Пајонски јазик — малку истражениот јазик на античките Пајонци, чие кралство некогаш се простирало северно од Македон и во Дарданија и, во најраните времиња, во југозападна Тракија.
Од класични извори познати ни се неколку пајонски зборови:
monapos, монаипос, див бик тилôн, вид на риба која некогаш живеела во езерото Прасиј папракс, вид на риба која некогаш живеела во езерото Прасиј. Папракас, маш. акуз. мн.
Постојат наоди за ред антропоними (некои само преку пајонските монети), како и за неколку топоними (Билазора, Астибо) и неколку теоними (Дриал, Диал, пајонскиот Дионис), како и следниве:
Понтос, притока на реката Струмица, веројатно од *понктос, мочурлив; Стобои (денешно Градско), име на град, од *стоб (спор. старопруски стабис „карпа“, старословенски стобору, „столб“, староанглиски стапол, „дирек“, старогрчки стобос, „карање, лоши зборови“); Дóберос, друг пајонски град, од *деуб- „длабок“ (спор. литвански дубус, англиски дип); Агриан, име на племе, од *агро- „поле“ (спор. латински агер, грчки агрос).
Класичните извори обично ги сметаат Пајонците за посебен народ, различен од Тракијците и Илирите, со свој етнос и јазик. Атенеј го поврзува пајонскиот со мисискиот јазик, кој и самиот е малку истражен. Доколку ова е точно, тоа би значело дека пајонскиот бил анадолски јазик.
Од друга страна, Пајонците од некои се сметале за потомци на Фригијците, што би значело дека пајонскиот ѝ припаѓа на истата група јазици како и фригискиот.
Современите јазичари се нерешени за класификацијата на пајонскиот јазик, заради екстремната оскудност на материјали за него. Од една страна Вилхелм Томашек и Паул Кретшмер тврдат дека тој им припаѓал на илирските јазици, а од друга страна Димитер Дечев, тврди дека јазикот бил сроден на тракискиот.
Меѓутоа, по сè изгледа дека пајонскиот бил различен и од двата. Тој ја поседува одликата a/o и не изгледа дека е кентумски јазик.
Наводи Francisco Villar, Gli Indoeuropei e le origini dell'Europa, (1997), Il Mulino, ISBN 88-15-05708-0
Категорија:Палеобалкански јазици Категорија:Мртви јазици во Европа Категорија:Јазици изумрени во 4 век