Париз-Рубе () — еднодневна професионална велосипедска друмска трка во северна Франција близу границата со Белгија. Од нејзините почетоци во 1896 и до 1967 започнала од Париз, а завршувала во Рубе (оттука произлегува и името); од 1968 започнува од Компјењ (околу 60 километри североисточно од центарот на Париз), додека крајот сè уште е во Рубе. Позната по суровиот терен и калдрмата (коцки),За Париз-Рубе често се вели дека е познат по неговите делови со калдрма, но ова е погрешно, бидејќи деловите се поплочени со гранитни коцки, груби делкани блокови, кои се значајно помазни и побезбедни отколку вистинската калдрма (издигнати округли камчиња често користени во старите градски јадра). таа е една од „монументите“ или класиците во европскиот календар и придонесува со бодови за Светската турнеја. Наречена е: Пеколот на Северот, Недела во пеколот (исто така назив на филм за изданието од 1976 на трката), Кралица на класиците или Велигденска трка (la Pascale). Трката е организирана од медиумската група Amaury Sport Organisation секоја година на почетокот на април.
Првпат возена во 1896, Париз-Рубе е една од најстарите велосипедски трки. Добро е позната по нејзините делови со калдрма преку кои се поминува, па затоа се смета заедно со Трка околу Фландрија и Гент-Вевелгем за еден од класиците со калдрма. Од 1977, победникот на Париз-Рубе добива коцка (дел од калдрмата) како дел од неговата награда. Теренот довел до развој на специјализирани рамки, тркала и гуми. Дупнати гуми и други механички проблеми се чести и често имаат улога во резултатите.
И покрај високата почит која ја ужива помеѓу велосипедистите, некои од нив велат дека ја сметаат за шега поради нејзините тешки услови. Исто така, трката имала неколку контроверзи, кога некои победници на трката биле дисквалификувани од различни причини.
Патеката е одржувана од Les Amis de Paris–Roubaix, група на обожаватели на трката создадена во 1983.
Победници и рекорди Победници по година
Победници по земја
# Земја Победи 1. 17п Белгија57 2. 17п Франција28 3. 17п Италија14 4. 17п Холандија7 5. 17п Швајцарија4 6. 17п Германија2 17п Ирска 17п Австралија 8. 19п Луксембург1 17п Словачка 17п Украина 17п Шведска
Најмногу поединечни победи
4 победи (2) Роже де Влеминк (1972, 1974, 1975, 1977) Том Бонен (2005, 2008, 2009, 2012)
3 победи (7) Октав Лапиз (1909, 1910, 1911) Гастон Ребри (1931, 1934, 1935) Рик ван Лој (1961, 1962, 1965) Еди Меркс (1968, 1970, 1973) Франческо Мозер (1978, 1979, 1980) Јохан Музеув (1996, 2000, 2002) Фабијан Канчелара (2006, 2010, 2013)
2 победи (11) Морис Гарен (1897, 1898) Лисјен Лесна (1901, 1902) Иполит Окутурир (1903, 1904) Шарл Крупелант (1912, 1914) Анри Пелисие (1919, 1921) Жорж Клес (1946, 1947) Рик ван Стенберген (1948, 1952) Шон Кели (1984, 1986) Марк Мадио (1985, 1991) Жилбер Дикло-Ласал (1992, 1993) Франко Балерини (1995, 1998)
Најбрзи изданија
Возач Прос. брзина Година Растојание45,79 км/на час2022257,2 км45,2 км/на час2017257 км45,129 км/на час1964265 км44,190 км/на час2013254,5 км 43,9 км/на час 2016 257,5 км 43,55 км/на час 2018 257 км43,612 км/на час1948246 км43,538 км1960262 км43,522 км/на час1953245 км43,476 км/на час2012257,5 км43,476 км/на час2015254,5 км43,406 км/на час2008260 км43,305 км/на час1996262 км43,105 км/на час1980264 км Рекордот држен од Петер Пост бил поставен на друга патека.
Други рекорди
Најмногу трки завршени од возач – 16, од Рајмонд Импанис (1947-1963) и Сервес Кнавен (1995-2010). – 15, Жилбер Дикло-Ласал. Најстар победник – Жилбер Дикло-Ласал, 38 години и 8 месеци во 1993. Најголема разлика меѓу 1. и 2. место – 5 минути и 21 секунда, кога Еди Меркс го победил Роже де Влеминк во 1970.Voix du Nord, France, 10 април 2004 Најмала разлика меѓу 1. и 2. место – 1 см, помеѓу Еди Планкерт и Стив Бауер во 1990. Најбавна победа – 12 часа и 15 минути, во 1919 кога Анри Пелисие победил на уништените патишта поради Првата светска војна. Најдолго победоносно бегство – 222 км, од Дирк Демол во 1988.
Други трки со калдрма
Париз-Рубе е понекогаш споредувани со други познати трки со калдрма, како Трката околу Фландрија во Белгија. Париз-Рубе е порамен и има потешки делници со коцка, додека Трката околу Фландрија содржи серија на ридови, повеќето со коцки, како Копенберг или Капелмур.
Покрај Париз-Рубе и Трката околу Фландрија, наречени класици на калдрма, други пролетни трки како Омлоп Хет Ниувсблад и Гент-Вевелгем вклучуваат делници со калдрма.
+Победници на Париз-Рубе иТрката околу ФландријаВелосипедист Година 1923 1932 1934 1954 1957 1962 1977 2003 2005 2010 2012 2013
Поврзани настани
Париз-Рубе за младинци или Paris–Roubaix Espoirs се одржува на почетокот на летото.
Париз-Рубе Вело е организирана од Вело Клуб де Рубе секој втор јуни. Им овозможува на аматерите да ја искусат калдрмата, завршните кругови на велодромот и врнежите. Постои избор на три патеки: 120 км со поголемиот дел од делниците со калдрма, 190 км на сите делници со калдрма или сите 261 км. Сите што ќе завршат добиваат мала коцна на мала дрвена плоча.
Белешки
Наводи
Литература
Philippe Bouvet, Pierre Callewaert, Jean-Luc Gatellier, Laget Serge: Paris–Roubaix: A Journey Through Hell (ISBN 1934030090), VeloPress. The inside story of the race, its great riders, its traditions, and its secrets
Надворешни врски
Les Amis de Paris-Roubaix
Категорија:Велосипедски трки во Франција
Категорија:UCI ProTour трки Категорија:Светски ранкинг на UCI Категорија:Светска турнеја на UCI Категорија:Класични велосипедски трки