мини|десно|Бенџамин Бритен во 1960-тите Едвард Бенџамин Бритен, Барон Бритен (; 22 ноември 1913 – 4 декември 1976) — англиски композитор, диригент и пијанист. Бил значаен деец во британската музика на XX век. Напишал музика во многу жанрови, од музика за филм до опера. Меѓу неговите најпознати дела се издвојуваат „Питер Грајмс“ (Peter Grimes, 1945) „Воен реквием“ (War Requiem, 1962) и „Водич низ оркестарот за младите“ (The Young Person's Guide to the Orchestra, 1945).

Роден во Лоустофт, Сафолк како син на стоматолог, Бритен покажува исклучителна надареност уште од рана возраст. Неговото прво јавно изложување е со хорското акапелно дело „Се роди машко дете“ (A Boy Was Born) од 1934 година. Со премиерата на „Питер Грајмс“ во 1945, се стекнува со меѓународно признание и слава . Во наредните девет години, пишува шест опери, станувајќи еден од водечките композитори на опери на XX век.

Бритен се интересира за најразлични форми, создавајќи важни оркестарски, хорски, гласовни (повеќето од нив напишани за неговиот животен партнер, тенорот Питер Пирс), камерни и инструментални, како и музика за филм. Тој покажува огромен интерес во компонирањето на музика за деца и аматерски изведувачи и бил истакнат пијанист и диригент.

Заедно со Пирс и либретистот и продуцент Ерик Крозиер, Бритен го основа Алдебуршкиот музички фестивал и е одговорен за градењето на концерниот дом „Снејп Малтингс“.

Во 1964 г. бил назначен за странски член на Српска академијата на науките и уметностите (САНУ) Биографија на Бенџамин Бритен — САНУ

Наводи

Надворешни врски

Фондација „Бритен-Пирс“ Портал на стогодишнината од раѓањето на Бритен

Категорија:Британски композитори Категорија:Англиски композитори Категорија:Композитори на класична музика од 20 век Категорија:Балетски композитори Категорија:Оперски композитори Категорија:Англиски пијанисти Категорија:Носители на британскиот Орден за заслуги Категорија:Носители на Орденот на Почесните придружници Категорија:Британски барони Категорија:Родени во 1913 година Категорија:Починати во 1976 година Категорија:Луѓе од Сафолк Категорија:Членови на Академијата на убавите уметности Категорија:Членови на Кралската академија на науките и уметностите на Белгија Категорија:Странски членови на Српската академија на науките и уметностите