaycan Dövlət Statistika Komitəsi . Околу 3 милиони жители живеат во околната област.
Обликот на градот е правоаголен, а само во најстариот дел од градот, зад ѕидините од тврдината улиците се криви и тесни. Најнапредниот дел од градот се наоѓа јужно од стариот град. Изграден е огромната експлоатација на нафта која започнала пред околу еден век и има интересна уметничка архитектура.
Денес Баку се протега и надвор од ѕидините на стариот град. Овој град е поделен на 11 области: Азизбајов, Бинагади, Гарадах, Нариманов, Насими, Низами, Сабаил, Сабунчу, Катај, Суракани и Јасамал.
Демографија Според проценките од 2007 година во Баку има 2.075.000 жители, а главните етнички групи се: Азери 92,8% (1.925.600) Руси 4% (83.000) Турци 2,1% (43.575) останати 1,1%
Во текот на XX век, етничката структура на градот значително се изменила како последица на нафтениот бум кон крајот на XIX век кој условил голем прилив на населението од околните земји, а потоа во текот на војната со Ерменците со повод на Нагорно-Карабах.
Година Ерменци Азери Грузијци Иранци Евреи Руси Вкупно189719.06040.148 9719.4262.34137.399111.904 190326.15144.257/11.132/56.955155.876191341.68045.9624.07325.0969.69076.288214.672
Географија Градот Баку се наоѓа на западниот брег на Каспиското Море.
Клима Месец Јануари Февруари Март Април Мај Јуни Јули Август Септември Октомври Ноември Декември ГодишноПросек (°C) 3 3 6 11 17 22 25 25 21 16 11 6 13Врнежи (см) 3.6 2.0 2.0 2.0 1.3 0.8 0.3 0.8 2.0 3.3 3.0 3.3 23.9''Извор: Weatherbase
Религија Над 94% од населението на Баку е претено со муслиманска вероисповед. Околу 4% се христијани (припадници на Руската и Грузиската православна црква). Во Баку живеат и Евреи.
Сообраќај
Аеродромот „Хајдар Алиев“ го опслужува Баку, а за време на СССР во Баку е изградено и метро. Моментално тој има две линии со вкупна должина од околу 30,2 км и 21 станица. Останатите видови на јавен превоз слабо функционираат. Превозот најмногу се одвива со минибус, кој како и во другите делови на поранешниот СССР се нарекува маршутка. Тие застануваат и каде и да им мавне патникот покрај патот, а во Баку постојат и некои тролејбуски линии.
Галерија
Наводи
Категорија:Главни градови во Азија Категорија:Главни градови во Европа Категорија:Азербејџан Категорија:Градови во Азербејџан Категорија:Светско наследство во Азербејџан