Младеновац е мал град и општина во Србија. Младеновац сочинува една од 17 општини на Град Белград. Според податоците од 2013 година, Младеновац имал население од 23.314 жители.

Име Името на градот потекнува од сопственото име „Младен“, што протолкувано значи „млад човек“, „младост“.

Местоположба Младеновац се наоѓа на 47 км јужно од Белград. Младеновац е дел од Белградскиот округ. Општината има 339 км2 и население од 53.050 жители.

Населени места Општина Младеновац има 22 населени места:

Селски населби: Америќ Белуѓе Белевац Голема Иванча Голема Крсна Влашка Дубона Јагнило Ковачевац Кораќица Мала Врбица Марковац Пружатовац Рабровац Сенаја Црквине Шепшин Приградски населби: Рајковац Меѓулужје Границе Младеновац (село) Градски населби Младеновац

Наводи

Поврзано Белград Србија Општини во Србија

Надворешни врски

Општина Младеновац

Категорија:Општини во Србија Категорија:Градови во Србија