Едмонд Темелко (р. Пустец на 7 јули 1972) — македонски политичар во Албанија, градоначалник на Општина Пустец и јавен активист за правата и културниот идентитет на Македонците во Албанија во областа Мала Преспа.

Темелко е познат по својата политичка и општествена активност поврзана со положбата на македонското малцинство во Албанија, зачувувањето на македонскиот јазик, идентитетот и традиционалните топоними во областа Пустец.

За време на неговото раководење со Општина Пустец биле спроведени повеќе локални инфраструктурни, културни и општествени иницијативи. Меѓу нив се вбројуваат уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец и активности поврзани со црквата „Свети Архангел Михаил“, како дел од зачувувањето на културното и верското наследство на локалното македонско население.

Во јавната дејност Темелко се залагал за употреба и зачувување на македонските имиња на селата и топонимите во областа Пустец, вклучувајќи ги Пустец, Зрноско и други населени места. За својата политичка и општествена активност добил повеќе признанија поврзани со афирмацијата на Македонците во Албанија.

Животопис Основното и средното образование Темелко го завршил во родното место, а дипломирал на Земјоделскиот факултет во Тирана. Покрај политичкиот ангажман, Темелко водел приватен бизнис.

Темелко е оженет и е татко на две деца. Политичка кариера По победата на изборит,е одржани на 18 февруари 2007 година, Темелко станал градоначалник на Општина Пустец во областа Мала Преспа во Албанија. Во претходниот состав на Советот на општина Пустец, тој бил советник. Тој е еден од основачите и претседател на македонската организација „Преспа“ во Република Албанија, која тесно соработува со Светскиот македонски конгрес, ОМО „Илинден“ - ПИРИН, „Виножито“ и други македонски национални организации и партии од Македонија и дијаспората.

Во февруари 2016 година, по налог на Специјалното јавно обвинителство, Темелко бил уапсен од македонската полиција и одведен на сослушување во кривичниот суд, а по повод случајот „Титаник“ во кој Темелко, заедно со уште неколку други лица, бил осомничен за делото злосторничко здружување, според членот 394, и за делото повреда на избирачкото право, според членовите 24 и 159 од Кривичниот законик. Притоа, судот го отфрлил барањето на Специјалното обвинителство за одредување на притвор.Бранко Ѓорѓевски, „Темелко: Видов само кутии и книги, но не и докази“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 2-3. е Тој бил советник

Надворешни врски Едмонд Темелко градоначалник на Мала Преспа, Албанија Телефонско интервју за МР-Радио СКОПЈЕ Интервју за радио Дојче Веле

Наводи

Категорија:Македонци во Албанија Категорија:Луѓе од Пустец Категорија:Родени во 1972 година