Фризија или Фрисланд (; ) — покраина во северниот дел на Холандија и дел од поголемата историска област Фризија.

Покраината има 646.000 жители (2010), а нејзин административен центар е градот Леуварден (фриз. Љоуверт) со 91.817 жители.

До 1996 г, името на покраината гласело Friesland според холандскиот правопис, кога покраинскиот совет одлучил да го замени со изворното фризиско име Fryslân. Во 2004 г. решението добило потврда и од владата на Холандија на државно ниво.

Географија Фризија е најголемата покраина во Холандија доколку се вбројат водните површини, а само по земјишна површина е трета. Најголемиот дел е копнен, но покраината има неколку острови: Влиланд, Терсхелинф, Амеланд и Схирмониког, поврзани со копното со траектен сообраќај. Највисока точка во покраината е место на островот Влиланд, со 45 м надморска височина. Има четири национални паркови: Схирмониког, Де Алде Фјанен, Лауерсмер (го дели со Гронинген) и Дрентско-фризиската шума (го дели со Дренте).

Историја Периодот од 400-200 п.н.е. го бележи појавувањето на прафризиската култура, која подоцна се развила во попрепознатлив облик. Во 12 п.н.е. Римјаните ја зазеле Фризија со походот на војсководецот Друз Постариот во Германија. Во VII и VIII век во областа се развило Фризиското Кралство.

На почетокот на средниот век, Фризија се протегала од денешната граница со Белгија до реката Везер во Германија. По припојувањето кон Франкиското царство, Фризија била поделена на три дела, а на почетокот на XI век во западниот дел на областа се појавила нова сила, грофовијата Холандија.

Јазик и стопанство Фризија е единствената покраина во Холандија со свој јазик, западнофризискиот, кој е воедно застапен и во мал дел од соседната покраина Гронинген на исток. Најсродни на него се останатите фризиски јазици што се говорат во Германија: источнофризискиот (сатерски) што се говори во Затерланд и севернофризискиот, застапен во Северна Фризија. Сите тие се во блиско сродство со англискиот јазик.

Стопанството е претежно земјоделско, со познати автохтони раси на домашни животни како што е фризиското говедо и црниот фризиски коњ. Значаен удел во стопанството има и туризмот: главни одредишта се езерата во југозападиот дел на покраината и Ваденското Море на север.

Градови мини|десно|Канал во Леуварден и црквата Св. Бонифациј мини|десно|200п|Фризиско говедо мини|десно|180п|Фризиски коњ Старите градови во Фризија се следниве: ХоландскиЗападнофризискиПрогласенЛеуварденЉоуверт1285 и 1435Снек Снитс1456ЕјстДрилтс1268Слотен Слијат1426Ставорен Старум1118Хинделопен Хилпен1285Воркум Варкум1399Болсвард Боалсерт1425Харлинген Харнс1234Франекер Фрјентсјер1374Докум Докум1298

Најголеми градови Град (фризиско име)Население1Леуварден (Љоуверт)96.5782Драхтен44.5983Снек (Снитс)33.4014Херенфен (Ит Хиаренфиан)28.4975Харлинген (Харнс)15.7296Докум13.1457Франекер (Фрјенцјер)12.9958Јауре (De Јаувер)12.9029Волвега (Волвегија)12.73810Лемер (Де Лемер)10.220 Извор: Fryslân.nl (1 декември 2009), општ. и CBS

Демографија + Население на Фризија низ историјатаИсториски преглед на населението во Фризија (1714-2000) - Tresoar Население во 2010 г. - Централно биро за статистика (CBS) Година Население 1714 1748 1796 1811 1830 1840 1850 1860 1870 1880 1890 1900 Година Население 1910 1920 1930 1940 1950 1960 1970 1982 1990 1999 2010 450п

Периодот од 1880 од 1900 бележи забавен природен прираст. Поради земјоделска криза, 20.000 Фризи се иселиле во САД.Иселување во САД

Уште од доцниот среден век, Фризите биле познати како особено висок народ, меѓу највисоките во индоевропската група. За ова сведочат стиховите во делото „Пеколот“ од италијанскиот хуманист Данте Алигиери, каде опишува еден демон кој е толку висок, што тројца високи Фризи нема да го надминат ако застанат еден врз друг.Алигиери, Данте. „Божествена комедија“, „Пекол“, песна 31, стих 64

Клима

Поврзано Фризија Фризи Фризиски Острови Фризиско Кралство Западнофризиски јазик

Наводи

Надворешни врски „Посетете ја Фризија“ — туристички портал Портал на покраината

Категорија:Покраини во Холандија Категорија:Седумнаесет Покраини Категорија:Земји во Светото Римско Царство