Обичниот галеб () — вид птица од семејството галеби (Laridae). Го има во Македонија.
Опис Возрасниот обичен галеб личи на трипрстиот галеб. Расте до 43 см и достигнува распон на крилјата од околу 120 см. Тежок е меѓу 300 и 350 гр. Пердувите му се бели, а горната страна на крилјата им е обоена во сиво. Врвовите на крилјата им се црно-бели, додека клунот и нозете, зеленкасто жолти. Младите птици дури во третата година ги добиваат тие бои. Пердувите на мажјаците и женките не се разликуваат. Обичниот галеб може да доживее до 25 години. Огласувањето им звучи како „киеее“ или „киааа“.
Живеалиште Обичните галеби најчесто живеат на бреговите на морињата, а само ретко можат да се видат на бреговите на слатките води. Распространети се во Северна Европа и Средна Европа. Некои обични галеби ја поминуваат зимата покрај вода, или се селат во Јужна Европа сè до брегот на Северна Африка. мини|лево|Штотуку изведено пиле на обичен галеб
Исхрана Обичните галеби се хранат со риби. Покрај рибите, јадат и црви, инсекти, делови од растенија и отпадоци. Како и другите галеби, доѓаат на зелени површини и полиња, и јадат сè што е хранливо.
Размножување
Половата зрелост настапува околу третата година. Времето на размножување кај обичните галеби е од мај до јули. Обичните галеби се вгнездуваат во колонии. Гнездото го прават на сува земја со мала вегетација, за родителите да имаат отворен поглед на околината. Растојанието од гнездо до гнездо е меѓу 5 и 20 метри. Женката најчесто снесува 3 јајца во гнездото направено од растенија. Родителите лежат на јајцата 23 до 28 дена, додека да излезат малите галеби. За време од четири до пет недели од изведувањето, галебите можат да летаат.
Наводи
"National Geographic" Field Guide to the Birds of North America ISBN 0-7922-6877-6 Seabirds, an Identification Guide by Peter Harrison, (1983) ISBN 0-7470-1410-8
Надворешни врски
Обичен галеб: видео, фото и звуци - Интернет-збирка на птици
Категорија:Птици на Македонија Категорија:Галеби Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј