Жолтата чапја (Ardeola ralloides) потекнува од Стариот Свет и гнезди во јужна Европа и Средниот Исток.
Опис Жолтата чапја е мала чапја, долга од 44 до 47 см, од кои 20–23 см се тело, и имаат распон на крилата од 80 до 92 см. Перјата на оваа чапја се жолтеникаво-окер. Стомакот, опашка и крилјата ѝ се бели. Долгите нозе ѝ се жолти, а краткиот дебел клун е зелено-жолт со црн завршеток. Вратот ѝ е многу кус. Лете, возрасните единки имаат долги пердуви на вратот. Кога летаат изгледаат како да се бели, заради бојата на долните пердуви и белите крилја. Младенчињата на жолтата чапја имаат потемни пердуви.
Живеалиште
Жолтата чапја гнезди во слатководни мочуришта и мочурливи низини со трска во Медитеранот и југозападна Азија, Мароко и Етиопија. Таа е птица преселница, па во септември и октомври, лета во Африка, а само некои поединци остануваат да презимуваат во јужниот дел на Медитеранот. Како постојан жител е позната само во Унгарија.
Гнездење Жолтата чапја гнезди секоја година од април до јуни во колонии, заедно со други видови чапји, ибиси и мали корморани. Гнездото од трева и трска го прави на стебла од трска или ниски дрвја. Снесуваат 3-4 јајца кои и двајцата родители ги инкубираат и заеднички се грижат за младенчињата откако ќе се испилат, додека по 45 дена не станат самостојни.
Исхрана Жолтите чапји се најактивни во самракот и тогаш ловат разни инсекти, жаби и мали рипчиња.
thumb|150px|Јајца од жолта чапја
Наводи
Надворешни врски
Ageing and sexing (PDF) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Squacco Heron - Species text in The Atlas of Southern African Birds
Oiseaux Images, call, text, map etc.
Категорија:Птици на Македонија Категорија:Пеликановидни Категорија:Чапји