Зелениот клукајдрвец (Picus viridis) е член на семејството клукајдрвци (Picidae). Има 4 подвидови кои се населени во повеќе делови од Европа и во западна Азија. Сите тие имаат зелени горни делови, побледо жолти долни делови, црвена круна и лента со црвен центар над мустаќите кај машките, а целосно црна кај женските клукајдрвци.

Поголемиот дел од времето зелениот клукајдрвец го поминува во хранење со мравки на земјата и не клука по дрвјата толку често како другите клукајдрвци. Овој клукајдрвец е срамежлива птица, но често привлекува внимание со неговиот гласен повик. Гнездото им се наоѓа во дрвата; се снесуваат 5-6 јајца кои се изнесуваат по 19-20 дена.

Зелениот клукајдрвец го има во Македонија.

Опис

Зелениот клукајдрвец е долг 30-36 см и има распон на крилјата 45-51 см. Двата пола се зелени горе и бледо-жолти долу, со жолт заден дел и црвена круна и тил; лентата над мустаќите има црвен центар кај машките, а темноцрн кај женките клукајдрвци и околу белото око се црни кај двата пола, освен кај P. v. подвид sharpei, каде е темносиво и само машките клукајдрвци имаат црна долна граница кај мустаќите. Младите клукајдрвци се целосно точкести и набраздени; мустаќите им се темни, иако машките млади можат да имаат црвени пердуви околу почетокот на јуни или вообичаено околу јули или август.

Иако зелениот клукајдрвец е срамежлив и претпазлив, најчесто неговите гласни повици, познати како yaffling, се тие кои први привлекуваат внимание. Овој клукајдрвец „чука“ многу ретко (меко и брзо), а често испушта бучен 'клу-клу-клуик' извик додека лета. Звукот претставува гласни серии од 10-18 'клу' коишто стануваат за нијанса побрзи кон крајот и по малку се губи во висината. . Женскиот клукајдрвец испушта помал 'пу-пу-пу-пу-пу-пу'.. Летот им е брановиден, со 3-4 зафати на крилјата следени од кратко едрење кога крилјата се држат покрај телото.

Овој клукајдрвец е поистакнат од сличниот, но помал сив клукајдрвец заради неговите жолтеникави долни делови, и црни линии и „маската“ на лицето. Во Европа, неговот зелен долен и жолт заден дел можат да доведат до негово мешање со сивиот клукајдрвец или дури со женската жолна, иако жолната е помала и повитка со потесни крилја и подолга опашка. Блиску поврзаниот, многу сличен лавилантов клукајдрвец се наоѓа само во северозападна Африка.

Таксономија

Зелениот клукајдрвец е член на редот клукајдрвци Piciformes, од семејството Picidae и родот Picus. Најпрво бил опишан од Carolus Linnaeus во 1758. Научното име му е добиено од грчкиот збоr pikos, што значи 'клукајдрвец', и латинскиот збор viridis, 'зелен'. Има 4 подвидови, со суптилни и најчесто ситни разлики помеѓу нив.

P. v. viridis, во Европа на југ кон Франција, Алпите,северна Југославија и Романија; P. v. karelini, во Италија, југоисточна Европа, Македонија, Бугарија, Мала Азија, северен Иран и југозападен Туркменистан. Има позелен горен дел, образи, и долен дел отколку viridis; P. v. sharpei, во Пиринејскиот Полуостров северно од шпанската страна на западните и централните Пиринеи, има горни делови како karelini но црното на главата му е ограничено до лентата кај мустаќите; црвената лента кај машките има само црна граница; P. v. innominatus, во југозападен и јужен Иран, е како karelini но со речиси бели образи, грло и гради како и подефинирани шари на опашката.

Во едно ново истражување засновано на Митохондриската ДНК, кое истражува подвидови, било предложено секој од овие подвидови да се подели на 3 различни видови : P. viridis (Linnaeus, 1758), P. sharpei (Saunders, 1872) и P. innominatus (Sarudny & Loudon, 1905).

Распространетост и живеалиште

Повеќе од 75% од опсегот на распространетост на зелениот клукајдрвец е во Европа, со исклучок на некои од северните и источните места како Ирска, Гренланд и Макаронезија, а на другите места е широко распространет. Повеќе од половина од европската популација е во Франција, Шпанија и Германија, со доста голем дел и во Португалија, Велика Британија, Шведска, Русија, Хрватска, Романија и Бугарија. Исто така се сретнува и во Азија.

Зелениот клукајдрвец има голем опсег на распространетост и проценет глобален степен на појава на 1-10 милиони квадратни километри, и популација во регионот од 920,000 до 2.9 милиони птици. Популацијата е постојана, така што овој вид клукајдрвец е сметан за помалку загрозен. Овој вид е постојан и единките многу ретко се селат на повеќе од 500 м, и тоа за време на сезоните за парење.

Комбинацијата од стари листопадни дрва за вгнездување и близината на плодни почви со изобилство од мравки, е од големо значење. Ова најчесто го наоѓаат во полуотворените пејзажи со мали шуми, живи огради, расфрлани стари дрва, рабови на шуми и заливни шуми. Прикладна околина за хранење се насадите, овоштарниците и тревниците.

Поведение

Гнездење

Гнездото на зелениот клукајдрвец е големо, но слично со тоа на другите клукајдрвци. Тоа може да биде неколку метри над земјата или на врвот на високо дрво; дабот, буката, врбата и овошните дрва се најпреферираните дрва за гнезда во западна и Средна Европа, и тополите на северот. Дупката може да биде ископана во здраво или изгниено дрво, со влезна дупка од 60 мм x 75 мм. Внатрешната празнина може да биде 150 мм широка и до 400 мм длабока. и најчесто работата околу правење гнездо им припаѓа на машките клукајдрвци кои ја извршуваат во период од 15 до 30 дена. Некои гнезда се употребуваат дури и повеќе од 10 години, но не секогш од истиот пар родители.

Едно гнездо има од 4-6 бели јајца, кои се со димензии 31 x 23 мм и тежат 8.9 g секое, од кои само 7% се изведуваат. Откако последното јајце ќе се снесе, јајцата се инкубирааат околу 19-20 дена од двата родитела кои се менуваат на секои 1.5 до 2.5 часа. Пилињата се голи и неспособни да се грижат за самите себеси по изведувањето, сè додека по 21–24 дена не добијат перја .

Исхрана

Основната храна на зелениот клукајдрвец се мравките од родот Lasius и Formica за кои употребува голем дел од своето време за хранење на земјата, иако лови инсекти исто така и од гранки. Издолжениот, цилиндричен измет на оваа птица многу често се состои целосно од остатоци од мравки. Зелениот клукајдрвец прави сонди во земјата и ги лиже возрасните мравки и нивните ларви, од нивните гнезда во земјата. Клукајдрвецов има јазик кој може да го завиткаат сè до задниот дел од нивната глава, исто така, јадат и мали влекачи.

При истражување на едно гнездо во Романија е откриено дека младите биле хранети со 10 видови мравки. За време на првите 10 дена, младите конзумирале отприлика 15g секое, за време 10-20 дена, 39.5g, и веќе од 20 ден, 49.3g. Седумте млади пилиња конзумирале просечно 1.5 милиони мравки, и какале пред секое напуштање на гнездото.

Клунот на младите им е релативно слаб и го употребуваат за колвање само во меки дрва. За разлика од другите клукајдрвци, јазикот на зелениот клукајдрвец е долг (10 см) и може да го завиткаат околу неговиот череп. Овој клукајдрвец го нема скорбутот како кај останатите клукајдрвци од видот Dendrocopos и како кај црниот клукајдрвец но е најчесто направен од лепливи секрети од зголемените плункови жлезди. Тешко проодливиот снег им го отежнува хранењето на зелените клукајдрвци и може да резултрира со изумрување на голем број од овие клукајдрвци. По ваквиот налет на смрт потребни се добри 10 години за опоравување на популацијата. Гнездата на мравките може да се најдат и под снегот; еден од овие клукајдрвци бил набљудуван копајќи дури 85 см со цел да стигне до гнездо на мравки.

Во културата

'Професорот Јапл', дрвениот книжен карактер во детската анимирана серија од 1974 година Багпус, е заснован на зелениот клукајдрвец. 'Yaffle' бил меѓу многуте англиски народни имиња за зелениот клукајдрвец; другите за име ги употребуваат 'Насмеаниот Бетси', 'Јафингејл','Јапингејл' и 'Џек Икл'. Другите имиња, како дождовна птица, временски петел и влажна птица, ја сугерираат неговата способност да го предвиди доаѓањето на дожд.

Овој клукајдрвец го има на поштенската марка за неколку земји. Зелениот клукајдрвец е поврзан со Клукајдрвската јаболковина, и неговата слика била употребена како реклама на производот.Woodpecker Cider Retrieved 17 November 2011

Наводи

Дополнителна литература

Lees, Antony Clare (2002) The Cult of the Green Bird: the mythology of the green woodpecker. Lancaster: Scotforth Books ISBN 1-904244-13-0 Gorman, Gerard (2004) Woodpeckers of Europe: a study of the European Picidae. Bruce Coleman ISBN 1-872842-05-4

Литература

Ageing and sexing (PDF; 3.8 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze

Категорија:Птици на Македонија Категорија:Клукајдрвци Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј