Игор Антон Ернандес (; р. ) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2005-2018.
Кариера
Откако станал професионалец во 2005, поголеми достигнување му е победата на шеснаесеттата етапа на Вуелта а Еспања 2006.
Откако ги импресионирал директорите на неговата екипа во 2007, каде освоил етапа на Тур де Романди, Антон набрзо бил одбран како водач на екипата за генералниот пласман на Вуелта а Еспања 2008, каде завршил како осми во генералниот пласман. Годината му започнала добро и во јуни бил втор на Еускал Бициклета. Подоцна истиот месец, Антон ја освоил втората етапа на UCI ProTour трката Тур де Свис. Во генералниот пласман завршил како трет. Во септември на Вуелта а Еспања, Антон бил во најдобрата форма во кариерата и го одржувал темпото на Алберто Контадор и Алехандро Валверде низ планините. Падот на етапата до Алто де Л’Англиру ставил крај на неговите амбиции на Вуелта. Падот предизвикал фрактура на клучната коска и сезоната ја завршил порано.
Сезоната 2009 започнала послабо за Антон. Започнал на Тур де Франс во јули, но потфрлил во однос на резултатите. Тур бил исполнет со лоша среќа за Антон, откако имал најмалку три пада на почетокот на тринеделната трка. Меѓутоа, Антон излегол со добра форма по Тур де Франс и ја освоил единствената победа во сезоната на 2 август, кога победил на Субида а Уркиола.
Во 2010, Антон се покажал како добра возач на класиците, завршувајќи 4. на Флеш Валон и 6. на Лиеж-Бастон-Лиеж. На Вуелта а Еспања, Антон ги освоил етапата 4 и 11, со што ја преземал водечката маичка. Меѓутоа на етапата 14, додека ја носел водечката маичка, Антон доживеал силен пад на спустот и бил приморан да се откаже од трката.
Во 2011, Антон освоил две етапи на Гранд Тур трките. Победил на етапата 14 на Џиро д’Италија и етапата 19 на Вуелта а Еспања, обете со завршници на нагорнина.
Во 2012, Антон бил насочен кон Вуелта а Еспања 2012, каде завршил како 9. во генералниот пласман по импресивните резултати на планините.
Антон му се приклучил на за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа, , се распаднала на крајот на сезоната 2013.
Во мај 2015 година, Антон постигнал победа по четиригодишна суша. Ја освоил планинската прва етапа на Вуелта а Астурија со четиринаесет секунди предност пред Аметс Чурука од . Не го испуштил водството на втората етапа, која била последна етапа на трката. Завршил со водечката група од пет возачи.
Антон се повлекол од тркање по последната етапа на Вуелта а Еспања 2018. Бил поздравуван од публиката на улиците на Мадрид, кога возел на чело на групата некое време. Неколку месеци подоцна, неговата кариера била поздравена од локалниот фудбалски клуб Атлетик Билбао на нивниот стадион пред баскиското дерби против Еибар.
Достигнувања
2006 1. Етапа 16 Вуелта а Еспања 1. Ескалада а Монжуик 2007 7. Краен пласман Тур де Романди 1. Етапа 4 8. Краен пласман Вуелта а Еспања 2008 3. Краен пласман Тур де Свис 1. Етапа 2 2009 1. Субида а Уркиола 2010 Вуелта а Еспања 1. Етапа 4 1. Етапа 11 2. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон 1. Етапа 3 2. Класика Примавера 4. Флеш Валон 6. Лиеж-Бастон-Лиеж 9. Краен пласман Тур де Романди 1. Етапа 5 2011 1. Етапа 14 Џиро д’Италија 1. Етапа 19 Вуелта а Еспања 3. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон 5. Флеш Валон 2012 3. Класика Примавера 9. Краен пласман Вуелта а Еспања 9. Краен пласман Вуелта а Бургос 2013 2. ГП Мигел Индураин 6. Вуелта а Мурсија 8. Флеш Валон 2014 4. Пруеба Вилјафранка де Ордизија 2015 1. Краен пласман Вуелта а Астурија 1. Етапа 1 3. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон 2016 9. ГП ди Лугано 9. Краен пласман Вуелта а Бургос 10. Џиро дел’Емилија 2017 6. Краен пласман Вуелта а Бургос 2017 4. Краен пласман Вуелта а Бургос
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 201820п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро83 — — — — —17 — —37382862СО20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур — —СО —66 — — —23 — — ———20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта —158СО33СО33920 — —СО3544
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Достигнувања на CyclingBase (
Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Баскиски велосипедисти Категорија:Шпански велосипедисти Категорија:Етапни победници на Тур де Свис Категорија:Шпански етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Шпански етапни победници на Џиро д’Италија